о тоа време се вршеа подготовки
за средби меѓу Тито и Фицрој Меклеан, шеф на британската воена мисија што е
реализирана на 5 мај 1949. Под такви услови течеа подготовките и се одржаа
последните разговори меѓу КПЈ и КПГ во Белград. На 8 март 1949 година ЦК на
КПЈ со радиограма побара од ЦК на КПГ да испрати делегација на највисоко
ниво во Белград за расчистување и дообјаснување на некои проблеми што се
појавија во односите меѓу двете партии. Грчкото партиско раководство на 25
март 1948 година позитивно одговори на југословенскиот предлог.
По неколку дена, односно на први април 1949 година, во Белград пристигна
делегација на КПГ предводена од Петрос Русос, заменик член на ПБ на ЦК на
КПГ и министер на Привремената демократска влада на Грција. Покрај Русос во
делегацијата беа Леонидас Стрингос, заменик член на ПБ на ЦК на КПГ и Никос
Ѓорѓалис -Д афнис, шеф на Претставништвото на КПГ во Скопје. Од
југословенската страна разговорите ги водеа Александар Ранковиќ и неговиот
помошник Јово Капичиќ. Разговорите се водени на први и на седми април 1949
година.
СТАВОВИТЕ НА РУСОС И РАНКОВИЌ
На првата средба откако Русос ја изнесе целта на својата мисија во
Белград, Ранковиќ изнесе став дека влошувањето на односите меѓу двете партии
се должи на некои неприфатливи потези на КПГ без да го запознае
југословенското раководство и покрај тоа што Југославија од почетокот
сестрано ја помагаше борбата на ДАГ и КПЈ беше едниствената партија која
безрезервно веруваше во победата на ДАГ. Акциите што ги презеде
раководството на КПГ, без да ги информира Југословените се доказ за промена
на ставот на КПГ кон КПЈ. Ранковиќ ги посочи:
Напуштањето на Белград како седиште на министрите за надворешни работи на
Привремената демократска влада на Грција, дислокацијата на радиостаницата "Слободна
Грција", суспендирањето на Маркос Вафијадис, ликвидирањето на шефот на
службата за безбедност на ДАГ, Михалис Пектасидис, ги одби обвинувањата на
КПГ дека во Скопје постои организирана група која дејствува против КПГ, дека
не е против мобилизацијата на борци за ДАГ од редовите на македонската
политичка емиграција, но Југославија мора да го почитува принципот на
доброволноста, дека дезертерствата на Македонците се должат на
разочарувањето поради рамноправноста. Ранковиќ во продолжение го покрена
прашањето околу паролата за формирање на македонска држава во рамките на
Балканската федерација како акт насочен против интегритетот на Југославија,
како и за антијугословенската пропаганда на Бугарија користејќи ги каналите
за помошта на ДАГ и друго.
Русос го изнесе ставот на КПГ дека судирот на КПЈ со Информбирото &
создаде и & создава големи тешкотии на борбата што ја води КПГ, дека КПГ од
суштински причини и од традиција, не може да остане надвор од фронтот на
Информбирото, КПЈ презеде редица ограничувања и мерки, што покажуваат
намалување на помошта, непријателски постапки и воопшто политика што ја
поткупува соработката меѓу двете партии. Русос ги повтори обвинувањата за
разбивачка и поткопувачка дејност против НОД на Грција, што беше и една од
причините за новиот став на КПГ за македонското прашање прифатено на Петтиот
пленум на КПГ и на Вториот пленум на НОФ. На крајот Русос до Југословените
постави две основни барања: безусловна помош во прашањето за мобилизација на
егејските Македонци и транспортот на материјали за ДАГ.
На барање на Александар Ранковиќ, претставникот на КПГ истиот ден до ЦК
на КПЈ достави опширно писмо во кое писмено ги образложи ставовите и
барањата на КПГ.
Русос во писмото ги повтори тврдењата што усно ги изнесе на средбата со
Ранковиќ: намалување на помошта, ограничување на работата на апаратот на КПГ
во Југославија, разбивачка дејност против КПГ, причините за промена на
ставот по македонското прашање, а ги постави барањата: слободна регрутација
и мобилизација на борци за ДАГ од Македонци бегалци, да се одобри
транспортот на материјали со железници од Бугарија до Битола, повторно да се
упрости преминот на луѓето, особено да се помогне масовното поминување на
излечените борци и доброволци од Бугарија (околу 2000).
Што се однесува до прашањето што го постави Александар Ранковиќ во врска
со гаранцијата, во случај на меѓународни импликации, сврзани со помошта што
Југославија & ја дава на ДАГ, Русос писмено наведе дека "најдобра гаранција
за тоа е крвта што се пролева во борбата против империјализмот и реакцијата
за демократија и за општиот мир, за делото на народите. Полевајќи ја својата
крв за општото дело на народите, партизаните и народите на Грција имаат
право да очекуваат од КПЈ јасен и суштински демант на надежите на
империјализмот, за расцеп на борбата на двата народа, што многу грубо се
изразија минатата недела од Англичани, конзервативци во Парламентот".
ЦК на КПЈ на шести април со писмо со обрати до ЦК на КПГ во кое ги отфли
како неточни и тенденциозни усните и писмените тврдења на Петрос Русос во
текот на разговорите со Александар Ранковиќ. ЦК на КПЈ уште еднаш потенцира
дека беше единствена партија што несебично и сестрано ја помагаше ДАГ што се
должи на нејзиното убедување дека борбата што ја води таа е праведна и
перспективна, за разлика од советските раководители кои отворено изразија
сомневање во победоносен исход на истата. Во продолжение во писмото се
наведуват редица акции на КПГ кои се во функција на антијугословенската
кампања на Информбирото и неминовно водат кон заострување на односите меѓу
двете партии: статијата на Никос Захаријадис емитувана преку радиостаницата
"Слободна Грција", новиот став по македонското национално прашање;
повлекување на својот претставник од Белград, без каква било основа и повод
од КПЈ, потег што во голема мера го отежнува давањето на помош од страна на
Југославија, дислокацијата на радиостаницата "Слободна Грција",
суспендирањето на Маркос Вафијадис без да се информира ЦК на КПЈ.
СОМНЕВАЊАТА НА РУСИЈА
По однос на барањата на КПГ, ЦК на КПЈ во писмото го формулира следниот
став: регрутација во територијата на ФНРЈ може да се врши само на доброволна
основа, за транзитот на помош од Бугарија, преку југословенската територија
нужен е претходен договор меѓу југословенската и бугарската Влада,
преостанатата помош што се наоѓа ќе може да се транспортира преку
Југославија, да прекине користењето на каналите на антијугословенската
пропаганда од страна на Бугарите, КПГ да ја прекине клеветничката кампања
против КПЈ, бидејќи без тоа не може да се замисли каква било соработка под
такви услови меѓу двете партии. Писмото на ЦК на КПЈ завршува со следното:
"...Таквите постапки на ЦК на КПГ не доведуваат до заклучок дека
клеветничката кампања на Информбирото која сака да ја обнови Југославија за
зделка со империјалистите во врска со борбата во Грција и во која сега јавно
се вклучуваат и некои членови на ЦК на КПГ, во својата основа е насочена кон
ликвидација на востанието во Грција, со тоа што вината за ова, без каква
било причина, ќе се префрли врз ЦК на КПЈ. Некои раководни луѓе на КПГ,
очигледно интересот на борбата на грчкиот народ го подредуваат на клеветите
и контрареволуционерната кампања на Информбирото против нашата земја".
Една исправка и едно дополнение на горецитираниот став на ЦК на КПЈ.
Точно е дека КПГ ја обвини КПЈ како еден од решавачките фактори за поразот
на востанието во Грција. Заедно со КПЈ беа обвинети и Македонците од
егејскиот дел на Македонија со тешки последици по нив, за што и
југословенските комунисти сносат голема одговорност.
Централниот комитет на КПГ не одговори на горното писмо на ЦК на КПЈ. Дел
од договореното меѓу Ранковиќ и Русос беше остварено. Излечените ранети
борци на ДАГ во Бугарија и Романија и преостанатиот материјал преку
југословенската територија беа транспортирани во слободната територија на
Вичо. Барањето на грчките комунисти за присилна мобилизација на Македонците
бегалци во Југославија Југословените го одбија.
Во времето кога се водеа преговорите меѓу грчките и југословенските
комунисти за продолжување на помошта на ДАГ и кога КПГ упорно настојуваше да
создаде услови за продолжување на борбата и ги оствари стратешките цели во
1949 година, се случи настан кој имаше негативен одраз врз односите меѓу
КПЈ-КПГ, така и врз подготовките за пресметката во 1949 година кога се даде
директива за прекин на вооружената борба. Сталин од почетокот на 1948 година
изрази сомневање во успехот на вооруженото движење и предложи тоа да се
повлече. Таквото негово убедување уште повеќе зајакна со решавачко
ангажирање на САД во Грција на страната на атинскиот режим, создавањето на
НАТО и отцепувањето на Југославија од социјалистичкиот лагер врз која,
главно, се потпираше востанието во Грција.
Одделувањето на Југославија од лагерот многу го измени соодносот на
силите на Балканот, во корист на западните сили. Независноста на Албанија до
1948 година ја обезбедуваше Југославија. Сталин ценејќи дека вооружената
борба на грчките комунисти му донесуваат повеќе штета отколку корист, реши
да стави крај со неа. На 11 април 1949 година Захаријадис беше повикан во
Москва од каде се врати на 19 истиот месец. Сталин на Захаријадис му достави
предлог ДАГ да ја прекине вооружената борба и да се повлече, бидејќи според
информациите што ги имаат ова лето, под мотивација на операциите против ДАГ
Американците ќе ја нападнат и ќе ја заземат Албанија. Поради тоа, рече
Сталин, ќе треба да избегнуваме да им дадеме повод. Албанија и Бугарија
добија задача на први мај да ги затворат границите поради што ДАГ ќе нема од
каде да добива помош. Повлекувањето на ДАГ, односно прекинот на борбата,
требаше да се оствари до крајот на месец мај.
На 22 април се свика седница на ПБ на ЦК на КПГ на која се направи план
за повлекувањето. Меѓутоа, на четврти мај Захаријадис со радиограма ги
извести членовите на раководството дека повлекувањето се одлага, бидејќи
моментално е создадена нова ситуација.
Повлекувањето на одлуката за прекин на вооружената борба на ДАГ се должи
на разговорите што се водеа меѓу министрите за надворешни работи на Русија
Андреј Громинко, на Велика Британија Ектор Мак Нил и на САД Деан Раск на 26
април 1949 година во канцеларијата на генералниот секретар на ООН Трикве Ли
на 14 мај истата година за мирољубиво решение на грчкото прашање. Громинко
се согласи да прекине вооружениот судир, да се даде општа амнестија и да се
формира Влада со учество на сите партии вклучувајќи ја и КПГ. Меѓутоа,
грчката Влада и Американците имајќи ја огромната надмоќност, го одбија
предлогот на Громинко. Тие беа убедени дека грчкото прашање ќе го реши
силата на оружјето.
(Продолжува)