| |
КУЛТУРА
Манастирот "Св. Јован Бигорски" збогатен со "Галерија на икони"
ДЕЛА ОД БИГОРСКАТА РИЗНИЦА
Пишува: Милева ЛАЗОВА
- Во новата галерија се наоѓаат околу 70 икони кои датираат од
XVII, XVIII и XIX век.
В о познатиот манастир "Свети Јован
Бигорски", кој се наоѓа близу Дебарското Езеро, во долината на реката Радика,
отворена е "Галерија на икони". Во новата галерија изложени се околу 70, од
планираните 160 икони, зашто другите се уште не се конзервирани. Најмногу
датираат од XVII,
XVIII и
XIX век и се дел од
богатата ризница на манастирот и нема ниту една која е позајмена или
откупена од некој друг манастир. Галеријата започнува со икони од првата
половина на XVII
век, што значи се стари четири века, со еден циклус на христовиот живот од
благовештението, од рожденството, крштевање Христово, преображение,
влегување во Ерусалим, распнување, воскресение, вознесение и успение на
Пресвета Богородица.

Дел од иконите од крајот на XVIII век

Иконостасен крст, резба, почеток на XVII век


Распетие и вознесение - 1830 година
Таа и понатаму ќе се надградува. Освен иконите, во Галеријата ќе бидат
поставени и елементи од стариот иконостас од XVII
век, како и уште две свештенички одежди коишто се сопственост на Бигорскиот
манастир, а се наоѓаат во Музеј на Македонија. Потоа ќе бидат вратени и
сребрените кандилца и евангелијата што се наоѓаат во охридската митрополија.
Во манастирот "Свети Јован Бигорски" има остатоци од црквата што потекнува
од XVI век, односно
од XVII и
XVIII век, од која се уште
се чуваат големите икони. Најстарите поточно од XVI
век се на реставрација во Републички завод за заштита на спомениците на
културата.
Експонатите се изложени во женската трпезарија - адаптирана автентична
манастирска просторија. За новата "улога", просторијата е дополнително
осветлена и климатизирана. Планирано е да се изработи каталог со кој ќе
влезе во каталогот на галерии коишто се на тлото на Европа.
Оваа галерија на икони е поставена по барање на МПЦ и манастирските
власти. Реализаторка на поставката е Викторија Поповска-Коробар, историчарка
на уметноста од Музејот на Македонија, а ја финансираше Министерството за
култура. Во текот на изминатите три години, експонатите ги конзервирале
стручњаци од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.


Богородица

Старохранилница втора половина на XIX век

Манастирски помник 1834 година

Каса за прилози, крај на XVIII век
Црквата во Бигорскиот манастир е посветана на светецот кому му е посветен
христијански празник Црн Јован, свети Јован Крстител - Претеча.
Денешната структура на манастирскиот комплекс потекнува од крајот на
XVIII век и
почетокот на XIX
век. Манастирската црква датира од 1800 година, кога во манастирот бил
игуменот Митрофан. Храмот има две куполи со осмострани тамбури. Најстариот
фрескоживопис во храмот потекнува од крајот на XVIII
век. Од фрескоживописот, пак, го насликал најпродуктивниот зограф на
XIX век - Дичо Зограф, од
малореканското село Тресонче.
|