вој свет се уште не верува во
господ Исус Христос, нашиот вечен цар и спасител. Сето ова за повеќето луѓе
преставува демагогија и измислени фрази за некаква привидна лакрдија. Ние
сме себични, горди, лоши и му веруваме само на материјалниот свет, а
духовниот (со чекор кон вистината) го забораваме и злоупотребуваме.
Минатото била наша гордост, но денес живееме во еден блуден лавиринт. Зар
жртвата на Бога не беше доволна за ова човештво, за овој универзум, та сега
се делиме, убиваме и уништуваме.
МИСЛИ ИСПОЛНЕТИ СО ГНЕВ
Секојдневните пораки упатени со гнев, омраза и злоба стануваат дел од
нашето секојдневие, дел од нашиот карактер, дел од нашето битие. Во нашите
срце сега постои љубомората. Таа го презеде местото на љубовта. Над
христијанското срце е надвиснат темен облак кој е преобразен во догми,
атеистички тези и нововерски хипокритизам.
Луцифер повторно ја започнува својата матна игра. Овој свет обоен со
сатанизам, верско глобално секташтво и атеисти го уништува и најмалиот зрак
на надеж и љубов. Единствен лек за нашата болка, тага и несреќа е вербата во
Бога, во неговата мисла и сила.

Треба да си подадеме рака за дружба и љубов, да си помогнеме. Сите ние
веруваме во еден Бог (Исус) и сите се молиме за трошка љубов во нашите срца.
Овој свет е гнасен подол и нечист. А за тоа сме виновни ние, божјите чеда.
Залутани од стадото, дозволивме ова парче земја да стане јадро на раздор,
гнев, убиства и солзи. Каде е спасението? Дали постои надеж за човештвото?
МАКЕДОНСКИ НЕПОКОР
Апостол Павле ги проповедаше љубовта, надежта и верата. Тоа и ние треба
да го направиме. Зар не е ова библиска земја? По нејзе чекореа светите отци
Кирил и Методиј, охридскиот заштитник Св. Климент, во нејзе се поставени
темелите на православието, таа беше одговор на сите енигми и мистерии!
Денес е жално да гледаме како народот на ова парче земја чекори со
поднаведната глава, со замаени мисли, со чувство на тага и изгубена надеж.
Македонија и македонскиот народ копнеат по среќа и мир!
Да се посветиме на љубовта и верата! Тоа е нашето спасение! Достојно да
чекориме по браздата на нашите светци, да го продолжиме патот наречен љубов
и единство. Оваа земја и овој народ тоа го заслужуваат.
И во миговите на страв, болка, ужас тие истрпеле и останале непокорни.
Докажале дека верата со која се носат е непокорна, достојна и моќна. Нашата
вера е достојна да ги издржи сите репресии, негирање, неправди и злодела.
Денес кога нашата Свети Климентова црква се соочува со тешки моменти, сите
треба да застанеме и како бастион да ја браниме нејзината светост и невиност.
Овој народ во ниеден момент не се откажал од своето второ ЈАС - верата.
Не случајно сме пример за непокор. Нашиот народ и нашата вера се пиреј кој
вечно ќе вирее на ова тло. И во добро и во лошо.
Амин.