акедонскиот спорт е во нокдаун !
Нашите репрезентативни селекци во три спортови, кошарка, ракомет, фудбал,
доживеаја порази кои многу не заболеа и за жал не вратија во реалноста,
покажувајќи дека се уште сме далеку за да станеме дел од спортска Европа. Со
ова на најболен можен начин увидовме дека не е потребно само еден блесок,
туку треба посериозно да се работи и да се искористи позитивната атмосфера
што владее после секој успех затоа што успесите за жал ни се се поретки. Но,
и успесите имаат своја поука која треба да се искористи на најдобар можен
начин. Поуката од овој лош резултатски период би требало да биде дека треба
да ги надминиме тесните суетни локални граници, во кој сите ние живееме и да
почнеме навистина да работиме сериозно, применувајќи ги светските искуства
ако сакаме да бидеме дел од големите натпреварувања и воопшто да бидеме
почитувани во спортскиот свет.
КОШАРКА
Можеби најболен е кошаркарскиот неуспех, и двата порази едно по друго кои
ги претрпе нашата кошаркарска репрезентација со тоа неповратно уништуивајќи
си ги сите шанси за пласман меѓу најдобрите репрезентации на стариот
континент - нешто што раководството на КСМ и селекторот ни го ветија пред
самите квалификации. Проблемот и причината за нашиот неуспех треба да ги
бараме само помеЃу нас и тоа во сите хиерархиски поставени структури во КСМ
почнувајќи од самото раководство, селекторот, а на крај треба да се свртиме
и кон играчите, кон нивното залагање, кон нивниот однос кон репрезентацијата.
Но, како што гласи една поговорка : "рибата смрди од главата " вината за
катастрофалната состојба во нашата репрезентативна кошарка, па може да се
каже и во клупската, треба да се побара во самото раководство на КСМ. Ако се
погледне подобро ќе се види дека како што е организиран клубот "Николферт",
така по хиерархија е организирана и репрезентацијата; Леонид Гајдаџиев
претседател на КСМ, но и претседателот на "Николферт", Сотировски директор
на клубот - директор на репрезентацијата, Јорданчо Давитков селектор -
тренер на "Николферт". Сега погледнувајќи ја вака работата можеме само да
полемизираме дали е добро тоа за КСМ, дали не е проблем таквата поставеност
ако луѓето се професионалци и луѓе кои си ја знаат својата работа. Во нашиот
случај се покажа дека тоа не е нималку продуктивно и охрабрувачко, па дури
може да се каже дека е ретроградно. Малку треба да се отвори полемика и
околу тоа што Давитков кој нема црна дамка како играч го има потребното
искуство како тренер за да води една селекција. Факт е дека на давитков му
се стави на располагањеселекција која е многу поквалитетна од селекцијата
која играШе на европското во Франција. Прашање е и дали и играчите беа
свесни како се бранат боите на репрезентацијата.
Во секој случај треба сето ова да влијае како поттик да се размрдаат
работите и да се покрене иницијатива за да тргнат работите на подобро.
РАКОМЕТ
Женската ракометна репрезентација во подмладен состав на двапати изгуби
од словачка и со тоа загубивме голем дел од шансите да се пласираме на
Светското првенство. Фактот од кој сите се плашевме излезе дека е вистина и
дека оваа подмладена репрезентација е далеку од она на кое се навикнаме кога
е во прашање женската ракометна репрезентација. Вистината е дека ќе бидиме
уште долго отсутни од големите светски натпревари затоа што генерацијата што
е сега костур на репрезентацијата едноставно нема квалитет да не одведе таму.
Само ќе го цитираме капитенот на репрезентација Мирјана Чупиќ кој мошне
интересно, но реално ја опиша моменталната состојба во репрезентацијата: "
што да правиме кога просечната висина на нашите бекови е 165 см". Едноставно
треба да сме задоволни кога ќе ги гледаме нашите ракометарки како го
оставаат своето срце на теренот.
Но, ако по некоја случајност успееме да се пласираме, тогаш веруваме дека
се ќе биде поинаку затоа што во репрезентацијата ќе се вратат повредените
репрезентативки кои треба да повлечат со своето искуство. Најважен е мечот
со Турција.
ФУДБАЛ
Англиските 2:2 се покажаа како моментален блесок кој не успеавме да го
искористиме. Израел не приземји и тоа не врати назад. Поразот треба да
поучува и не треба пред време да ги исклучиме нашите репрезентативци туку да
му дозволиме на селекторот да ја заврши трансформацијата на репрезентацијата
затоа што иако изгубивме сепак и на овој натпревар се виде дека има
потренцијал во овие млади момчиња.
Ваквите резултати не треба да не обесхрабруваат туку да се обидеме на
најдобар можен начин да ги искористиме. Всушност и ваквите пријателски
натпревари служат токму за тоа - да се видат грешките за понатаму да не се
повторуваат.