Синот на набожните родители и добриот Христов војник завршил воена школа
и бил на служба кај овој цар. Во својата 20-та година го добил чинот трибун,
воен старешина и царски пратеник. Знаејќи дека заради верата во Христа
набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашни,
а робовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро
застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: "Слуга сум на Христос,
мојот Бог... До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги
принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се!
Христос е единствениот Бог!". Царот наредил Св. Георгиј да биде фрлен во
затвор. Светителот во затворот го повикал својот верен слуга и му оставил
порака - по неговото заминување од овој живот да му го однесе телото во
Палестина. Слугата го запишал завештението на Св. Георгиј. Светителот го
прегрнал и му дал последен целив.
ПОСЛЕДЕН ЧАС
Св. Георгиј бил изложен на најтешки мачења. Му ставиле тежок камен на
градите, го вртеле на тркало со клинци кои навлегувале во телото, му дале
смртоносен отров, го оставиле да стои три дена закопан во ров (со главата
над земја), го тепале додека трчал во усвитени чизми со шајки. Неговите нозе
се обвиткани во сопствената крв. Но, Божјата мудрост не го остави сам
праведникот. "Таа слегна со него и во затворот... покажа дека се лажни
обвинувањата против него и слава вечна му подари". Во жестоката борба меѓу
доброто и злото - победа му подари, издржа надчовечки мачења и стана
Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се
посилни од се. Гледајќи ги неговите чуда, поверувала во Христа царицата
Александра - сопруга на Диоклецијан. Царот донел смртна пресуда, со меч да
се посече Георгиј заедно со царицата Александра. Војниците го грабнале
окованиот маченик и царицата и тргнале кон губилиштето. Таа го предала
својот дух на Господ пред да стигне на губилиштето. Бог & подари маченички
венец на славата. Св. Георгиј го моли Бога: "...биди крај мене Твојот слуга
во овој последен час... Прими ја и мојата душа со оние кои ти угодиле од
памтивек". Својата глава ја преклонил под мечот и бил посечен на 23 април
303 година. Верниот слуга на Св. Георгиј ја извршил неговата последна желба.
За време на цар Константин Велики светите и чудотворни мошти на Св. Георгиј
биле пренесени во Лида и погребани во храмот посветен на неговото име, кој
го изградиле побожните христијани. Чесните мошти ги пренеле на денот на
осветувањето на храмот. Значи, на трети ноември, или на 16 ноември - по нов
календар, се прославува пренесувањето на моштите на славниот Свети
Великомаченик Георгиј Победоносец од Никомидија (Мала Азија), во градот Лида
во Палестина. Светите мошти и денес таму почиваат.
ГО ОРОСУВААТ СОЛЗИ
Иконостасот на Црквата е прекрасен. По левите скали, поставени во самата
Црква, се слегнува во криптата во која се наоѓа гробот на Св. Георгиј
изработен од мермер со боја на слонова коска. На гробот, на горната светла
мермерна плоча е изработен релјеф на Св. Георгиј до појас. Тој држи копје во
рацете. Наспроти гробот, на источниот ѕид, е поставена икона на која
Светителот е претставен како млад војник кој јава на коњ и ја убива ламјата.
Поклоници од целиот свет му оддаваат почит, му се поклонуват на гробот на
непоколебливиот во верата Великомаченик и чувствувајќи како тој живо
дејствува, го оросуват со солзи. На аџиите им покажуваат во една мала кутија
со стаклен поклопец коскички од моштите на Св. Георгиј на кои им се
поклонуват, ги целиваат и на нив осветуват разни предмети. Тие му го пеат
Тропарот на Светителот.
По наредба на Диоклецијан се убиени: Св. маченици Христифор, Теона и
Антонин, Анатолие, Протолеон, Атанасие, човекот кој го воскреснал Св.
Георгиј, Гликерие, Валерие, Донат и други. Бог ги избави од беззакониците и
заедно со Св. Великомаченик Георгиј ги запази за Своето небесно царство.
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство,
Митрополитот европски, г. Горазд