ФОРУМ

МАКЕДОНЕЦОТ ПРЕД ИСКУШЕНИЕ НА ПРОРОШТВАТА

Симеон Иванов - Канго

Денес, во првите години на новата ера, "трет милениум" веќе кај нас, секому му е јасно следејќи ги информациите на мас-медиумите во паралела со обичниот живот, дека ова наше парче земја, од "Оазата на мирот" се претвори во "Оаза на немирот", оаза на невидени чуда и парадокси... И чиниш, се се одвива како по некое холивудско сценарио на научно фантастичен хорор, со скапо платени главни јунаци, шизофреничари епизодисти и маса од бедни статисти, во кое пак Тој, конзументот - обичниот човек истите чуда ги гледа, се восхитува, плаќа, страда и трагично умира без да сфати дека тоа некои одамна го претскажале и најавиле како виденија, визии и пророштва!...

За да го појаснам феноменот на пророштвата, ќе илустрирам една мала ретроспектива на еволуцијата на колективната човечка свест на овие наши, или подобро речено Европски односно Светски простори, без претензии овој натпис да биде научна дисертација. Уште кога бев дете на предшколска возраст, се уште паметам, ме збунуваа некои појави, за кои како да сум ги видел некаде порано... И ги прашував моите, кои некако ја задоволуваа детската љубопистност и свест. Потоа научив дека тоа се викало "Веќе видено", а си има и научен израз "Дежа ву".

Што се случува сега во овој хаос или беспрекорен ред на колективно лудило!? Проблемот е како да се преживее, а да се биде и остане нормален!

Тоа е, морам да кажам, уметност...

Е сега, Бог, веројтано бил, е, и ќе биде единствениот и најголем уметник што воопшто нешто во апсолутна смисла сторил, па било да е тоа некаква интелегенција, свет дух или универзалност. А човекот од Адама, па наваму, Ти или Јас, сме само негови уметнички дела, створенија или сторенија... Ете затоа може да сфатиме од каде безмерна среќа и блаженство за направени уметнички ремек дела или сторенија покрај свеста за проклетсвото да се мачиме вечно по протерување од рајот...

Па иако наизглед ова кажување е многу опширно и предлабоко, својот крај го има во сите стории напишани од човекот, што сепак сметам, ќе станеме свесни да го видиме, сфатиме или што е најдобро, да го почувствуваме дека првиот историчар бил од нашите простори. Балканско-Македонски и затоа запишаните сторенија и се викаат во трајно свршено време "истории".

Па ќе речеме, и да е така, што фајде од тоа!? Е па велат "историјата е учителка на животот" односно на иднината, но само за оние кои знаат да ја слушаат... А такви типови сеопштата мајка створила, па народот ги завикал видовити.

Овде неизоставено ќе го спомнам и Цезар, кој рекол на латински "Veni, vidi, vici", а нам ни преостанува да ВИДИМЕ дека од коренот на сите белски (пелазгиски) т.н индоевропски јазици го имаме и Видо, Видовиште, Морозвис (море, видик), Видео, Вис, Визија, Визионер...

Е, сега на крајот, брзо ќе завршам со пораката: Може и да бидеме видовити за нештата на постоењето и овој живот? Дека беше прво баба Евра, ќерката на кралот Мино, по која Евредика и Евросима се уште го носат нејзиното име, како и нашата стара дама Европа "блудница Вавилонска" и нејзината монета "Евро" што ни ја крои иднината со Америка, по теркот на еврејско-масонската ложа, одмерно наречен "нов светски поредок".

Дали во тој космополитизам има место за нас Македонците или нема?...

Е па Господ да ни е напомош! Кој не е слеп, кој не е од ослепените војници на деда Самоил, нека гледа и нека сфати, а ако има покрај свест, и душа, нека почувствува, ќе му се отвори "третото око" и виденијата на универзумот...

Значи тоа не се интернационализми, туку македонизми, "Кос Мос и Поле" заоблен простор, мост на просторот, што закосува и иднината на светот ја виделе нашите предци, а некој како Александар Македонски, пред 2. 300 година од сон и визија ја претвориле во стварност, сторение, па станало историја.

А ви велам, денес покрај сите чуда што ни се случуваат, Македонецот, такви без проблем преживеал и достоинствено надминал, со добри дела, со хуманост и чест, културно натпреварувајќи се...

Ние освојуваме со дух, со љубов, како што велеше Исус Христос, и живееме космополитски, небаре се уште го исполнуваме аманетот на нашите предци "сите нека бидат среќни со нас без разлика на: вера, раса, јазик и род" и сигурно нема да исчезне ни Македонија ни Македонецот, ни македонизмот, не, напротив на крај ќе триумфира, зошто светот без граници го создале Македонците први, а денес се и последни, народе мој, ако можете да видите! А ние ќе го спасиме светот од пропаст, според пророштвата...

Да дочекаме, АМИН!


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"