Стоп за насилство, партиска и каква било друга злоупотреба на децата и
младите во Македонија
Во нашава земја која ги обединува световите е потребно сите да се
прегрнеме и да живееме заедно. Македонија е премногу мала за големеите
проблеми кои се наметнуваат и кои ги вклучуваат децата и младите во разните
партиски цели, националистички и шовинистички еуфоризми.
Затоа, Детскиот парламент на Македонија кој развива хумана и демократска
свест и меѓународна соработка, го упатува овој повик; Да речеме СТОП НА
НАСИЛСТВОТО МЕЃУ И ВРЗ ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ. Исто така, повикуваме за
СТОПИРАЊЕ НА ПАРТИСКИТЕ ИЛИ КАКВИ БИЛО ДРУГИ ЗЛОУПОТРЕБИ ШТО СЕ ВРШАТ ВРЗ
ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ КАЈ НАС.
Согласно Конвенцијата за правата на децата е предвидено детето да се
подготви за одговорен живот во слободно општество, во дух на разбирање, мир,
толеранција, еднаквост на половите и пријателство меѓу сите народи,
етничките, националните и верските групи, и лицата од автохотно потекло.
Децата треба да го уживаат ова право, но и да ја сносат одговорноста за
негова имплементација.
За таа цел, ДПМ, од 29 септември до 01 ноември 2002 година, во хотелот "Александар
Палас" на Саемот на невладини организации, на својот штанд ќе даде можност
за собирање потписи за СТОПИРАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО МЕЃУ И ВРЗ МЛАДИТЕ И
ДЕЦАТА И СТОПИРАЊЕ ЗА ПАРТИСКИТЕ И ДРУГИТЕ, КАКВИ БИЛО ЗЛОУПОТРЕБИ. Затоа
Ве повикуваме вас како подинци да се потпишете со што и вие ќе го
поддржите овој потег.
За медиумите, членовите на ДПМ ќе бидат на располагање за прес инфорамции
и сопствени ставови околу актуелните ситуации поврзани со децата и младите
во Македонија, секој ден од 13 до 17 часот на Штандот на Детскиот парламент
на Македонија.
Од ДПМ:
Загубата на еден човек е загуба за сите. Загубата на дете или младинец е
преголема загуба. Легитимното право за претставување на средношколците ќе го
има единствено онаа средношколска организација која ќе ги обединува нив, а
не да прави поделби.
Легитимното право за претставување на студентите ќе го има оној лидер кој
ќе се залага за студентските интереси, а не оној кој ќе биде посветен на
тужби за докажување на својот статус.
Детски парламент на Македонија
Почитувани читатели, драги наши Македонци!
(Повод: Неблагодарен 25-годишен јубилеј на клубот "Гоце Делчев" од
Дизелдорф, СР Германија)
Преку страниците на оваа рубрика ние, членовите на македонскиот клуб "Мирка
Гинова" од Белгија сакаме да ја информираме јавноста и го изразиме
нашето незадоволство кон организаторите на прославата на клубот "Гоце
Делчев" во Дизелдорф кои на 9-ти ноември оваа година го славеа
својот 25-годишен јубилеј.
Клубот "Мирка Гинова" од Белгија е здружение на Македонците
од егејскиот дел на Македонија. Прославите кои ги организираат македонските
клубови за нас значат многу, бидејќи тоа е единствената прилика да се
гледаме и комуницираме. Од сите страни на Белгија заедно со гости од Солун,
членови на "Виножито" дојдовме во Дизелдорф да го славиме
25-годишниот јубилеј заедно, бидејќи сите подеднакво сме Македонци,
независно од кој дел на поделена Македонија доаѓаме.
Не само што не бевме достојно сместени и што "немаше место за сите" туку
и недолично бевме игнорирани да земеме и вечера што треба да претставува
срам за еден клуб кој зад себе има дури и 25 годишно постоење. На крајот и
тие недоволни места ни беа одземени поради што моравме да ја напуштиме "прославата"
како непожелни.
На каков начин клубот "Гоце Делчев" од Дизелдорф мисли да
го продолжи процесот на македонското обединување? Заради што се потребни
вакви прослави на кои се продлабочува поделеноста а не македонското
заедништво и прогрес?
Во име на раководството на македонското здружение
"Мирка Гинова" од Белгија, Кочо Сучанов
Реакција за состојбата со "Скрб и утеха"
Поцитувани брака и сестри Македонци! Деновиве на познатиот и единствен
македонски театар "Скрб и утеха" кој досега Македонија од самите корени ја
претставуваше македонската историја му се заканува уништување и затворање.
Никој од македонската власт не го помага и нагласува колку има потребата од
овој театар да опстане и да продолжи да работи под македонското небо. Затоа
како единствен театар на непокорот веќе повеке години им пркоси на сите
напади и како самостоен субјкет успеа да добие повеке награди. Јас само ќе
потсетам на нивната макотрпна работа.
Во склоп на Културиниот центар "Скрб и утеха" работат: театарот "Скрб и
утеха", едицијата "Лицеум" и филмската продукција "Дион". Организатори се на
културната манифестација "Доинисовите чествувања", на кои во месец февруари
учествуваат Македонци од Пирин, Егеј, Преспа, Голо Брдо...и од други краишта.
Тие ги организираат и "Деновите на Александар Македонски". Театарот ги
возобнови древно-македонските ритуали и претстави, а притоа игра на целата
етничка територија на Македонија. Ликови од претставите се: Орфеј- митскиот
цар на Македонците, Аполон, Александар Македонски, Филип Втори, Олимпијада,
Богот Македон, Гоце Делцев и други.
Едицијата "Лицеум" ги објавува книги за македонската историја од Ангелина
Маркус, Тихомир Стојановски и др. Продукцијата "Дион" со филмот "Бакни го
сонцето" уцествуваше на меѓународни фестивали. Тоа е филм за Македонците во
Албанија, во кој за прв пат од Македонци е снимен нападот на македонската
фаланга со помош на учениците од гимназијата во Пустец. "Скрб и утеха" ги
организираше првите култни трибини "Македонците од древнина до денеска" со
д-р Ташко Белчев, Васил Иљов, Ангелина Маркус, д-р Ристо Ивановски, Симе
Пандовски, Вангел Божиновски, д-р Душко Алексовски и Ѓорги Котевски. Сите
овие факти говорат дека тоа не е доволно, бидејќи на театарот му е укинато
единственото работно место од Министерство за култура, со што се врши
притисок за негово исчезнување. Но, и покрај тоа "Скрб и утеха" е во
постојан контакт со Македонците од Пирин, Егеј и Преспа. Во октомври во
Солун беше прикажан култниот филм "Бакни го сонцето" филм во кој се појавува
Александар Македонски кој порачува: "Еден ден , Македнија, повторно ќе биде
едно"...
На "Скрб и утеха" досега му се вршеле разни притисоци. Претставата "Зајдисонце",
снимена за МРТВ во 1988 година, до денес не е емитувана. Ним не им се
дозволува учествуваат на македонските локални фестивали и покрај тоа што
играле на меѓународни: во Ческа, во Босна, во Грција, во Црна Гора, Турција
и на други места.
Моментално, итно е потребно да со организирани сили да ги повикаме сите
македонски клубови и црковни асоциации да им помоган во егзистенцијата и
шорењето на македонската култура.
Господ нека им е напомош на Македонците!
Ристо Поповски
Огромно разочарување
Веста на канал 5 дека 24 етнички Македонци од Кочани формираа огранок на
партијата ДУИ, на етничките Албанци, не е нова во историјата на македонскиот
народ. Традиција во минатото говори дека се работи за Бугарите, Србите,
Грците, а сега и за Албанците во самостојна и слободна Македонија.
Што ги натерало луѓето да се определат за партијата на некогашните
антидржавни воини, а не за некоја македонска политичка партија ?
Единственото објаснување лежи во огромното, огромното ...огромното
разочарување. Разочарувањето оди дотаму што се откажуваат од подршката на
досегасшните македонски политички партии и спасот го бараат на спротивната
страна.
Фактот дека во државата се привелегирани сите други само не Македонците (за
вработување, за школување...) останува непроменет и во времето на СДСМ и во
времето на ДПМНЕ.
Фактот дека е извршено етничко чистење на Македонци во времето на ДПМНЕ
зборува за опасноста да си Македонец во оваа држава.
Има и други факти во аргументиранњето за македонскиот ПОРАЗ од
досегашните погрешни политики.
Да се сопре понатамосшното губење! Да се отвори трета политичка опција за
Македонецот. Дали има согласност за градење на нова политичка партија?
Голема. Модерна. Партија за иднината на Македонецот.
Живко Даскаловски
Мижи бабо да те лажам
Во Законот и Уставот се вели дека државата е одвоена од црквата и тука
нема ништо спорно, барем навидум, но дека многу нешта се слични и поврзани
во знак на владеење, без разлика дали е политичка или канонска и религиозна,
е факт од кој не смееме да се отргнеме и подзаборавиме.
Во последниве 10 до 12 години сме заситени сведоци на овие претпоставки и
состојби и затоа не смееме да замижуваме. Бидејќи и со едните и со другите
живееме заеднички, а секако ги предлагаме и ги назначуваме. И тука нема што
да додадеме.
Во дневно-информативните емисии, во медиумите, пишани или електронски, и
какви ли не гласила, посебно по осамостојувањето сме презаситени. Да не
речеме: заморени, но и во поголем случај разочарани и од едните и од другите.
Често пати ќе слушнеме, ќе прочитаме или што уште не за нив дека се килави,
дека си земаат преголема слобода и права над оние кои што им се дадени и
одредени. Затоа на повеќе пати ни го вртат грбот, а ние само ќе си
прокоментираме - "рани куче да те лае".
Носителите и проповедниците на православието и религијата заборавија на
најголемиот долг, тоа е долгот кон народот. Постојат факти, состојби, работи
и дејствија на кои не смееме да заборавиме. Се со цел и на едните и на
другите да им се нагласи дека власта им ја додели народот, и затоа добиената
власт треба да ја применуваат во корист и за доброто на народот.
Меѓутоа, таа власт, несомнено за нив претставува слатка и профитабилна
форма за обезбедување на нивните лични апетити и цели. Повеќе од очигледно е
дека народот е последен на нивниот список, ако не и заборавен!
Ми се чини дека народот, посебно широките маси се згрозуваат и од
криминалните материјално-финансиски и корумпирани малверзации не само од
владиците и Јован, (кој иако донекаде расчинет и распопен си продолжува и
понатаму со некои навики без да се покае), но и од останатиот свештенички
ешалон. Во МПЦ и во Државата сигурно ќе се разоткријат многу ним слични, со
доста дебели конта на штета на верниците.
Од друга страна секако и нашите владетели и политичари не само на врвот,
но и подоле од 1990 година, па наваму не се за потценување. Нивните тајни
примања за обичниот граѓанин се мистерија. И дека божемната соодветна
корумпцијска комисија ќе ги обелоденува нивните конта се како онаа народната
: Мижи бабо да те лажам! Кој е тој храбар, чесен и почитуван што доброволно
ќе си ги обелодени приходите? Не треба да наседнуваме дека се е чисто и
точно од она што ќе го пријават во некави си формулари. Хартијата трпи се,
но тие и понтамау ќе си ги товарат "Магарињата" и ќе ги здебелуваат
банкарските и други сметки, конта и џебови, а народот ќе си лае и ќе си
лелека. Едно е сигурно социјалата, бедотијата, не му бега во иднина на овој
напатен народ, кој ќе мора да се смири со онаа народната: раздели па владеј.
На крај ќе речеме алал нека им е и на нашите политички-владетели, а секако и
на владетелите во православието место да му служат на бога и верникот тие и
понатаму ќе бидат паши над својот сопствен народ, кој мора да се фаќа и за
сламка за да преживува. Бидејќи ситиот на гладниот не му верува. А бре
Македонче за каде се спремаш!
Ангел Радев, Радовиш
|