ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Доследен началник на Господовата небесна војска

ЗАСЛУЖНИ ДА ЗАСТАНЕМЕ ПРЕД ГОСПОДА

Пишува: Драган ЗАФИРОВ

  • Гревот е и почетен правец за да се победи злото, за да се очисти душата, за да се заслужи и да се застане пред Господовиот небесен царски престол.
  • Се произнесе една убава беседа која зборуваше за значењето на овој жив светец, за неговата небесна слава кој како ангел го раководи животот и го одредува живеењето и смртта на самиот човек.

Ние имаме многу празници, но еден го забелжуваме како празник со целиот свој духовен вознес. Овој пат станува збор за еден од најголемите ангели, кој како прв ангел до Бога не води во невидливиот свет, во нашето врвно духовно битие или сознание. "Св. Архангел Михаил" е прв ангел и началник на небесните ангелски сили, кои го водат духовниот невидлив свет.

Храмот што деновиве го постетивме го носи неговото име. Тој е патрон на храмот на Македонската православна црква во Скопје "Св. Архангел Михаил".

БЕСЕДА

Празникот што го слави една од најубавите цркви во градот започна со голема архиерејска богослужба. Храмот беше преполн од верници. Архиерејската литургија ја водеше Неговото Високопреосвештенство Европскиот владика митрополитот г. Горзад, кој заедно со бројното свештенство и ѓаконство ја ослужи светата богослужба. При крајот на службата, тој се произнесе со една убава беседа која зборуваше за значењето на овој жив светец, за неговата небесна слава кој како ангел го раководи животот и го одредува живеењето и смртта на самиот човек. "Св. Архангел Михаил" е доследен началник на Господовата небесна војска кој го прокламира животот и смртта.

Беседата на владиката токму беше во тој правец во кој се одвива тајната на животот се до оној час на смртта кога човекот на крајот напуштајќи го овој свет оди во оној, небесниот за кој се подготвува на земјата. Гревот е и почетен правец за да се победи злото, за да се очисти душата, за да се заслужи и да се застане пред Господовиот небесен царски престол.

Црквата и верниците со внимание ја слушаа беседата на истакнатиот Европски митрополит г.Горазд. Одвнатре и однадвор божијот храм беше претесен за верниците. Секој сакаше да му се помоли на овој преголем светец и да побара молитва од него за да му го чува здравјето и да му го продолжи животот. Хорот прекрсно пееше а веќе однадвор од црквата верниците примаа миропомазание, го бакнуваа крстот и зимаа света вода.

ОБЛАГОРОДИ

Во малата црквичка "Св. Кузман и Дамјан" се креваа славски колачи за здравје на верниците што го празнуваат овој светол духовен празник. Свештенството за време на тој чин беше мошне блажено и си ја вршеше својата света должност. Притоа, пркосниот старешина на храмот, отец Доцко Сиљаноски, се трудеше сите верски работи да бидат завршен. На тој начин овој прекрасен и убав есенски ден ја зголеми свеченоста и ја облагороди душата на верниците. Покрај црквата беше организиран еден мал панаѓур на кој се продаваа разни религиски предмети кои го надополнуваа амбиентот на овој духовен празник.


Божиќниот пост- пат за спасение и здравје

Деновиве се приближува Божиќниот пост. На 26 ноевмри се Божиќните поклади, а на 28 започнува вистинскиот божиќен пост. Дали сме подготвени за овој втор по големина православен христијански пост? Дали нашата љубов кон Бога ќе ја потврдуваме со него? Дали ние знаеме да постиме и дали знаеме зошто постиме!?

Ние сите православни верници, духовно подготвени постиме за да го исчистме нашето извлакано тело кое полно со несекојдневни телесни гревови. И затоа мораме да ја очистиме нашата душа од тие напласетени гревови бидејќи нашиот основоположник единствено проповеда страдание, љубов кон Севишниот Бог.

Наши браќа и сестри, Бог порачува сакајте се и исчистете ја својата душа од претешките гревови што ги направивте во текот на годината.

Постот е божја благодет за да може човекот да најде милост кај својот Господ Бог. Оној што нема да му се предаде духовно ќе се сплоти со злото и со ѓаволот. Затоа бидете верни на христијанската љубов кон Господа Бога Исус Христос.

Амин


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"