а подржувам акцијата на руските
сили за совладување на терористите во московскиот театар. Со таквите акции
се покажува цврстината на вистинските лидери" - рече деновиве првиот
Американец, Џорџ Буш алудирајќи на машкоста на неговиот руски колега
Владимир Путин. Е, сега коцките на мозаикот си доаѓаат на вистинското место,
иако и понатаму Американците ја фарбаат светската јавност со напумпани квази
изјави кои треба да послужат за еднократна употреба. Одамна американската
администрација не дала ваква позитивна оценка за своите најголеми ривали и
покрај големиот број цивилни жртви во Дубровка.
МАЛИТЕ И НЕМОЌНИ
Што сака овојпат Вашингтон од Москва? - збунето се прашуваат руските
аналитичари и медиумските магнати. Прашањето е стратешко и на него не е
можно да се даде одговор без соодветна анализа. Не стивнуваат сомневањата
околу учеството во подготовката на заложиничката драма во руската
престолнина, од страна на одредени амеркански гарнитури, по налог на ЦИА, со
која се сакало постигнување на некои ефекти.
Прво, поголема интернационализација на чеченското прашање што и се случи
со двете конференции што се одржаа во Данска, и покрај противењето на Москва,
второ, потикнување на Путин за негова поголема ангажираност во борбата
против глобалниот тероризам, сметјаќи дека тоа што го прави е недоволно и
штетно за американските интереси и трето, можеби најважно, да се обезбеди
подршка од Русија за се поизвесните напади врз Ирак, на што Русите ладно
одговорија дека немаат ниту еден доказ дека Садам Хусеин е поврзан со
светските терористички мрежи. Од ова може да се констатира само половичен
усепх за Соединетите држави.
Препирките и меѓусебните подметувања кои во последно време се еднострани
предизвикуваат потреси на светската политичка сцена, кои повеќе ги засегаат
малите и немоќни држави и народи отколку поголемите. Каде е нашата дражва во
овој глобален хаос? Таа се уште е во сендвичот меѓу истокот и западот,
чекори на работ на мирот и војната, унитарноста и поделбата. Услови се уште
и наметнуваат, притисоци и натаму трпи, и ја подаваат раката за пријателство,
но ризикува да ја отсечат нејзината како недоветна и нееднаква со другите. И
нам минатата година ни режираа холивудски бестселери, но многу поголеми и
многу поопасни од она сценарио во домот на уметноста во Москва. "Со таквите
акции се покажува цврстината на вистинските лидери" - повторно ќе се
навратам на изјавата на Буш. Ние цврстина не покажавме, или не ни дозволија
да покажеме цврстина.
Трајковски, Георгиевски и останатите не беа цврсти како Путин барем
според реториката на американскиот претседател. Со константната дефанзивност
и доведување на проблемите во статус-кво ситуација ја доведовме државата во
мат-позиција. Македонија стана држава на вечни компромиси од кои полза
извлекуваат само оние структури, групи заедници и индивидуи, кои земјата не
ја чувстуваат како своја, кои не ја покажуваат својата лојалност кон неа на
ниту еден начин, кои ги бараат правата, а не ги почитуваат обврските. Точно
е дека демократијата како еден од општествените системи го содржи и
применува начелото на компромис како решение кое задоволува две
спротивставени страни. Но, точно е и дека кога е во прашање државата и
нејзиниот опстој, компромиси нема. Ние веќе дванаесет години преживуваме врз
база на компромисите донесени на штета на земјата. Како песочен часовник
одминува времето по кое некој елегантно и "демократски" би го ставил
посмртниот крст на привремената држава. Сметам дека грешат оние политички
галерии кои се менуваа на власта последнава декада што во своите програми
содржеа клучеви за решавање на проблемите потпрени само врз основата на
остстапки и позитивна дискриминација. Грешеа и грешат затоа што од другата
страна наидуваа на офанзивен и добро консолидиран блок свесен за резултатите
кои може да ги постигне доколку така настапи. Рамковниот договор усвоен и
потипишан минатата година требаше да преставува финална рамка за надоградба
на наводно загрозените човекови права на националните малцинства. Тој беше
најголемиот компромис што која било држва во светот досега го направила. И
повторно не е доволен, не ги усреќи незадоволниците и жедните за крв, чад и
мрши. Зарем наскоро ќе ни биде потребен нов Рамковен договор, нов устав,
ново посредништво, нови компромиси?
Како што тргнале работите ништо повеќе не смее да не изненади. Речиси
секој граѓанин навикна на таквата примена на демократските начела, навикна
на наметнатата консензуалност и од тоа нема бегање. Во оваа држава никогаш
не проработи чувството на политичките сили, а преку нив и на граѓанските
маси дека правата и обврските според некоја логика би требало да одат заедно,
дека ако некој ти даде нешто на користење и помагање тоа треба и да го
почитуваш и оправдаш. Но, овде мирудиите се вешто измешани за де не ја дадат
вистинската миризба и вкус на проектот. Тоа ни ги намалува шансите за
скорешно закрепнување во областите деградирани и разјадени од нарушените
меѓучовечки односи. А, меѓународната заедница поставува нови лимит, 2006-та
година е рокот до кога треба да покажеме европска зрелост доколу сакаме
реални шанси за влез во Северноатланската алијанса. Дотогаш, ако сакаме да
останеме воени партнери на Западот ќе мораме речиси се да тренсформираме. Ќе
не сопираат, ќе не туркаат и однадвор и одвнатре, но се разбира тука се
компромисите како метод со кој повремено добиваме свеж воздух.
АПСАНА
Предизвиците на новото време се пред нас. Серијата на губитнички потези
преземени од сите досегашни гарнитури на владеење нанесе огромна штета со
што секој нов предизвик е многу поопасен и посложен од предходните. Почнаа
да се откажуваат од своето, од прадедовското, само да се добие една епизода
на подарен живот која за кратко поминува. На долги патеки не добиваме ништо.
Но, се во името на соживотот.
Шемшево никогаш повеќе нема да го има Даме Груев, како носител на
образовна установа, Лешок никогаш повеќе нема да го има манастирот како
некогаш, и камбаните никогаш нема да бијат како што биеле. Но, само мир во
куќата нека има. Најголемиот Македонец од минатата година, Мирко Христов
можеби ќе гние во апсана дури две децении што зачудува, бидејќи пукаџиите
денес ги уживаат благодетите од пукањето по фотелјите во кабинетите на
системот. Зошто и овој пукаџија не стане министер или директор на некоја
институција? Можеби затоа што е Македонец? Или пак не е бидејќи самиот вели
дека по сето што му се случи и не сака да биде. И Мирко ќе го проголтаме во
името на мирот и соживотот. Што е следното? Нема да застана тука. "Уште,
уште има" - возбудено ќе дофрли неодамна екс амбасадорот на Македонија во
Данса, Мухамед Халили. Новата постава на Црвенковски понуди нов квалитет во
начинот на водењето и справувањето со купиштата проблеми. Но, првиот и
основен проблем кој бара и време и пот ни малку не е едноставен. Како
Македонија да се зачува македонска? Глупави и наивни се теориите и проектите
за некакви мултиетнички држави и општества во кои сите ги имаат истите права
со носечкиот столб, народот во таа земја. Понизно е за еден автохтон народ,
како што е македонскиот да се изедначува во поглед на се со Бошњаците,
Србите или Ромите кои сите заедно не преставуваат ниту пет проценти од
мнозинското население. Но, тоа е благодетот од мировниот договор. Новиот
елан на новите власти треба да се насочи во правец не на јакнење, туку на
враќање на позицијата на македонскиот народ на степен пропишан со
меѓународните стандарди исто онака како што се Французите во Франција,
Германците во Германија и Американците во САД. Европа бара цврстина на
народите, за да можат да влезат низ нејзините порти. А, дали денес ние сме
народ во вистинска смисла на зборат? Не очекувајте и поренешните и
актуелните властодршци да ви го дадат одговорто кој вие наизуст го знаете.
Тие секогаш ќе ве уверуваат во спортивното, во постигнувањата, во
демократијата. Тие ќе ве уверуваат дека за комплетна и целосна
имплементација на договореното треба да станете член на ДУИ и во Кратово,
Пехчево, Делчево, Берово... Ќе ве уверуваат дека Мекедонија може да опстане
и да се врати на нормалата доколку Македонецот од истокот на државата го има
Али Ахмети за свој партиски претедател. Спортивното би било поразително. Тоа
би било нешто слично кога Србите од северниот дел на Косовска Митровица би
пристапиле во редовите на партијата на косовскиот касап, Хашим Тачи. Но, тие
ја немаат таквата "доблест" како нашите продадени и предадени "Македончиња"
јод источниот дел.
ДОДВОРУВАЊЕ
Се поставува само прашањето зошто ниту еден тетовски или гостиварски
Македонец не стана член на соодветните ограноци на ДУИ во Западна
Македонија? Не стана, зошто членовите на тие ограноци на тој Македонец му ја
запалија куќата, му ја силуваа жената, му го убија синот бранител на
татковината, зошто тој Македонец повеќе не е Тетовчанец, туку "Скопјанец"
фрлен во некој ќош на некој привремен дом. Новопечените членови на ДУИ,
етнички Македонци не сакаат да ги видат тоа и со членските книшки на кои
стои двоглавиот орел од Тирана се откажаа од пролеаната крв на паднатите во
Вејце, Карпалак и Љуботен, загинати токму од раката на нивниот нов партиски
водач. Но, добро било за соживотот, така Македонија ќе останела и ќе
застанела на здрави нозе. Уште колку солени води Македонците треба да
пропијат, уште колку незасушени рани да измијат за да ја разбудат
вистинската и чистата совест. Моќниците забораваат дека со вакви и слични
експерименти не се гради и не се чува држава. Се радуваат на аплаузите на
Солана, Патен и Робертсон на кои воопшто не им е грижа како ние
експериментираме со нашиот мир и соживот. Со форсирањето на филмот во кој се
станува партиски војник и приврзаник на паритја од калибарот на Ал Каида,
Џама Исламија, Хамас и ним сличните наскоро ќе добиеме контра ефекти,
бидјеќи сето она што досега се спровело по неприроден пат не доживеало
среќен крај. Добро е што се прават обиди за нешто што би требало да има
позитивен резултат, но ваквите квази-проекти со елементи на додворување кон
спротивниот етнос за политички поени кај сопствениот етнос не носат
благодети на долг рок. Речиси сите однадвор и одвнатре засилено не убедуваат
дека земјава полека, но сигурно се враќа на нормален колосек. Визуелно
погледнато можеби е така. Но, зошто потсвесно чувствувам дека од година на
година Македонија е се помалку Македонија? Кој знае можеби тоа е иднината на
оваа земја!?