Х
век водеше преговори со Високата Порта, докажувајќи го бугарскиот карактер
на македонскиот народ. На 28 февруари 1870 година беше издаден султански
ферман за создавање бугарска црква, наречена Егзархија. Според овој Устав
велешката епархија влегуваше во границите на новата епархија, додека другите
македонски епархии, по чл. 10 од ферманот, требаше да избираат меѓу
Патријаршијата и Егзархијата преку плебисцит.
Бугарската буржоазија го искористи антипатријаршиското расположение на
македонските маси, кои во новата Егзархија гледаа пред се блиска словенска
црква и ги опфати сите антипатријашисти под името "Бугари" да бараат
приклучување кон бугарската црква. Така, определувањето поголем дел од
македонското население кон Егзархијата кое помина под знакот на избирањето
на помалото зло меѓу две зла, вешто беше искористено од бугарските лидери
кои почнаа да му објаснуваат на светот дека Македонците се Бугари.
Почетокот на големосрпската пропаганда ќе го лоцираме во 1867 година.
Самата нејзина појава ги вознемири бугарските националиситички кругови во
Цариград, а нешто подоцна и бугарската Егзархија, бидејќи тие Македонија ја
сметаа за свое наследство од минатото. Во секој случај, во првата фаза
српската пропаганда не постигна некои повидни резултати, бидејќи истите тие
српски кругови порано тврдеа дека во Македонија живеат "Бугари", за веднаш
потоа да тврдат дека живеат "Срби". Со овој став српската Влада изгледаше
смешна не само во очите на европската дипломатија, туку и кај своите луѓе.
Но, самиот факт што една соседна земја изјавуваше дека населението во
Македонија не е бугарско и во замена докажува дека е српско, доведе до живи
дискусии и полемики во научниот и дипломатскиот свет за потеклото на
Македонците и на некој начин индиректно позитивно се одрази кај македонското
население во разбудувањето на македонската национална свест.
НОВИТЕ...
...политички граници на Балканот, воспоставени по Берлинскиот конгрес во
1878 година имаа значајно влијание и врз Македонија која и натаму остана под
османлиско ропство. Турскиот терор врз македонскиот народ го исползува
големогрчката пропаганда која преку Цариградската патријаршија вршеше голем
притисок за враќање на порано загубените позиции во Македонија. Вооружените
големогрчки банди палеа и жареа во јужниот дел на Македонија, принудувајќи
ги селаните да се декларираат за Грци. Во исто време и "добронамерните"
грчки агитатори одеа меѓу населението со убедување дека доколку се декларира
за грчко, големите сили биле подготвени да ја исправат неправдата од
Берлинскиот конгрес.
И новосоздаденото бугарско Кнежевство, сонувајќи за неостварената замисла
за Сан-Стефанска Бугарија, почна да изјавува дека најмногу е погодено од
решенијата на Берлинскиот конгрес, бидејќи "лулката на бугарштитната,
Македонија, остана надвор од границите на кнежевството". Бугарската
пропаганда во Македонија имаше предност пред грчката поради упориштата кои
ги создаваше бугарската Егзархија.
Планот за бугаризирање на Македоницте, а подоцна и за приклучување на
Македонија кон Бугарија се движеше во две насоки:
Прво, преземање на македонските црковно-училишни општини од Егзархијата.
Второ, проширување на мрежата бугарски училишта во Македонија. За таа цел,
Егзархијата до 1900 година под своја управа имаше 120 основни и 63 класни
училишта, со 1.013 учители и 35.063 ученици.
По Берлинскиот конгрес се активира и големосрпската пропаганда во
Македонија. Во почетокот на 1880 година српската Влада основа Просветен
одбор за училиштата во Македонија и Стара Србија, а во почетокот на 1883
година успеа да отвори и српски конзулати за ширење на србизмот во Призрен,
Скопје и Солун, а подоцна и во Битола.
За да ја запре бугарската пропаганда, српската Влада вложуваше огромни
пари за својата пропаганда. Меѓутоа, не можејќи да настапува отворено со
вистинските големосрпски цели, таа скова план, најнапред да го форсира
македонизмот и со него да ја потисне бугарската пропаганда, за подоцна
македонизмот да го сврти во српство. Ваквата задача најнапред му беше
доверена на новосоздаденото за таа цел Друштво "Св. Сава", а кога тоа го
заврши и својот дел од работата, оваа функиција ја презеде директно
Министерството за надворешни работи.
За свои позиции меѓу македонскиот народ по Берлинскиот конгрес се бореше
и Римокатоличката пропаганда, зад која стоеја аспирациите на Австро-Унгарија
кон Македонија. Таа ја искористи положбата на нерешеното црковно прашање и
потиснатоста на македонското население од јужномакедонските епархии од
страна на патријаршискиот терор. Во тој период градот Кукуш со 35 околни
села ја прифати унијата со Римокатоличката црква, а следејќи го нивниот
пример, во периодот на 1882 - 1883 година во унијата примија голем број села
во Ениџевардарско, Гуменџиско, Гевгелиско и Струмичко.
Така, во Македонија започна борба меѓу одделни пропаганди. Едни против
други се најдоа емисарите и агитаторите на бугарската, грчката, српската,
католичката, па дури и на романската пропаганда. Секоја од нив настојуваше
да го привлече, а потоа да го денационализира и асимилира македонскиот народ,
очекувајќи го крајот на турската империја, кога врз основа на стекнатите
позиции ќе можат да ја приклучат Македонија кон својата држава, или пак да
го подведат народот под свое влијание, каков што беше случајот со
римокатоличката и романската пропаганда.
Во освојувањето приврзаници пропагандите започнаа бескомпромисна борба
меѓу себе, отворајќи ги касите на сопствените држави и фрлајќи пари за
поткупување на турските чиновници и македонските првенци, обидувајќи се да
го привлечат и другото население. Во тие борби на пропагандите најмногу
страдаше македонското население кое беше вовлекувано во нив. Често доаѓаше
до остри судирања меѓу припадниците на оваа или онаа верско-национална
пропаганда кои често и физички се пресметуваа.
Турската Влада на одделни пропаганди гледаше од свој аспект.
Разединувањето на македонскиот народ и определбата кон пропагандите беше од
нејзин интерес, бидејќи секогаш беше во можност да ја форсира пропагандата
која е најмалку опасна за неа.
Колку македонската национална свест ги освојуваше македонските маси,
толку пропагандите го заоструваа курсот на својата политика кон носителите
на македонското ослободително движење. Меѓутоа, за разлика од српската,
грчката и другите пропганди, кои ги прогласија членовите и симпатизерите на
ВМРО за бандити и разбојници и ја презедоа улогата на шпиони пред турската
власт во откривањето на Организацијата, дотогаш бугарските владејачки
кругови настојуваа преку своите агенти да го преземат раководството на ВМРО.
Во името на овие бугарски интереси беше создаден "Македонски врховен комитет"
составен од бугаризирани македонски емигранти во Бугарија, кој требаше да се
активира во исполнувањето на големобугарските идеали.
По задушувањето на Илинденското востание, сите пропаганди, со исклучок на
грчката, побрзаа да му се додворат на настраданото македонско население, за
да ги зголемат редовите на своите приврзаници. Дејноста на вооружените
пропагадни продолжи се до Првата балканска војна и истребувањето на Турците
од Балканот, за конечно со Букурешкот мир во 1913 година Македонија да биде
поделена меѓу трите соседни држави, без да се праша македонскиот народ кој
очекуваше ослободување, а не ново ропство и распарчување.