"Аферим" чуварите на македонската ризница, Државниот архив на Македонија,
се почесто ги менуваме како чорапите. А, сега дојде време нашата историја,
нашето богатство, да го чува припадник на т.н ОНА. Алал да им е на концептот.
Се инволвираа во МВР, во АРМ, во Владата и дојде време да ни ја збришат
историјата. Ако не избришаа од политичката карта сега е на ред со гума да ни
ја менуваат историјата, спомениците на културата, народните херои, имињата
на Илинденците и.т.н.
Како тргнале ќе дојде редот и на името Република Македонија. Но, дотогаш
треба да се збришат, или исчезнат досиејата на сепаратистите и за балистите
што убиваа Македонци, силуваа мајки и моми, а притоа грабеа и палеа се што е
македонско. Нели овој концепт на масакрот, на пустошот, на насилијата, на
протерувањата на Македонците од нивните огништа ви е познат!?
Плукнат на минатогодишната албанска еуфорија. ОНА ја повтори македонската
историја. Но, дали македонските политичари имаа памет кога се смилуваа на
албанскиот орел?
ОТВОРЕН ПАТ
Милоста и традиционалната македонска разделеност не доведоа до ова дереџе.
Сега ете им ги отворија архивите. Архивот нема чувари, туку команданти.
Командата му ја додели задачата на командант Шпати. Тој треба да ја изџвака
македонската историја. Затоа рацете му се одврзани. Кој може да го сопре?
Никој. Портирот секое утро ќе му ја отвора капијата, а полицаецот што божем
го чува Архивот ќе му се поклонува. Ќе му симнува шапка, оти му се врзани
рацете. Се си доаѓа на свое место.
Ако со години се обидувавме да го присобереме целокупното македонско
историско и културно богатство за да се бориме против врховистите,
егзархистите и сите други непријатели, со аргументи и докази, сега постои
опасност тоа преку ноќ да исчезне. Тоа му го овозможија на командант Шпати "рамковистите".
Тој сега може да пали и гаси во Државниот архив на Македонија. Впрочем нему
и на другите амнестирани, а сега удобно сместени кадровици на Али Ахмети им
е познато да палат. Го дигнаа во воздух манастирот во Лешок, го осквернавија
манастирот во село Матејче, ги спалија црквите во Тетовско и.т.н...
Зарем ова не се доволни аргументи, докази дека албанските терористи,
странските платеници, Косоварите и другите имаат на ум друга цел. Да ја
збришат Република Македонија. Ако тоа лани го правеа со зулум, божем со
пушка "берданка", сега им е отворен патот да не лишат од нашето национално
чувство. Започува процесот на пребојадисување на македонската историја.
Тогаш човек без историја, без култура, без јазик, може да го наречат како
што сакаат, а можат и да не сместат во лудницата. Бидејќи само луѓето со луд
памет дозволуваат некој да им ја менува историјата.
МУ ДАДОА "АМИН"
Командантот Шпати сега удобно сместен во директорската фотелја може да
работи и да се наситува како што сака. Најверојатно од кабинетот ќе воведе
своја империја која го возвраќа ударот по неколкумесечното патешествие по
кумановските калдрми. За достојниот "борец" достојна и многузначајна
функција. Веруваме дека ролјата што му е доделена успешно ќе ја заврши во
името на "борбата за човекови права и слободи". На тој начин желбите на
многумината националистички настроени Албанци во Македонија полека, но
сигурно се остварува. Меѓутоа, останува неодговорено прашањето зошто
одредени македонски политичари му дадоа "Амин". Очигледно ни самите не знаат
зошто. Така е кога ќе се најдеш во вителот со вода, од него нема лесно да се
извадиш, освен што ти преостанува да се удавиш. Но, сепак најсложена е
ситуацијата на Македонците во просторот што се уште се нарекува Македонија.
Тензијата се уште ја одржуваат малубројните Македонци кои не се предаваат,
но и ним душата им ја одземаат одродниците од Источна Македонија. Нивната
платеничка теза ја урива македонската ранета душа. Затоа треба да се срамиме
од самите себеси, не од непријателот кој е видлив и се наоѓа во еуфорична
експанзија.
ИЗГУБЕНИ ОВЦИ
Албанскиот карван си врви, а кучињата си лаат ли лаат. Но, кој нив ги
слуша кога никој не ги симнува од тронот. Македонците го поставија
Командантот. Сега тој треба да се покаже. Ако ние не знаевме да командуваме
тој ќе ни покаже. Затоа ќе си ја сркаме горчливата чорба што самите си ја
зготвивме. Од него не треба да очекуваме милост кон македонските архиви.
Последната тврдина ја освоија Албанците. Сега прво ќе почнат да ги
изнесуваат досиејата за балистите, па потоа за сепаратистите и на крајот ќе
исчезнат доказите за сите злодела што лани ги направија припадниците на ОНА.
На тој начин нема за што да им се суди во Хаг. По ова ќе се настрват на
македонската историја. Според нивната логика во Република Македонија нема да
живеат Македонци, туку Илири за кои тие се сметаат дека се најстар народ што
го населувал овој малечок простор.
Во тој стеснет простор Македонците ќе се чувствуваат како изгубени овци
кои ќе блеат, а нема кој да ги чуе. Оваа иднина не ни гине. Меѓутоа, се
додека може нешто да се поправи може да се сопре опасното пребојадисување,
исчезнување или палење на доказните архивски материјали за историјатот,
постанокот на Република Македонија и македонскиот народ. Но, ако вака
продолжи да се девалвира македонската нација и држава ние ниту ќе бидеме
народ, ниту нација. Во овој миг на големиот негаторски тренд му сметаат само
чесните Македонци, а додека тие се чувствуваат како Македонци, Македонија ќе
постои.