и среќаваме на секој чекор, како
не прогонуваат на раскрсниците, мостовите, тротоарите, како "чепкаат" по
контејнерите, сепак луѓето се прават како да не ги забележуваат, бидејќи
многу од граѓаните не се подалеку од нивното "дереџе"- од бездомништвото.
Социјалната беда претвори многу луѓе во сиромашни и бездомници.
Бригада од невработени, стечајци, технолошки вишок, штрајкувачи и други
социјално загрозени лица се на прагот на сиромаштијата.
Резултатите од истражувањето за бездомништвото на територијата на Скопје,
кое го спроведе Градскиот комитет за општествени дејности во соработка со
Центарот за социјални работи говорат дека на скопските улици, паркови и под
мостовите живеат околу 54 бездомници. Од нив 32 се мажи, а другите се жени.
Најмногу бездомници има во центарот на градот и во општината Кисела вода.
Меѓу нив има и самци, но повеќето од луѓето се семејства што живеат без
постојан дом и се делумно или целосно изолирани. Повеќето од бездомниците се
на возраст од 30 до 45 години. Според истражувањата во Скопје четвртина од
луѓето што немаат живеалишта имаат меѓу 15 и 30 години, а 11 отсто се
постари од 60 години. Она што е карактеристично за сите бездомници е тоа што
ги има од сите вери и нации. Покрај Скопје во останатите градови во
Република Македонија исто така има најмалку 5-10 лица кои немаат каде да
преноќат.
СТРАТЕГИЈА
Фактот говори дека во Република Македонија има приближно 500.000
сиромашни лица, или поточно, една четвртина од вкупната популација на
државава живее под егзистенцијалниот минимум, утврден како критериум за
оценка на квалитативот - сиромаштија. Ќе се запрашаме што се прави во поглед
на изработување на стратегија, програма за справување со сиромаштијата од
страна на надлежните субјекти во државава? Министерството за финансии од
претходниот состав започна со долгорочна стратегија за решевање на овој
проблем. За оваа цел беше формиран Работен комитет чиј претседател беше
екс-министерот за финансии, Никола Груевски. Според информациите вакви
стратегии се изработуваат во 60 земји во светот. Светската банка и
британското Министерство за меѓународен развој го помагаат изработувањето на
ваков вид национални стратегии само во еден дел од овие 60 земји.
Методологијата на истражувањата, опсегот на вклучени учесници во изработката
на стратегијата ги определува Република Македонија, согласно со своите
демографски, географски, стопански, културни и други специфики. Сепак, денес
имаме нов состав во Министерството за финансии и се уште не е познато што
превзема на полето наречено сиромаштија, во кое најзасегнати се и луѓето кои
живеат под ведро небо. За жал, луѓето бездомници од ден на ден како да се се
повеќебројни.
ЖРТВИ
Неодамнешните истражувања укажуваат дека повеќето од бездомниците се
жртви на насилство, а дел од нив биле злоупотребувани во детството. Многу од
нив ја загубиле работата, а сите го загубиле имотот. Најголем дел од нив 52
отсто, се бездомници од финансиски причини, а сите се невработени.
Половината од нив примаат постојана парична помош од Центарот за социјални
работи, околу 20 отсто заработуваат со питање. Другите се хранат од
контејнерите. Во анализата е потенцирано дека тие се изложени на голем ризик
од респираторни, ХИВ-инфекции, хепатитис и од кожни болести. Повеќето од нив
немаат лични исправи и се без здравствено осигурување. Животот под ведро
небо е виновникот што 59 отсто од бездомниците се со нарушено здравје. Но,
истражувањата говорат и дека секој четврти од бездомниците е зависник од
дрога или од алкохол, а 25 отсто од луѓето без живеалишта се ментално болни.
Констатирано е дека станува збор за луѓе кои се без образование, односно 64
отсто воопшто не се образувале. Најмногу од бездомниците се Роми, дури 63
отсто. Пет од вкупно 54 лица без дом се Македонци.
Направените анализи како застрашувачки ги посочуваат податоците дека цели
семејства им припаѓаат на категоријата луѓе класифицирана како бездомници,
односно 45 отсто од регистрираните се семејства. Според истражувањата, кај
нас рапидно се зголемува токму бројот на бездомните семејства. Најлошо од
сето ова е фактот што меѓу луѓето без кров над главата има многу деца кои
живеат во несредени и нездрави услови.
ЦЕНТАР
На улицата "Лазар Личеноски" број 58 во близина на спортско-рекреативниот
центар "Кале" во Скопје наскоро ќе биде отворен и првиот дневен центар за
луѓето без дом. Овој центар ќе го отвори хуманитарната организација "Центар
за борба против бездомништвото". На површина од 285 квадратни метри се
планира да има четири соби во што дневно ќе се згрижуваат по тројца
бездомници. На нив ќе им биде пружена лекарска помош од општ лекар -
волонтер, ќе добијат хигиенски третман, храна и чиста облека. На располагање
ќе им биде и стручна екипа составена од социолог и психолог.
Целта на Дневниот центар е да им се понуди грижа на сите луѓе, што од
било која причина останале без дом. Вториот правец во кој како организација
ќе делуваме е развивање на научни активности околу осознавање на карактерот
на самата појава, а се со цел за полесно делување во практичниот дел.
Третиот сегмент на нашата работа ќе биде заштита на уставното право на
граѓанинот на стан, појасни Љупчо Цветковски, претседател на "Центарот
за борба против бездомништвото" и професор на факултетот за социологија.
Професорот Цветковски досега бездомништвото го испитувал на 55 лица,
бездомници. За нивно третирање очекува помош од сите хумани луѓе во државава
за реновирање и опремување на бараката за што му се потребни околу 50 илјади
евра.
Покрај "Центар за борба против бездомништвото" постои и хуманитарната
организација "Хуманитарен македонски национален центар" која веќе две години
се обидува да добие локација за отварање на прифатилишта за оваа категорија
на луѓе.
Со доаѓањето на зимата температурите стануваат се пониски, а тоа за
бездомниците покрај борбата со гладот, претставува најголем проблем.
Минатата зима од студ починале околу шест лица кои живееле под ведро небо на
температури под нулата. Некои луѓе преземаат активности за да ги "задомат"
бездомниците, но сепак би било најдобро кога ваква категорија на луѓе
воопшто не би постоела во нашата држава и кога сите семејства би биле
згрижени и егзистенијално релаксирани!