ВОЈНА

ОНА - Терористичка паравојска во Македонија (7)

ЏАМИИТЕ - ЦЕНТРИ ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

  • Според изворите на македонските служби за безбедност ЕЛФАТИХ ХУСАНЕИН престојувал во Македонија, активно учествувајќи на страната на албанските терористи. Низ Македонија се движел, користејќи ги возилата на меѓународните сили со француски ознаки.
  • Покрај донации и харач, продажба на дрога, трет е шверцот со цигари и алкохол, потоа шверцот на оружје и четврт извор за финансирање на терористите е трговијата со "бело робје". Цената на една купопродажба на девојка или жена (проститутка) зависи од "состојбата на стоката", а се движи помеѓу 500 и 1500 долари. Меѓу нив има и девојчиња од 12 години!

Во круговите на тајните служби на балканските простори добро е познато дека македонските специјални служби - ДБК и АРМ имаат посебно успешен продор во Иранската разузнавачка служба преку квалитетната мрежа на албанската агентура. Токму информациите добиени од македонските разузнавачки и контраразузнавачки служби им помогнале на ЦИА и НАТО да го елиминираат брилијантниот стручњак за тајни операции на Иранската разузнавачка служба за Балканот - БАЈАТА.

Централната шпионска агенција на САД својот двоен морал го манифестирала многу пати во односите со "пријателските служби" во кои би требало да спаѓаат и нашите безбедносни структури. Разузнавачката заедница на САД и Пентагон перманентно одржувале тесни врски со најекстремните муслимански фундаменталисти од Техеран по победата на ајатолахот Хомеини.

Во содејство со злосторниците од иранската шпионска заедница, ЦИА ги подготвувала муџахедините, талибанците, хероите на интифадата, припадниците на Хамас и Хезболах, терористите од Босна, Чеченија, Космет и Македонија. Утре тие ќе бидат во Грција, Бугарија, Турција, Грузија, Украина, Узбекистан, Азербејџан и Молдавија за на крајот се да заврши со Русија. Дотука интересите на ЦИА и Иранската тајна служба се идентични, но светите воини на Алахот имаат крајна цел: освојување на светот и преведување во исламската вера на сите неверници. Денес ги има повеќе од една милјарда. За илјада години, со ваква агресивна политика, светот треба да биде исламски. Таков е заклучокот на Исламската светска интернационала, а за неговото реализирање сесрдно се ангажирани заговорниците на Новиот светски поредок.

ХУМАНИТАРЕН ТЕРОРИЗАМ

Во валканите операции ширум светот се вклучуваат верските фанатици. Џамиите стануваат центри за субверзивна терористичка дејност. Хуманитарните и други невладини организации се пунктови за засолнување на шпиони и мрежата на исламските разузнувачки структури. Вистинските конкретни примери на оваа шема за терористичко дејствување можат да се согледат врз примерите на Босна, Албанија, Косово и Метохија, Македонија и Чеченија. Војната во Босна послужила како идеален повод за натамошно ширење на глобалната исламска терористичка инфраструктура. Од страна на екстремни исламисти оваа војна е сфатена како можност, поради геостратешката положба на Балканот, да се создаде сигурно упориште за натамошен продор кон Европа. Работјеќи според инструкициите добиени преку MILITARY PROFESSIONAL RESOURCES INC, компанија на "воени ветерани" и "кучиња на војната" чие седиште се наоѓа во Александрија, сојузна држава Вирџинија, во кои како покритие за терористичките активности се ползуваат хуманитарните, образовните, верските и други организации, исламските терористи и нивните спонзори, само на просторите на Хрватска регистрирале околу 50 такви организации. Некои од најзначајните за импорт на тероризмот на овие простори биле: TWRA, IGASA, AL KIFAN, Биро за исламски позив, Саудиски комитет за бегалци, хуманитарна кувајтска агенција, AL HARAMAIN, Фонд за препород на исламот и др. На чело на регионалната канцеларија на IGASA која дејствувала од седиштето во Виена во 1993 година, бил поставен Алжирецот АБДЕЛ АЛИС ЗАХЕР. Оваа хуманитарна организација имала свои испостави во Скопје (раководител Алжирецот АБУ МУХАМЕД) и во Загреб (раководителот Алжирецот LAMRANI JAMEL познат по военот име АБУ МУСАБ). После војувањето во Босна се борат на Косово. Еден од нив е инструктор во единицата за муџахедини "АБУ БЕКИР СИДИК". По апсењето сите членови на IGASA биле протерани од Југославија. Организацијата IGASA главно се занимавала со логистика и доставување на оружје и муниција за исламските терористи на теренот меѓу кои биле и албанските качачко-балистички банди во Македонија. Најекспонираните во TWRA бил ЕЛФАТИХ ХУСАНЕИН близок пријател на Алија Изетбеговиќ. Од Австрија заминал за Истанбул откако открил дека му се подтотвува апсење во врска со перење пари и шверц со оружје. Преку него и претставниците на DIE ERSTE OSTERREICH BANK во периодот 1992-1995 година, поминале 350 милиони долари. Најголем дел од тие пари бил потрошен за купување на оружје, а еден дел е употебен за подмитување на властите во Хрватска и Словенија, односно Албанија и Македонија. Според изворите на македонските служби за безбедност ЕЛФАТИХ ХУСАНЕИН престојувал во Македонија, активно учествувајќи на страната на албанските терористи. Низ Македонија се движел, користејќи ги возилата на меѓународните сили со француски ознаки, користејќи се притоа со лажни патни исправи на БИХ и бил главен организатор на камповите за воена обука на ОНА во месноста Бајрам Цури, Тропоја и Кукс во Албанија, кај Велики Трновац во јужна Србија и Слупчане и Лешница во Мекедонија. Изворите на ДБК и Агенцијата за разузнавање како главен човек на Ал Каида за југоисточна Европа и координатор на исламската мрежа го оценуваат токму него, а негов главен резидент за Македонија бил Саудиецот УМАР АЛВАДИ. Човекот број еден во каналот за шверц со оружје потребно за исламските и албанските терористи бил ДИТЕР ХОФМАН кого го ангажирал Елфатих. Неговата компанија "ЛЕТЕЧКИ ТИГРИ", за две години во Босна префрлила неколку стотини тони разна воена опрема. Еден од повеќето канали бил: Картум-утовар, Марибор-слетување и истовар, транспорт преку Сплит, по долината на Неретва до Јабланица со хеликоптери или камиони.

МОЌТА НА АЛБАНСКОТО ЛОБИ!

Владите на западните земји и САД, кај нас познати под прозаичното име "меѓународна заедница" на сториле ништо конкретно да го спречат влегувањето на терористите, нивната обука и финансиите, развојот и воспоставувањето на нивната мрежа иако уште во 1993 гдоина знаеле за овие акции, а преку безбедносните структури на Република Македонија во 1995 година во детали биле информирани за создавање на тајните ќелии на радикалните исламски фундаменталистички групи на Балканот, во Европа и во САД. Кога Фрањо Туѓман ги прашал американските претставници кои биле во Загреб дали да дозволи терористите и оружјето да преминуваат преку територијата на Хрватска тие одбиле да дадат конкретен одговор. Токму во тоа време и најмногу оружје САД му продавале на Техеран, Бон. А било утврдено дека САД не продавале директно оружје на муслуманите во Босна, односно дека тоа го правел Иран, а оружјето пристигнувало преку Словенија и Хрватска. БНД ќе констатира: благодарејќи на фактот што во редовите на својата војска ги примил најкрвавите терористи на денешницата Изетбеговиќ од Босна, направил сигурна база во срцето на Европа, за исламските терористички групи кои дејноста ја прошириле и во Косово, Македонија, јужна Србија, дел на Црна Гора. Терористичката инфраструктура во Албанија, според БНД, била создадена во 1994 година кога оваа земја ја посетил и Осама бин Ладен, а со директна согласност на Сали Бериша и Албанската тајна служба. Оваа исламска терористичка инфраструктура и оска на релацијата Италија-Босна-Албанија-Македонија-Бугарија станала загрижувачка опасна уште во 1997 година кога италијанската мрежа во тесна соработка со босанската и под команда на Ајман ал Завахири направила обид за атентат врз Папата Јован Павле II. Од изворите на БНД, ЦИА, МОСАД, но и Иранската разузнавачка служба можни се комплексни сознанија кои се однесуваат на Македонскиот фронт. Во рамките на албанскиот терористички фронт на Балканот, на просторот на Макеоднија исто така дејствува и исламскиот терористички фактор. Воен командант е МУХАМЕД ХАДАФАН Гамили, а политичкото крило го предводи шеикот АХМЕД АЛИ САДАН. Еден од главните луѓе за трансфер на муџахедини и транспорт на оружје од Албанија во Македонија е Сељадин Џеза, познат како Хоџа кој како муџахедин војувал во Босна и во Чеченија. Во мигот се наоѓа во Скопје во една од базите стационирани кај пазарчето Буњаковец. Разузнавачките проценки говорат дека треба да се очекува ширење на исламската радикална експанзија кон Црна Гора, Грција, но и Бугарија и Турција. Благодарение на базата која е развиена на просторот Босна-Албанија-Македонија-Косово-југ на Србија-Бугарија, тероризмот е во можност да развие широк спектар на своите уривачки дејствија. Во блиска иднина може да се очекува натамошно ширење и на просторите на кои не живее многубројно албанско односно муслиманско население. Но, да се вратиме на состојбите во Македонија и улогата која ја имаа наводно хумантираните организации во процесот на поделба на државата. Дел од тие организации е сочинет од "Татковината повикува", "Гласот на татковината", "Национална слобода", сите под контрола на "Народното движење на Косово" формирани во САД и Европа, потоа "Летечки тигри" под контрола на ЦИА, "МИЛИ ГЕРУС" во Германија која има во сопственост преку 500 џамии каде што се собираат доброволните прилози и харачот. Постојат одредени оперативни сознанија дека Иранската разузнавачка служба преку тајните фондови и одделни исламски хуманитарни организации доставила средства за изградба на 50 џамии во Македонија од кои 10 би биле во Скопје. Покрај изградбата на џамија во Шуто Оризари се предвидува изградба на исламски храмови и во општините Кисела Вода, Карпош, Центар и Ѓорче Петров. Во валканите акции се вклучиле и некои хуманитарни друштва, кои подоцна свесно продолжиле да ја подржуваат ОВК и ОНА, добивајќи за таа цел и донации од повеќе арапски и муслимански земји. Меѓу нив се и: "Мајка Тереза" чие име е злоупотребено, "Каритас" во Хрватска, Босна, Косово, Македонија... Покрај донации и харач, продажба на дрога, трет е шверцот со цигари и алкохол, потоа шверцот на оружје и четврт извор за финансирање на терористите е трговијата со "бело робје". Цената на една купопродажба на девојка или жена (проститутка) зависи од "состојбата на стоката", а се движи помеѓу 500 и 1500 долари. Меѓу нив има и девојчиња од 12 години. Во самата воена база "Бондстил" на Косово има ококу 2000 девојки за "сексуална рекреација" на американските војници и другиот персонал, а околу базата во Урошевац постојат уште десетина јавни куќи кои ги држат поранешни припадници на ОВК во партнерство со американски и НАТО војници и офицери, чиновници на ООН и друга меѓунардона мафија. Ова зло се шири како епидемија - вели Бабановски и во него учествуваат голем број кланови во Албанија, Косово и Македонија, а меѓународната заедница затвора очи пред истото. Албанските терористи во Македонија своевремено бројни донации примале и од ЃУРА ЉУТВИ од Велес кој сега живее во Женева, БЕРАТ ДЕРАЛА од Тетово, живее во Њујорк, сопственик на синџир ресторани и еден од позначајните донатори на фондовите од кои се финансираат терористите. Меѓу најистакнатите спонзори е и БЕЏЕТ ПАЦОЛИ од село МАРОВАЦ кај Приштина. Тој е сопственик на прокетанско-градежната фирма "МАБАТЕКС" со седиште во Лугано. По својата финансиска моќ таа се наоѓа меѓу 10-те најсилни фирми во Швајцарија. На територијата на Македонија ПАЦОЛИ преку една авио компанија, го држи бизнисот со авиопревозот. Преку свои луѓе од Турција и Германија настојуваше да ги добие концесиите за користење на цивилниот аеродром "ПЕТРОВЕЦ". Постојат непроверени податоци дека ПАЦОЛИ го има изработено проектот за германската воена база во "БУНАРЏИК" на просторот каде што се наоѓаат "ЗЕЛЕНИТЕ ЛИСИЦИ" од СРГ. Таа база треба да биде пандан на "Бондстил" само што ќе биде поголема.

(Продолжува)


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"