Воениот карван на ДУИ, намерно или ненамерно, тргна со одредена умисла на
некој начин да го освои остатокот од Република Македонија. Во тој мошне
паметен потег најмногу му помагаат одродниците. Македонците од Источна
Македонија се зачленуваат во партијата на Ахмети со одредена цел, а таа се
знае каква е!?
За нас таа во секоја варијанта е лоша, оти дефинитивно почна да исчезнува
македонската национална свест која како стрвници ја изедовме меѓу себе.
Совеста одамна ја немаат новите членови на Демократската унија за
интеграција. Тие ни нанесоа голема духовна штета што не може да се поправи
или скрие. Затоа сега Али Ахмети може победнички и триумфално да влезе во
веќе освоениот Парламент. Оттаму може да гледа и на Исток, а и да го
контролира Западот. На овој географски простор тој знае која држава ќе
егзистира. Сепак, ние - Македонците - дозволивме да ја снемува Република
Македонија.
ЧАВКИТЕ НИ ГО ИСПИЈА УМОТ
Така е кога си се фатил на орото да играш со ѓаволот. Од неговите канџи
нема бегање. Орелот штом ќе го здогледа пленот, напаѓа. По ова се е доцна
дури и молбата упатена кон Бога. Но, зошто да му ја олесниме задачата?
Очигледно по ланската војна не ни дојде паметот. Чавките ни го испија.
Меѓутоа, зошто да му ја дадеме Македонија? Нели можеше да се спречи. Можеби
сме збунети, ем дрогирани. Но, чиниме, сме затекнати, разединети и продадени.
Кој дава - дава, ама што да правиме ние обичните давеници. Се удавивме од
срамот, од лагите, од предавствата од... од... од... од... од... претставите
што ги гледаме во последниве десетина години. Постојано некој нешто режира
во Македонија и ќе си замине од неа, се разбира откако претходно ќе направи
'ршум и ќе не раскара до смрт, што од уста ни излегуваат стрели отровници.
Па ајде оди исчисти по нив.
Ако не молзат ММФ и СБ, не молзат и ЕУ и НАТО, зарем треба да не молзат и
албанските терористи што ги помилувавме. Ај што не направија дека сме
глупаци, дудуци, неписмени, ама ете сме биле еден вид проститутки. Што по
ова да се каже освен дека мора да се застане на овој негативен од. Мораме да
престанеме со нашата анемичност кон македонскиот национален дебакл. Мораме
самите да размислиме што сакаме и кон што се стремиме.
"АРНАУТСКИОТ ТУНЕЛ"
Тунелот што започнаа да го откопуваат одредени македонски одродници е
опасен. Практиката покажа дека овој начин на умилкување, на додворување во
историјата завршува со вековна тиранија и окупација на РМ. Затоа оние што
купија билет за оваа екранизација, за ова влегување мора да бидат казнети.
Не од системот, бидејќи тој и не постои и не функционира, туку од
Македонците што се уште се чувствуваат дека се Македонци. Затоа, ако има
правда, тогаш ќе се најде некоја скриена сила да им ги откорне душманските
срца. Впрочем, за таа акција и не треба некоја дозвола, туку доблест да се
биде Македонец, ако треба и комита. Има ли комити во Македонија!? Има ли
чесен и доблесен Македонец да се пронајде, да ги плукне в лице среброљубците?!
Не мора постојано одредени поединци да не туркаат во "арнаутскиот црн тунел".
Ај што ѓурултија ни направија, но што да се прави со грешниците што ќе
тргнат по нивниот пат. Не ни требаат други вагабонти. Не ни требаат редици,
оти така им одиме во скут на Албанците, оти така ја поддржуваме тезата на
соседите - претенденти дека во Македонија не живеат Македонци и дека тие не
постојат.
Ами што сме ние!? Опасно е ова прашање. Многу опасно. Прво, скраја да е
од помислата, но не оди на арно. Штом така почнале да не тркалаат како "тутулебалиња",
нам не ни се гледа крајот. Како нив вазали во Македонија има многу. Има
бугарофили, србофили, гркофили (саде "филмофили"), а сега и албанофили. Само
филства што ни ги филуваат горенаведените филмаџии.
"ФЕРЕЏЕ НА ОЧИ"
Не треба да си филмофил за да бидеш докажан вљубеник во филствата. Тие
отсекогаш ја следеле македонската историја. Постојано, циклично се
појавувале и ни копале тунели без излез. Еднаш влезен во дупката никогаш од
неа не можеш да излезеш. Затоа опасна судбина не чека. Некој си игра над
нашите глави. Овој албански тунел е поопасен од другите затоа што
нарачателите се кријат зад грбот на Али Ахмети. Оние што го плаќаат, оние
што сакаа да го прекројат Балканот според Букурешкиот мировен договор
повторно од фиока ја вадат старата прецртана карта. Во таа скица нема место
за Македонците и Република Македонија. Од некој ќош не меркаат ли меркаат.
Само прашање е на време кога реализацијата ќе се оствари.
Затоа ова сценарио почна да се реализира во: Кочани, Кратово, Валандово,
Струмица, Битола и на други места. Списокот на градови не е затворен. Исто
како и спиокот, односно бројот на Македонците што се на мисла да носат "фереџе
на очи".
Ваквиот политички тренд не е помодарство, туку мејкап за Западот кој го
притиска Ахмети да го смени имиџот и од терорист да стане маче што мило
мјаука. Но, во суштина мјаукањето е само оправдување за западните стратези
чија политика падна во вода, на Косово, а сега пропаѓа и во нашата земја.
Кој всушност сака од Македонија да направи "швајцарско сирење"? Се разбира,
нарачателите на злосторничките минатогодишни збиднувања. Тие се пајташи со
албанските националистички настроени лидери. Таквата спрега беспрекорно
функционира и никој не се обидува да ја урне. Во тој контекст се зацврстува
бракот со новите купени (продадени) сватови што ќе играат според новиот
политички и светски урнек на сатаната. Но, дружбата со орелот и ѓаволот може
да донесе и спротивен ефект. Да ги лапне ноќта!