авршните работи, околу пописот,
во пописниот реон 22 - Дебар, Центар Жупа, се при крај. Државната и
Реонската пописна комисија си дозволи Македонците со исламска вероисповед
преку пописот, односно попишувачите да го "одроди" овој дел од македонскиот
народ, а дури даму го "фасификува" македонскиот мајчин јазик. Еден голем
број на граѓани селата Отишани и Џепиште, попишувачот Абдула Фидовски, ги
попишал како "Турци" и "Албанци", а покрај тоа како нивен "мајчин јазик" го
запишал турскиот и албанскиот. Ваков е случајот со сите села во општина
Жупа-Дебарско.
Поради овие причини бараме целиот Попис да се поништи, а против
попишувачите да се применат казнетите одредби од законот. Особено да се
побара целосна законска, стручно-професионална одговорност од главниот
државен инструктор, г-ѓа Катерина Костадинова-Даскалоска.
Со овој попис се фалсификуваа имиња од македонската топонимија, на цели
села и населби како на пример: Дебар во Дебре-де, Горно Косоврасти во Јокари
Косовраст, Долно Косоврасти -Агаши Косовраст, Јокари Жупа и сл. Првата
главна фаза од започнатите "асимилациони процеси" врз Македонците и
македонските територии во западниот дел завршија. Писмените докази се собраа,
а утре во името на демократијата "граѓанските права и слободи" мирот,
соживотот и меѓунационалната и конфесионалната толеранција (со помош на
меѓународниот фактор) ќе се извади на маса проектот на МАНУ и Ефремов за
размена на луѓе и територии. Ќе следи нов Охридски договор или меѓународна
конференција за едно поинакво "цртање на границите" на Македонија во која
место ќе има за сите, само "НЕ" за Македонците.
Ова беше искажано на состанокот во ОЗ на МИР во Дебар кое заедно со
претседателството за опстанок на Македонците во Дебар и Дебарско најави,
остра реакција - протести и јавни демонстрација, доколку не дојде до
поништување на Пописот во овие региони и не се изврши повторно попиќување
попис, овој пат со посредство на "големите душегрижници" за права и слободи,
меѓународниот фактор и експертите на Европа. Ние, Македонците, дојдовме во
состојба во нашата држава да ги штитиме правата на сопствениот народ и за
жал и тоа ни се случува. Нашата судбина е слична, или идентична со судбината
на Ирците, Курдите, Баскијците!
Ако овој пат дојде до спрега помеѓу екстремниот албански и турски
национализам, во кој се попишуваше без документи, или од возрасните лица се
бараа изводи од матичната книга на родените кои на разни начини се испраќаа
преку факсови од сите краишта на светот, а притоа и по 30 години се надвор
од земјава, Македонија по обработка на резултатите ја очекува бројката од "фифти-фифти".
Односот на Македонците и другите не-македонски ентитети ќе биде ист, односно
треба да се подготвиме за новите поделби кантонизации, федерализации за што
"старата дама" одамна се залага!