Недомакедончени Македонци

(Повод: антимакедонските изјави на квазиполитичарот и квазиисторичарот Василче Тупурко)

Благодарение на недоквачените, недомакедончените Македонци и Македонки - жртви на панславјанските лаги: руските, српските и татаробугарските идеи за проширување на нивните држави, а олицетворено во името на Македонската академија на науките, Матицата на прогонетите Македонци и православните цркви во кои Славјанизмот/Словенизмот е поважен од светото Исусово учение, ние Македонците во светот станавме предмет за јавен мајтап. Светот знае кои сме, но ние самите не знаеме, а тоа го користат Грците и сите непријатели на Македонскиот Македонизам.

Време е ние Македонците да престанеме да го лажеме светот и младите поколенија во училиштата во Република Македонија дека сме некакви потомци од племињата на "измисленото доаѓање и окупирање на Македонија од полудивите: Скити, Хуни, Татари, Волгари/Болгари, Паченези итн. со големото историско НЕТОЧНО име Словени.

Досега во целата човекова историја не постои евиденција која може да докаже дека полудиви племиња без писмо и државна администрација, без цар, без крал, или генерал да окупирале или претопиле други цивилизирани народи.

Проклеството на Иван Грозни, Катерина Велика, хрватскиот надбискуп Штросмаер, уметникот Мештровиќ и целата малоумна хорда на дрогирани славофони до ден денес ја уништуваат Мајката/Расадникот/Огништето на Човековата Цивилизација, Христијанството, Културата и Човештвото - а тоа е Македонија и македонскиот народ.

Во времето кога Грците ги употребуваат сите легални, а и нелегални средства за уништување на македонската нација, македонската држава, Македонската црква и се што носи македонско име, се уште се наоѓаат продадени за пари или заблудени недоквачени/недомакедончени Македонци кои не само што поверувале на лагите на Пансловенизмот, туку со најмодерните средства докажуваат дека Македонците се Славјани.

Името "СЛОВО" е докажан пишуван збор. Првите ученички книги во Македонија беа наречени: Буквар = книга со букви, втората книга со пишани точни зборови "СЛОВАРИЦА", па потоа со лекции за читање - "ЧИТАНКА" и така натаму. Лице или лица кои можеле да читаат и пишуваат "СЛОВА" биле учени/просветни или во еден одреден период од оние полудиви племиња и до ден денеска некои се останати такви како нивните претци кои ја користеле титулата "СЛОВЕН" што означувало "УЧЕН" човек. Но, не народност или припадност на некој народ.

Во името на иднината на намачена Македонија апелирам до сите Македонци и Македонки да ги отстранат од нивните мозоци сите "славјански лаги", пропагандите кои ги пишувале и предавале во македонските училишта и универзитети русофилите, бугарофилите, србофилите, југословенофилите за национално и духовно уништување на Македонија и македонскиот народ. Се додека во Македонија не се донесе закон со долната содржина, дотогаш секој ќе посега со валкани раце по историјата, а со тоа и по територијата на Македонија.

Предлог за национален спас на македонскиот народ и Македонија:

Да им се даде време (од шест месеци) и историски вистини напишани од вистински македонски историчари, а не од заблудени словено/славјанофили кои цел живот учеле за Македонија и македонскиот народ само работи кои биле варени во кујните на Москва, Белград, Софија и Атина;

Да се отстранат сите измислени лаги од школските книги во Република Македонија за лажното доаѓање на некакви си словенски племиња во Македонија;

Да се донесе државен закон со кој: Секој што ќе пишува во Република Македонија дека Македонците биле словени-славјани да му се сечат прстите на раката со која пишува; Секој што ќе зборува дека македонскиот народ е од некаквоси словено/славјанско потекло да му се сече јазикот (јас лично сум против смртна казна).

Сигурен сум дека многумина ќе помислат дека сум некој проклет човек, но тоа нека биде нивна работа. Ако можеле некои држави со религиозни закони да сечат раце за ситни кражби или јазици за нечесен живот, тогаш казните кои ги предлагам за спас на минатото, сегашноста, а и иднината на Македонија и македонскот народ, се многу лесни. Во многу држави во светот за национално предавство има јавна смртна казна.

До смрт само за Македонска Македонија!

Ангеле Ламбев - Вретоски


Како Македонците ги снемува!?

Се појави напис во Утрински и во Дневник на 14 ноември дека нашите амбасади и претставништва кутрите се отепале надвор да бараат Македонци за да ги попишат, но одзивот бил мошне слаб!? Не е точно тоа дека, барем во САД каде живеам, македонската амбасада и конзулатот, или кое било македонско претставништво направило нешто за да ги информира македонската иселеници дека можат да се попишат. Меѓутоа, не само тоа, туку печатот од Македонија пренесе противречни вести дека сите што живееле надвор повеќе од една година не можат да се попишат, бидејќи тоа го бара Меѓународната заедница. Ако сите им ургираат тогаш да се фрлиме во Вардар... Впрочем, како и во се друго и во пописот се чини владее целосен хаос и дезорганизација. Затоа да не се чудиме како Македонците ги "снемува".... Секоја цивилизарана држава во светот си ги попишува сите свои граѓани кои потекнуваат од родната грутка-татковина и оттаму се разбира тие сакаат да бидат попишани. Ако барем дел од Македонците (по потекло) добијат македонско државјанство, за нешто што не е против ниту ниедна држава од ЕУ, членка на НАТО, а не постои правна одредба во документите на ООН, тогаш Македонија ќе биде вистинска држава. Затоа без разлика на какво било "ургирање" од надвор, од кое било тело на меѓународната заедница, гледаме до кое ниско дереџе дојдоа нашите власти. Ако беа поорганизирани и поискрени најмалку 80 проценти од Македонците што се иселеници ќе беа жители на Република Македонија. Но, ете нема волја ни абер, а уште помалку организација што само мора да потекне од самата Македонија, нашата матична држава. Можеби ќе се свестиме пред идниот попис, освен ако дотогаш другите етнички заедници кои се попишуваат на "ангро" веќе не станат мнозинство.

Борис Доцевски


Парализирана ситуација во Македонија

Би сакал како прво да му се заблагодарам на вашиот весник кој добро ја анализира ситуацијата во Македонија. Затоа би сакал само да додадам една мала анализа. Ситуацијата кај нас во Македонија во ова време е парализирана. Оваа ситуација ќе продолжи да трае. Ние од почетокот на независноста до ден денес сме парализирани од албанскиот фактор. Оваа политика која се води од политичкиот блок на Албанците во Македонија и на Балканот тактички е спроведена. Целта е да се парализира Македонија, и да не функционира. Стратегијата е да неможе Македонија да спроведе никаква одлука и да функционира државата нормално. Дури да не се реши Албанскиот фактор во неа. Ова е процес кој што трае десет години и ќе се продолжи понатаму затоа што целта на Албанците не е остварена. Тактиката на интервенција е употребена од страна на албанската интелегенција и таа сака да интервенираат големите сили за да може Албанците да добијат нешто повеќе. Но, во таа смисла се гледа дека Запад добро ја прочита албанската цел и затоа не испрати голем број војници во Македонија, во споредба со Косово. Мислам дека Македонија нема голема иднина со политиката и стратегијата што се спроведува. Таа мора да учи од земјите кои со векови го решавале малцинскиот проблем на поинаков начин.

Тешко е да се гледа кога западни интелектуалци зборуваат за промена на границата, апритоа Македонија секогаш губела и ќе губи. Се додека Македонецот не престане да се надева дека некој друг ќе му помогне Македонецот ќе мора сам да си помогне и да си гради своја иднина. Срамно е да се гледа кога Македонецот просперира надвор од својата држава, а во својата татковина неможе тоа да го прави.

З. Милевски, од Австралија


Да не се игра со иднината на Македонија!

Јас многу одамна уште од 1980 година кога на волшебен начин тој, Тупурковски - слично на Трајковски беше избран (поставен) за претседател на младина на Југославија, сум се изјаснил за тоа лице познато како Васил Тупурковски. Од тогаш наваму како што и сами сте можеле да видите само се потврдуваат моите сознанија дека тој (Тупурковски) и понатаму вирее и дури неказнето не навредува.

Како коментар ќе ве потсетам на еден текст што беше испратен до многумина пред четири години. Јас и на ТВ во времето на кампањата го цитирав него и неговата " непринципиелна коалиција која добива и принципиелен народ кој што губи". Но, за жал ефектите изостанаа, изборите однапред беа "кумувани".

Звучи ли ова познато, или е "деза ву", кој ги предаде интересите на Македонците во Западна Македонија? Настаните во Македонија, од последните избори па наваму, нерегуларни зошто никој од Македонците во дијаспората не гласаа, и гласањето за новата Влада кое мина без броење на гласовите "за" или "против", директно ги "заматува водите” во Парламентот, Тоа нас иселениците во прекуокеанските земји сериозно не загрижува.

Се разбира најгласни и најзагризени се Македонците од Западна Македонија, од Тетово до Охрид, и од Скопје, кои најблаго речено чувствуваат дека не само што се измамени, туку ограбени и предадени од "македонската" партија ВМРО, на чело со Љубчо Георгиевски и неговиот партнер од "ДА" Тупурковски. С што е чини дека двајцата имаат сериозен проблем со меморијата, бидејќи заборавиле се "ветуваа". Заборавија какви последици ги чекаат, бидејќи народот за " велепредавство" ќе ги суди. Според збиднувањата во Македонија двајцата се обвинети од Македонците во дијаспората. Тие направија "divide et impera" - "раздели па владеј". Зарем својот македонски народ во Македонија и во дијаспората????

Да не зборуваме за Македонците од Македонија, кои не веруваат дека уште долго можат да толерираат вакво однесување на ново избраниот Парламент, или подобро речено од мнозинството пратеници кои ја уништуваат македонската држава.

Како Македонци не треба да заборавиме на ослепените војници на цар Самоил кои беа водени од еднооки соборци. Нека ми прости за оваа игра на зборови, претседателот Глигоров, бидејќи ова не се однесува на него, и кој се чини се уште не го загубил умот. На сите треба да им е јасно дека Македонците не се слепи и нема да дозволат да ги водат слепци, а второ дека секоја толеранција има граници. Историјата ќе им суди на оние кои се подигруваат со иднината на Македонија и со македонскиот народ. Ако ништо друго сегашната "предавничка" влада ќе биде остро осудувана во дијаспората и за себе направи сериозна опозиција низ целиот свет, составена од чесни и патриотски настроени Македонци. Затоа бараме целосна одговорност од челниците и протагонисти на победничката коалиција!!! Ако состојбата не се поправи под итно, ќе бараме и поништување на изборите и нови предвремени избори. "Славопојки" за Матицата на иселениците и Министерството за иселеници се приказни за мали деца и нека знаат оние кои се сега на власт дека ние во дијаспората не сме толку наивни, ниту ке дозволиме до таа степен да бидеме манипулирани и да се манипулира со нашата родна грутка.

С.Б. Наумовски


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"