ФОРУМ

МАКЕДОНСКИОТ МАЗОХИЗАМ

Трајко Стојановски - Борец, Базел, Швајцарија

Зборовите на дел од песната "Народе македонски" стануваат се поактуелни, а особено по изборите од 15.09. 2002 година. До кога "овцо македонска" ќе те водат на колење? Турците те колеа, бесеа, куќи ти палеа, малолетни деца од твоите мајки грабаа, невести ти силуваа и јаничари воспитуваа кои против тебе се бореа. Опстана, бидејќи имаше смели јунаци кои не чекаа да им донесе некој слобода, туку ги грабнаа пушките и се бореа смело против турскиот јарем додека истовремено "позадината продуцираше човечки материјал"- читај деца. Храброста на "фронтот" и "продукцијата на човечки материјал" те сочува "македонска овцо" од изумирање.

Во Првата светска војна се бореше на сите фронтови со другите и за другите и не беше способна да го кренеш гласот против јаремот на Србите, Бугарите и Грците. Шансата и овој пат ја пропушти! Смелоста што ја покажа на туѓите фронтови за "господарите" кои те негираа, не ти ја донесе независноста. Во Втората светска војна беше смела и храбра и успеа со другите да ослободиш еден дел од Македонија. Тоа парче го именува "Социјалистичка Република Македонија" и дозволи другите да му го доверат водството на предавникот - србофилот Лазар Колишевски кој во соработка со Владата од Белград и под строг надзор на Англија и Америка придонесе за "чистење" на вистинските македонски патриоти. Меѓу нив беше и првиот од народот избран претседател на Македонија, Методија Антонов - Ченто. Отсекогаш имаше предавници во сопствените редови, кои не ги ставаше пред суд и казнуваше со затвор или смртна казна! Напротив, ги хранеше и гоеше за да те турнат во уште поголема несреќа! Им се чудеше на способноста да ти нанесат срам, да те понижат, да те деморализираат, да ти ја земат гордоста и честа и да те натераат, "да не знаеш кој си и што си!". Ти, "македонско овцо", ги наградуваше и уште ги наградуваш таквите велепредавници на Македонија со тоа што им ја даваше шансата да застанат пак на нозе за да те водат до целосно уништување! Мазохизмот доби со тоа ново име: "македонска овца"!

Во 1989/90 година застана на страната на црвените ѓаволи од СДСМ кои за тешки долари од Америка и нивното загарче Европа, уште пред да се распадне Југославија, те продадоа! Ти ја дадоа независноста! Се повлекоа Србите и те оставија "гола"! Со тоа остана, "овцо", без територијална заштита, без оружје и без војска! Шиптарите, вооружени и обучени од Америка и Европа, ја чекаа шансата за напад! Црвените корумпирани ѓаволи од СДСМ се решија да ги наполнат приватните конта и ја започнаа гнасната зделка со Шиптарите кои беа подготвени да го купат македонското државјанство! На тој начин им беа продадени 150.000 пасоши на Шиптарите од Косово кои легално - до тогаш илегално - се вселуваа во Западна Македонија и купуваа македонска земја! Демографската положба во западниот дел на Македонија драстично се измени во полза на Шиптарите! Бившите УДБА-ши прекрстени во социјалдемократи и покрај сите проневери, кражби и лаги го добија од тебе, "македонска овцо", во 1994 година повторно мандатот за уште четири години за да го завршат на мир започнатото (не)дело! И понатаму крадеа и лажеа и вработуваа по партиска линија! Ти го предадоа името! Те прекрстија во "бивша југословенска провинција" и ти го "нацртаа" новото знаме! Грците, Бугарите, Србите, Америка, Европа, а особено Шиптарите, си го триеја мевот! Ти "овцо македонска" пак занесена од "способноста" на избраните олоши и презадоволна од нивната "промакедонска" политика си молчеше и си ги "лижеше раните" од осумгодишното (не)владеење на црвените бандити! Круната на нивното (не)владеење ја плати со сиромаштија и социјална катастрофа! И покрај многу грешки и криминални чинови кои ги направија за осум години црвените шиткачи, територијалниот интегритет на Македонија беше сочуван и безбедноста на државата не беше запоставена!

Во 1998 година ги испрати црвените шиткачи во пензија и ја донесе на власт псевдонационалната партија ВМРО-бугарска на малоумниот бугарофил Љубчо Георгиевски. Во тоа време на бандата НАТО и Америка Македонија & беше потребна како сојузник за веќе донесената одлука Југославија да се нападне за да се спречи "невидениот геноцид врз обесправеното албанско население"! На бугарските фашисти од партијата ВМРО-бугарска на параноидот Љубчо Георгиевски од страна на Америка и Европа им беше секаква помош ветена, во случај Југославија (Србија) да ја нападне Македонија. За таа услуга фашистите на параноидот со брада требаше само да го раскинат договорот со УНПРОФОР и Кина и да направат место за борбените кучиња на НАТО! Охрабрени од ставот на Америка и Европа и гледајќи ја опасноста само од Србија, бугарофилите ги отворија границите и примија над 500.000 "обесправени" Шиптари од Косово. Од тие 500.000 "протерани" Шиптари половината купи македонски пасоши и станаа автоматски македонски државјани. Демографската положба во Македонија се влоши за Македонците уште повеќе! Сите овие работи "македонска овцо" се правеа од твое име и за твое "добро"! Ти не беше способна да ги спречиш и да & ставиш крај на неправдата која ти се правеше! Бугарските фашисти на велепредавникот Љубчо со сепаратистите на Џафери ти наметнаа во 2001 година добро инсценирана војна која ти "овцо" ја прифати и ја водеше по правилата на двојката Љубчо - Џафери, без да ги разбереш крајните намери од налогот што им беше даден од аморалната Америка и европската мафија! Секој ден од заседи и предадени од кабинетот на Љубчо - Џафери и Генералштабот на Солана - Трајковски ти ги убиваа храбрите синови! Не најде за згодно да излезеш на улица со мотика, вила или лопата за да им ја растуриш главата на гробарите на Македонија! Сега тебе ти се подготвува гробот "овцо македонска", односно гробот ти е веќе по мерка ископан!!!

Дозволи "овцо", Солановци и Робертовци да ги "врзат" на маса црните "македонски" овци од типот на параноидот Љубчо и шиткачот Бранко со албанските сепаратисти и од твое име да го менуват македонскиот Устав кој до вчера беше пример за сите во полза на "вечно угнетениот и обесправен шиптарски народ"! Нивните "права" се вкоренети во нивните болни глави и зад нив се крие вечната желба за една "голема чисто етничка Албанија" која во 1941 година со сојузниците Хитлер и Мусолини не беше трајно постигната! Катастрофалната политичка, економска и социјална положба на Македонија за време на (не)владеењето на сатанската двојка Љубчо - Џафери ти донесе уште поголема сиромаштија и пораз на бојното поле од СС-терористите на злосторникот "генералот Али Ахмети"!

Со потпишувањето на "охридската катастрофа" од велепредавниците на твојата земја - платеници на Западот - го доживеа и големиот политички пораз од кој никогаш повеќе нема да ја кренеш главата на која ти ги закачија роговите на шиптарскиот овен! Од овие рогови можеше да се ослободиш "овцо" на 15.09. 2002 година со едно категорично "Доста е и смрт на велепредавниците и потписниците на охридската авантура"! Тоа не го направи! Напротив, ги избра истите што те водеа во несреќа до 1998 година кои се истовремено и потписници на "шиптарскиот договор" во Охрид! Браво "македонска овцо"! Зарем не си слушнала дека освен партијата на малоумниот бугарофил и вечен студент Љубчо и партијата на шиткачот Бранко има и други партии кои се бореа да влезат во Парламентот за да им ги мрсат конците на бугарофилите, УДБА-шите и албанските фашисти на убиецот Ахмети!? Кој ѓавол те јаваше и покрај тоа што добро знаеше кој со кого ќе коалицира, да ги бираш пак непријателите на Македонија, типови кои се разбираат само од корупција, крадење, лажење, убивање и продавање на сопствената земја за тешки долари и евра и растурање на една нација со древна култура, јазик и писмо! Времето работи против тебе "овцо"! "Доста беше разбуди се, свести се, не спи ти"!


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"