Авторот на текстот, претставник на Пиринска Македонија, ја проследи
древната историја на Македонија и посочи на неправедниот Букурешки договор
со кој Македонија беше поделена меѓу трите балкански држави - Грција, Србија
и Бугарија, македонското прашање стана уште посложено и позаплеткано.
ЗДРУЖЕНИЈА
Прогонетите Македонци од Вардарска и Егејска Македонија, создадоа свои
културно-просветни друштва и ансамбли, а бугарските власти создадоа
Македонски научен институт во Софија со единствена цел - Македонците да се
чувствуваат како Бугари.
По паѓањето на Берлинскиот ѕид, Македонците од Пиринско, создадоа своја
организација - Обединета Македонска Организација ОМО - Илинден која и до ден
денес бугарските власти одбиваат да ја регистрираат во судот. По тоа се
појави ОМО - Илинден - ДД (Демократско движење) која исто не беше
регистрирана; ПИРИН, партија за развиток и интеграција на населението, која
опстојуваше (како регистрирана во судот) само една година и беше забранета.
Сепак, во таа година таа партија се појави на локалните избори и доби две
кметски места во село Лески - Општина Хаџидимово и во село Мосомиште -
Општина Гоце Делчев, каде има и тројца претставници во местните општински
совети (парламенти). Пред осум месеци над 500 ентузијасти формираа нова
партија "ОМО - ПИРИН" која се уште чека регистрација од бугарските судски
власти.

Посета на градскиот музеј во Баутцен

Учесниците на семинарот внимателно ги слушаат
дискутирањата

Двајцата Македонци - учесници на семинарот: Димитар
Србаков и Иринеј Шљупковски
На големобугарска основа беа регистрирани две организации на ВМРО. Таа на
Александар Каракачанов, ВМРО-БНД (Бугарско национално движење), и на проф.
Атанас Попов, ВМРО- БДД (Бугарско демократско движење). Меѓу нив разлики во
идеологиите нема, а проблемот е кој да ги присвои македонските имоти во
Бугарија. Со помош на тие две организации и Македонскиот научен институт во
Софија, се краде македонското културно-историско наследство.
ПРАВА
На Конференцијата - семинар во германскиот град Баутцен, иако добил
покана, не можел да присуствува лидерот на македонското малцинство во
Албанија од Друштвото " Мир", проф. Фетаху, поради проблемите кои му ги
создале албанските власти со издавањето на визата.
На Конференцијата - семинар имаше претставници на малцинствата од Шведска,
Данска, Полска, Австрија, Чешка, Естонија, Литванија, Русија, Словенија,
Бугарија и други европски земји. Сите тие дискутираа за проблемите на
малцинствата по паѓањето на Берлинскиот ѕид и создавањето на нови држави во
Европа.
По разделувањето на Чешка и Словачка, изникнаа проблеми со чешкото
малцинство кое остана во Словачка и со словачкото малцинство кое остана во
Чешка. Сега како малцинства во двете држави тие се борат за создавање на
свои културно-просветни организации, цркви и училишта.
За слични проблеми говореа и универзитетската професорка од градот Талин,
Татјана Бушаува и полковник Николај Соловеј. По распаѓањето на Советскиот
сојуз и одделувањето на Естонија како самостојна држава, Русите останаа таму,
станаа малцинство и имаат проблеми со изучувањето на рускиот јазик во
руските цркви и руските здруженија и организации.
Хрвати и Словенци има во Австрија и тие раскажаа за своите проблеми како
малцинства. Во скандинавските земји има многу малцинства од таканаречените "словенски"
народи кои се населиле таму поради подобрите услови за работа и живот во таа
земја, но сакале да го зачуваат словенското потекло и да добијат право да
создадат културно-просветни и спортски здруженија.
Домаќини на годинешната Конференција - семинар на малцинства во Европа
беа лужичките Срби од градот Баутцен - Германија, кои го прославуваа и 1.000
годишниното опстојување во Германија и 90-годишнина на здружението Татковина.
Лужичките Срби во Германија тврдеа дека се постари од благородните денешните
Срби во Белград. Тие се радуваат на големите права и слободи кои им се
дадени од германските власти. Имаат голем Културно- информативен центар,
народни претставништва во локалната и централната власт (Бундестаг),
училишта и цркви, а улиците во градот Баутцен се со натписи на германски и
лужички (српски) јазик.
Љубезните домаќини приредија одлични услови за спроведувањето на
европската Конференција - семинар, кој го организираа за учесниците, а
организираа и екскурзија низ градот, посета на градскиот музеј, концерти и
еднодневна екскурзија во Германија.