олку и дали Ахмети е лојален на
дадениот збор особено неговото претставување како "мировник" по одржаната
Конференција во Луцерн посветена на Албанците и на нивните соседи на
Балканот останува голема енигма?!
Може ли да му се верува на човекот кој е верник, но иако религијата не му
дозволува алкохол, сепак наздравува со виски?
Може ли да му се верува на Али кој преку ноќ ја соблече воената униформа
ги "заплакна" закрвавени раце и блесна во одело на Армани?
Може ли да му се верува на Ахмети кој од "анонимус" стана водечки човек
меѓу албанското население газејќи ги како мравки Џафери, Алити и други
довчера звучни, доминантни имиња на албанската политичка сцена?
Може ли да му се верува на еден Али Ахмети кој од "персона нон грата" на
црната листа на Буш, стана фактор за стабилност на целиот Балкан?
Може ли да му се верува на човек кој свесно ја лажеше Швајцарија
остварувајќи социјални привилегии?
Сигурно би продолжиле до бесконечност, но дали дојде време кога човекот
од калибарот на Ахмети се осврна околу себе и констатира дека поважни од
орелот и лавот сепак се обичните луѓе кои од ден на ден тонат во социјалната
бездна во општеството!
ПОМИРУВАЊЕ
На дводневната конференција за Албанците и нивните соседи на Балканот,
која се одржа во Луцерн, Швајцарија, лидерот на ДУИ, екс-водачот на ОНА, Али
Ахмети од своја страна рекол дека се заинтересирани за независна и стабилна
Македонија. Тој потенцирал дека се подготвени да сторат се во насока на
целосно исполнување на Рамковниот договор и да ја ослободат државава од
стравот за какви било војни, или за каква било промена на границите. Ахмети
изјавил дека Албанците во Македонија треба да ги почитуваат државните
симболи и дека постои подготвеност тоа да го прават. Лидерот на ДУИ додал
дека тие знаат дека со Рамковниот договор не е предвидена промена на
државните симболи и се додека не се случи тоа Албанците треба да покажат
дека ги почитуваат државните симболи на Република Македонија. Но, неговите
сопартијци според изјавите во медиумите размислуваат поинаку, барем според
нивните изјави. Рафиз Алити, еден од потпретседателите на ДУИ, за весникот
на албански јазик "Факти" изјави дека државното знаме на Македонија треба да
се промени.
Ние сме декларирани дека Македонија е наша држава и ова знаме треба да
биде знаме на сите, а не само на дел од народите во Македонија, изјави
Алити.
Покрај ова контрадикторно прашање Ахмети во Луцерн рекол дека тој лично
смета дека Албанците направиле голема грешка во Македонија кога не гласале
за референдумот за независност на Македонија, а дека идејата за референдум
за Илирида била еден обичен политички маркетинг. Интересно е да се праша
господинот Ахмети чиј и со какви цели бил тој маркетинг?
Беа дадени силни гаранции од страна на Албанците во Албанија (учествуваше
Фатос Нано, Сали Бериша), дека идејата за голема Албанија нема политичка
поддршка кај ниту еден сериозен политички субјект кај Албанците и дека таа
постои во главите на одделни интелектуалци и мали политички групации коишто
реално во ниту една од овие земји не добиваат каква било политичка поддршка,
изјави Ѓорѓи Спасов од СДСМ кој покрај Шекеринска, Ахмети и Буџаку
учествуваше на конференцијата во Луцерн.
ТРКАЛЕЗНА МАСА
На тркалезна маса на Конференцијата се дискутирало за независноста на
Косово, при што сите учесници на дебатата прифатиле дека е важно да се даде
предност на стандардите пред статусот. Тоа од нашата делегација е
протолкувано дека Косово може да инсистира на промена на статусот откако ќе
исполни одредени стандарди во поглед на владеењето на правото, во поглед на
безбедноста на граѓаните, на заштитата на правата на малцинствата и ќе
изгради институции способни за развој на мултиетничкото општество. Но,
наспроти тоа потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи дава поддршка за
независно Косово.
Независно Косово нема да претставува ризик по стабилноста на Македонија и
во регионот. Напротив, тоа ќе рефлектира стабилност во целиот регион,
изјави потпретседателката на ДУИ, Арифи.
Трите албански партии, ДУИ, ПДП и НДП силно ја поддржуваат идејата за
независно Косово и се залагаат да се преиспита договорот за разграничување
постигнат меѓу Југославија и Македонија. Тие сметаат дека независноста на
Косово ќе придонесе за стабилизација на регионот, исто како и корекција на
границата за што договорот треба да се направи со надлежните институции во
провинцијата. Како коментар на овие ставови и како одговор на косовскиот
премиер Реџепи, министерот за одбрана Владо Бучковски изјави дека новата
влада нема да го враќа веќе затвореното прашање за границата меѓу Македонија
и СРЈ. Интересно е да се напомене дека Бајрам Реџепи во Швајцарија
дал цврсти гаранции дека не се заинтересирани ниту за педа од македонската
територија. Сепак, ќе се согласиме дека педа е премалку за нечии
мегаломански претензии!
РАДИКАЛИЗАЦИЈА ?
Мешаните полициски патроли се попречени од локалното население да
патролираат во Танушевци, местото од каде се распламти војната во Македонија.
Екрем Шеху од Качаник, поранешен припадник на терористичкиот одред "Црни
орли" кој сега е разбиен на Косово е предводник на петнаесет вооружени
терористи кои се кријат во Танушевци од потерата на полицијата на УНМИК.
Оваа информација е демантирана од АРМ и МВР, но за оние кои ги служи
сеќавањето тие истото го тврдеа и пред отпочнувањето на воените дејствија во
нашата земја минатата година. Во петнаесетчлената група има и припадници на
таканаречениот "Бали комбтар" или "Народен фронт", а на Косово е
регистрирана како политичка партија што дејствува во градовите Качаник и
Призрен. Но, има нешто што е мошне радикално во сето ова. Имено танушевчани
бараат да се отвори граничен премин кон Витина и да се затворат три караули
на АРМ, зашто во спротивно ќе биде Палестина. Освен тоа во медиумите имаше
информации дека и во Отља се забележани криминални банди. Според
разузнувачки извори таму е забележана вооружена група од околу 20 лица, сите
поранешни припадници на ОНА, кои сега дејствуваат како криминална банда.
Оваа група организира транспорт на дрога од Бугарија за Косово, како и
илегални транспорти на луѓе и добиток. Групата наводно ја предводи лицето
Сулејман Хазири од Витина, Косово кој сам се прогласил за "командант" на
Карадак. Уште една потврда дека покрај наводната борба за човекови права,
Албанците ја водат и битката за доминантност на пазарот на наркотици и бело
робје! Мошне заканувачки и амбициозно! Но, Албанците не остануваат само на
зборови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Тие полека стануваат доминантен фактор за стабилност во еден поширок
регион, каде Македонија е само "мала трошка". Зад Албанците стои силно и
моќно лоби, а стои е моментно најдоминантната сила на подземјето во светот.
Како доказ за нивната "послушност" и "лојалност" е (не)успехот на ветувањето
на премиерот Црвенковски за враќање на името на Основното училиште во
тетовското село Шемшево. Покрај одлуката на премиерот на училиштето да му се
врати старото име "Даме Груев" и да се отстрани бистата на "Јумни Јонузи" од
училишниот двор, сепак албанското население не се согласува со одлученото и
сака нивниот збор да биде последен.
Скопскиот весник на албански јазик, "Факти" упати предупредување дека
доколку актуелниот попис на населението покаже дека во Македонија има
помалку од 700.000 Албанци, ќе може да се рече дека станува збор за
фалсификат. Според весникот процентот од 22,7 ниту во претходниот попис,
ниту сега не ја изразува реалната бројка на Албанците во Македонија. Според
"Факти", преходните пописи во 1991 и 1994 година не ги зеле предвид
параметрите што поизлегуваат од вкупниот број муслимани во Македонија, потоа
од бројноста на албанскиот електорат, бројот на телевизиските претплатници,
даночните обврзници, претплатници на мобилни и фиксни телефони, бројот на
учениците и студентите Албанци итн...
Сега дури може да ни стане јасно зошто во текот на пописната процедура
имаше случаи на фалсификување на пописни материјали, а Македонците-муслимани
ги принудуваа да се евидентираат како Турци или Албанци. Со други зборови
пристигна уште едно предупредување на сметка на мирот и стабилноста на
кутрата ни мајка Македонија.
Важно, на конференцијата во Луцерн, секретарот на СДСМ, Спасов си се
напил кафе со Ахмети, но на кого му било "слатко", а на кого "горко" не се
знае!