ВОЈНА

ОНА - Терористичка паравојска во Македонија (6)

НАТО ТАЈНА: ВАЛКАНИТЕ РАБОТИ НА ОВК

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

  • Украина била замолчена и пресечена во нејзините настојувања да им помогне на своите православни браќа на Балканот, кои станале цел на истребување од албанските качачки банди во Србија, Косово и Македонија.
  • Под диктатот на албанското лоби во Вашингтон, НАТО, покрај сите сознанија одлучи да ги "посвои" терористите и повеќекратно да ги искористи за потребите околу реализирањето на валканата војна и агресија врз неколку суверени земји на Балканот, пред се Југославија, Македонија, Грција и Бугарија.

Глобалните движења во светот продолжуваат. Западните сили продол- жуваат со темпото насоздавање минијатурни, па макар и привремени држави кои во одреден временски период треба да им послужат како прибежиште, засолниште или база во која ќе се кријат или од која ќе подготвуваат и изведуваат разни активности за задоволување на сопствените суети и интереси на сметка на невините, беспомошните и обичните.

До кога? Ќе има ли сила која ќе може да се спротивстави на таквиот хегемонизам и перверзен предентизам и антагонизам? Професорот Бабановски не само во последното негово дело посветено на минатогодишната криза, туку и во претходните од пред десет и 15 години храбро ги поставува овие прашања и дава сопствени одговори кои како поминува времето аргументирано се докажуваат. Кој е виновен за последните игри? Кој е предавник, а кој патриот? На овие прашања веројатно времето ќе одговори.

ТЕРОРИСТИТЕ ВО СЛУЖБА НА АМЕРИТЕ

Петтото продолжение од фељтонот го завршивме со мотивите на авионската катастрофа која се случи на 7 октомври 2001 година над Црното море во Украина кога во авионот од типот TU 154 со три мотори сопственост на Сибир Ерлајнс загинаа 77 патници и членови на екипажот. Која беше причината за оваа катастрофа? Несреќен случај или терористички акт како што се шпекулираше? Израелското радио истакнало дека авионот слетал во Бугарија, но бугарските власти велат дека не ни влегол на бугарската територија. Изворите во американската влада велат дека авионот бил погоден од ракета која наводно ја истрелале Украинците во текот на воената вежба на Црно море. Украинската влада побрза да ја демнатира оваа вест истакнувајќи дека употребените ракети за време на вежбата немале никаков домет. И така, заплетот се компликува, а новата контраверза е на повидок. По многуте шпекулации се појавува следната. Теоријата ја понудил Рон Ејмис читател на TIM од Хјустон во Тексас. "Сега сите патишта водат кон Балканот. Зар Украинците отворено не ја поддржале Македонија, испорачувајќи им десетина хеликоптери и оружје на Македонците? Вашингтон го мрази ова во светло на фактите дека KFOR добавува оружје за ОВК и ОНА? Навистина, Украина ја поддржува Македонија, како и Русија. Така САД мораа да се разберат и со Украина, но и со Русија, во чија орбита полека влегува Украина. Изгледа дека цинизмот на Вашингтон и Лондон немаат граница. Украина била замолчена и пресечена во нејзините настојувања да им помогне на своите православни браќа на Балканот, кои станале цел на истребување од албанските качачки банди во Србија, Косово и Македонија. Исламската зелена интернационала го започнала завршниот удар за освојување на Босна, Косово и делови на Македонија кои веќе се окупирани и жртвувани за туѓите профитни интереси. Откако го вратиле Балканот во некое средновековно доба, потпирајќи се врз своите сојузници - муџахедините, кои требало да ги истребат православните жители во Хрватска, Босна, Косово и Македонија (Грција во идната фаза ќе биде полигон), САД и нивниот НАТО сојузник, широко ги отвориле портите на Европа за продор на радикалните исламски свети војници. Произлегува дека премолчувањето на вистината за ОНА и ОВК било во интерес на американскта влада. Да, - вели Бабановски, било во интерес на еден грст "јастреби" и воени профитери кои ги злоупотребувале демократските институции на Америка за остварување на екстра воени профити. Во мај 1999 година во екот на ужасниот злостор на САД и НАТО против СРЈ, претседателскиот кандидат Пет Бјукенен имаше пријатна должност да ги поздрави дипломците на Воено-дипломатската академија во Чарлстон, Јужна Каролина. На свечената промоција учестувале и некои професори од универзитетот "Св. Кирил и Методиј" од Скопје: Кога Бјукенен разбрал дека на свеченоста се присутни и луѓе од далечната Македонија, изразил желба да се сретне со нив. Директно ги прашал што се случува на Балканот изразувајќи загриженост за судбината на Македонија. Нашинците, откако му ја претставиле состојбата кај нас, го замолиле Бјукенен, од прва рака, да ги информира за ставот на американската администрација и за судбината на Македонија. Тогаш, со искрено жалење, Бјукенен истакнал дека Вашингтон, особено круговите околу Пентагон, не & се наклонети на македонската влада. Тоа го образложил со неизградената надворешно-политичка стратегија на Белата куќа и особено силното американско-албанско лоби, кое со корумпирање на одделни американски политичари и чиновници, а особено воени функционери отворено го поддржувале концептот за основање на големоалбанска држава на Балканот... Бјукенен истакнал "дури и да победам на изборите, што се сосема нереално, јас не би можел многу да придонесам да се промени американската надворешна политика на Балканот, а со самото тоа и во Македонија. Вашингтон и Бон, во многу релации се спротивставени, но кога е во прашање Албанија, посебно Косово, дејствуваат на иста бранова должина. На Балканот криминалците најчесто купуваат се: позиција, звање, моќ и политички ореол. Кои бизниси носат најголеми профити? - прашал Бјукенен, а потоа самиот додал дрога и оружје! На Балканот, господинот Клинтон и неговата министерка за надворешни работи, не упатиле за осум години еден сериозен човек, човек од бизнисот, на кого образот и честа му се позначајни од валканите долари...

Македонските хеликоптери беа набавени од Украина на што САД остро реагираше

На вашата мала земја & се закануваат големи неволји. Обрнете им внимание на вашите водечки личности да не бидат сервилни пред американските чиновници - им рекол Бјукенен на присутните професори од скопскиот универзитет. По сето ова авторот Бабановски ги поставува следните прашања. Како може "меѓународната заедница" која ги подготвувала, тренирала, финансирала и употребувала албанските паравојници да ни напише текст за опредлување на злосторот сторен против нашите деца со претензии да ни наметне и чувство на одговорност затоа што сме се дрзнале да се браниме? Кој ќе ги одбрани "амнестираните" кога од Куманово, Скопје и Тетово ќе си заминат печалбарите и проститутките од ОБСЕ, УНХЦР, НАТО и лисиците-којоти кои лаат само против христијаните, посебно ако се оние Славомакедонски?

ТЕРОРИСТИЧКИ ЛАВИРИНТ

Кој нормален Македонец и македонски граѓанин може да ги прифати како добронамерни, памфлетските настапи на албанските политичари во барањата за "имплементација на рамковниот договор?" Па, тие прво, пред да се вооружат со купени дипломи и шупливи знаења, немале поим што е тоа имплементација. А сега, устите им се полни со тој збор, како и џебовите, со крвавите странски банкноти. Кој им го дава правото, во името на малцинството да го тормозат и тероризираат мнозинството? Од каде е таа логика сто македонски животи да не бидат рамни на еден муџахедински? Во извештајот за ОВК кој носи ознака "НАТО тајна" објавен во 1999 година под наслов "Валканите работи на ОВК" се содржани конкретни податоци дека територијата на Македонија обично се ползува за концентрација на оружје, изградба на полигони за обука на терористи, изградба на тајни лаборатории за производство на дрога и други криминални дејности кои се импотираат во Тирана, Приштина, но и до Истанбул и Техеран. "Фрагментираните известувања предупредуваат дека исламските фундаменталисти дејствуваат на Косово, а муџахединските им даваат услуги во обука и оружје на "доброволците" во Македонија: Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга. Честопати дејстуваваат кооперативно со американските ветерани - инструктори". Овој документ страотно го обвинуваа и дискредитираа НАТО како воено-политичка организација за зачувување на мирот и безбедноста во Европа. Под диктатот на албанското лоби во Вашингтон, НАТО, покрај сите сознанија одлучил да ги "посвои" терористите и повеќекратно да ги искористи за потребите околу реализирањето на валканата војна и агресија врз неколку суверени земји на Балканот, пред се Југославија, Македонија, Грција и Бугарија. Оваа необјавена војна против христијанскиот свет на балканските простори ќе биде промоција за иста таква подмолна и тајна војна против Европа. Егзекутори ќе бидат талибанци, муџахедини, албански терористи, но и сенишен ешалон на петтата колона што настапува со благослов на ЦИА и Пентагон. По примерите на ОВК се создава ОНА, АНА, ОВПМБ, ОВМ или како ќе посакаат западните режисери.

Сепак, има една вистина: цехот на крајот ќе го платат идејнористите и статистите. Албанците на Косово, во Албанија и во Македонија не можат да бидат невини во сето она што им го прават качачко-мафијашките банди на неалбанците, затоа што наскоро и самите ќе бидат трагични жртви на "ослободителите" од ОВК, кои и не знаат ништо друго да работат освен да убиваат и да пљачкосуваат. Кој е на ред? Кој е третиот град на Балканот што ќе го подели река? Зошто претседателот на САД секогаш ги помага оние кои во голема мера се вмешани во нелегална трговија со дрога - ќе се запраша американскиот аналитичар, МЕРИ МОСТЕРТ предупредувајќи дека припадниците на ОВК се докажани терористи, криумчари на оружје и наркотици. "Сојузот Пентагон-Стјет департмент-Бела куќа-ЦИА го изготвил сценариото за војни на Балканот злоупотребувајќи ги Албанците од Космет и Македонија" - ќе напише новинарот Томас Фридмен во "Њујорк тајмс" уште во август 1999 година.

... Криминалците на Балканот имаат развиена инфраструктура, хиерархија, во работата и логистичка подршка, преку разработени канали, една цела деценија, непречено да шверцуваат и да создаваат империја во регионот. Секој обид на државните служби да ги спречат, се завршува без успех, зошто криминалците ги заштитуват вооружените банди кои под паролата за "човекови права" пукаат врз полицијата, војската, цариниците, инспекторите и создаваат "слободна територија" на која владее правото на посилниот, каде што главниот бизнис е шверцот на оружје, дрога, бело робје, човекови органи... Загрижувачки е тоа што таквата територија во Македонија, Албанија и Косово постојано се шири, а разузнувачките податоци говорат дека бандите на криминалци и терористи пак под превезот на човековите права подготвуваат немири и во Бугарија и во јужна Србија. Токму од тоа се плашат претставниците од меѓународната заедница и кон крајот на мај 2002 година во Брисел констатирале дека безбедносните структури во Албанија, Македонија и Космет се неспособни самите да ја водат битката против организираниот кримнал. Помош им е неопходна.

(Продолжува)


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"