е тече, се се менува, но само во
Република Македонија се останува по ста-ро, односно се враќаме наназад и се
вртиме во круг. Наместо да ја прифатиме реалноста, па макар таа била лоша и
да продолжиме онаму каде што нашите претходници застанале, ние се занимаваме
и губиме време поради опседнатоста со политичките противници.
На тој пат продолжуваме со традицијата, се раѓа сомнежот оти ја
прикриваме нашата неспособност, или немоќ да се фатиме во костец со
сложените и наталожени проблеми во земјава. Затоа постојано сме во криза,
постојано сме губитници. Немаме јасна развојна визија како треба да се води
и да се раководи со државата.
НЕ УМЕАТ!?
Секои четири години при промена на политичката власт се занимаваме со
уништување на оние и малку позитивни системски решенија, а истовремено
залудно го трошиме времето за инсталирање на партиски кадри и структури. За
тоа време професионалците и стручњаците се губат во политичкиот лавиринт или
заминуваат во странство каде што прават успешни и богати кариери. Ваквата
практика со години ја покосува македонската економија, култура и општеството
воопшто. Се повеќе тонеме, а државата ги брои сопствените егзистенцијални
денови. Во тоа уништувачко стампедо сите се прават дека знаат нешто подобро,
а впрочем ништо не прават, односно не умеат. Тапкаат во место. Затоа нам се
ни се случува освен она вистинското. Како да ни е фрлена анатема од која ни
стотина попови не можат да ја симнат клетвата. Иста песна слушаме, исто оро
играме. Само ороводците се менуваат.
На пример, Националната стратегија за култура што се подготвуваше две
години е стопирана. На нејзино место ќе се прави нова. Нешто слично најави
новиот министер за земјоделство, Славко Петров, кој по вокација е адвокат.
Тој најави дека ќе го укине Фондот за земјоделство. На ова лидерот на
земјоделците Вељо Тантаров рече: Земјоделците се против укинувањето на
Фондот за земјоделство, што го најави министерот за земјоделство, шумарство
и водостопанство, Славко Петров.
Тој уште додаде дека Фондот е единственото добро нешто направено во
изминатите три години за земјоделците.
Ако се укине тоа значи и укинување на Законот за вршење земјоделска
дејност, со што две илјади запишани земјоделци ќе ги загубат привилегиите.
Фондот за земјоделство одигра голема улога во интервентниот откуп на
доматите и бостанот и затоа бараме ресорното Министерство да не го чепка
Фондот, им порача Тантаров на политичарите на средбата со земјоделците
во Струмичко.
Значи, проблемот не е во институциите на системот или во начинот на
подготвувањето на државните стратегии, туку во луѓето, во политичарите. Во
нивната глава се случуваат намерни "куршлуси" кои имаат задача да ги
усложнуваат и да ги извитоперуваат нештата. Затоа, наместо да се продолжат
планираните реформи во Република Македонија, тие се враќаат на почеток.
Пцовисуваат отруени од политичката ареа што ја шират партиските војници во
власта. Ваквата стратегија проблемот го лоцира во умот кој пати од интерес и
профит. Постојано некој против некого води еден чуден инает кој како пусто
тврдоглаво магаре не сака да ја сфати разликата меѓу партискиот и
националниот државен интерес. Затоа ова повеќе наликува на приватна војна
отколку на два феномена меѓу кои има голема, односно драстична разлика. Тоа
го сакаат политичките гарнитури кои продолжуваат да ја спроведуваат старата
тактика. Државата ни ја прават пуздер, а крајот од нивните баханалии не се
догледува. Мегаломанот го сменува стариот император, а ние ја премолчуваме
нивната болест.
РЕАЛЕН ОТЧЕТ
Власта легално го симна властодржецот. Но, дилемата останува да виси во
воздух. Дали правилно ќе биде одмерена неодговорноста на неодговорните
политичари? Досега со нас се мајтапеа, а како времето си врви и како тргнале
се да менуваат од корен, и ликот ќе ни го сменат. Но, прво да видиме што
наумиле. Го секнаа изворот за финасирање на лудориите. Тоа и можеби е
полезно, бидејќи ниту граѓаните, ниту РМ не е буре без дно. Впрочем, вечно
нема да се живее од денес за утре. Оние што ни го скроија животот,
монетарците, веќе си ја бараат сметката. Кој ќе им ја приложи кога не
постојат веродостојни податоци за сработеното и потрошеното. Лесно му е на
крчмарот кога го напаѓа довчерашниот потписник на државната банковна сметка,
но ајде да го видиме него. Што ќе направи со лошата политичка, безбедносна,
економска и општествена ситуација? Не може вечно да им ги плакне очите на
избирачите со обвинувања или атак врз политичкиот противник.
Во Македонија се уште има умни глави кои бараат реален отчет за
затекнатото и испразнетото чекмеџе. Но, никогаш не можат, нека простат, да
плаќаат едни те исти проекти кои некој намерно сака да ги кочи, или воопшто
не сака да дозволи да се спроведуваат само затоа што биле изработени од
претходната раководна гарнитура. Зошто не се зафатат со изработка на
македонска национална надворешна стратегија, со нов Закон за надворешни
работи, со ревизија на приватизацијата која пропадна уште со т.н. менаџерски
модел за откуп на акциите на претпријатијат итн...
Проблеми има безброј, колку ви душа сака. Тие се напластени со години
само треба да се има усул во владеењето. Сегашните насоки се дадени, но
патот треба да се изоди. Каков ќе биде, зависи од мудроста и од доблеста да
се биде чесен и праведен во работата. Само така индината ќе ни биде
перспективна, а не розова. Затоа никој не треба да ја узурпира
финкционерската позиција, бидејќи дури сега ни претстојат грдни маки.
Очите ни се свртени кон влезот во НАТО и во ЕУ, што значи дека патот нема
да биде лесен, туку се од себе ќе мора да дадеме. Енергијата што во
последниве неколку години ја трошевме на сопствените слабости ќе мора да се
насочи кон изработка на поцелесообразни национални концепти што носат
позитивни резултати. Затоа народот вели - никогаш не потценувај го
сопствениот непријател, бидејќи од него можеш многу да научиш. Тоа правило
мора да важи и за новите министри што седнаа на привлечните фотелји. Колку
во неа ќе се снајдат зависи од нивното влегување во власта. Ако имаат чесни
намери, долго ќе се тркалаат во политиката, но ако патот си го крчат со лага,
треба да знаат дека на лагата & се кратки нозете.
ТЕШКА ПАТЕКА
Во борбата за власт секогаш има и победници и поразени, а во таа итра
игра и едните и другите зборуваат и ветуваат, но никогаш не ја кажуваат
вистината. Затоа не може вечно да се живе во облаци, или на база на поените
добиени благодарение на лошото поведение на политичките противнци. Кој во
таа беспоштедна борба ќе преживее ќе зависи од практикувањето на власта. Во
неа е битно дали ќе има место за народот, односно за избирачите. Меѓутоа,
ако повторно бидат заборавени, тогаш тешко ќе им биде на сегашните
устоличени властодршци. Еднаш беа сурово казнети. Но, дали сериозно ја
сфатија казната. Таа кобна 1998 година. Истиот катастрофален пораз го
доживеаја и неодговорните... За нив покобна беше 2002 година.
Оние што победија се уште не се свесни што доживеаја, а што уште ги чека.
Се зависи од борбата со корупцијата. Таа е тешка, но уште потешка патека го
чека македонскиот народ. Во тој виор се наоѓа судбината на целокупната
држава. Таа не смее да си дозволи нов хаос, нов грабеж, или нови сплекти што
доаѓаат од дворот на бившата зграда на ЦЕ-КА. Во неа се вртеа многумина, но
и од неа си заминаа. Начинот е ист. Со поднаведната глава, но и со многу
пари во торбата. Тука лежи зајакот. Тој е вистинскиот проблем. Во украдените
пари, не во националните државни стратегии кои и онака можеме да ги изброиме
на прсти. Ако сите сакаме да чекориме напред не треба да го уништиме она од
што има полза Република Македонија. Таа и досега многу трпеше негативни
удари од грешките во чекори. Секој што се фати за власта сакаше да извади
маст, а на македонскиот народ му го даде стапот. Меѓутоа, дојде време и тој
да удри по сто стапа на грбот на лакомите политичари. Добро е што сме малку
цивилизирани и во Македонија е укината смртната казна. Ако таа досега беше
во функција, многу функционери ќе беа на небото. Но, никогаш не се знае,
ретроградното дејство понекогаш ги стига и засегнатите страни. Во прашање е
само времето. Тоа го има доволно, но не се знае кога ќе дојде правдината.
Ако таа чука, добро е, но лошо е ако сакаме да продолжиме со традиционалното
себеуништување. Тоа не е добро, бидејќи ни ги затвора и онака веќе
закатанчените стратегиски порти во ЕУ, а можеби и во НАТО. Од оваа болка ни
останува само поуката. Но, дали таа ќе допре до умот на политичарите?!
Можеби и не се така катиљ луѓе како што досега беа. Можеби се карактерни...
Ајде и тоа еднаш да го видиме!