инатиот петок вечерта во
македонскиот христијански православен храм "Св. Великомаченик Ѓорѓија" во
македонската и една од најсветите православни населби на градот Скопје, Чаир
- бастион на македонштината, се случи еден незаборавен настан, мошне
спокојна компонента од светите тајни - прекрасна македонска свадба.
Храмот на "Св. Великомаченик Ѓорѓија" како убавец горд со целиот сјај
овој пат беше полн со верници. Овој храм токму во оваа петочна света вечер
како христијански православен дом беше во полниот сјај кој му го долови оваа
преубава свадба. Младенците граѓани на оваа историска и една од најстарите
скопски населби - Чаир, беа подготвени со сите присутни гости: кумот,
старосватот, деверот, родителите и сите преостанати присутни и го чекаа
чинот - еден од петте свети тајни.
Внатрешната уреденост на црквата и иконографијата целиот сјај на овој наш
историски храм кој во 1924 година како сонце светна, како подарок на оваа
наша драга ценета македонска населба, доловија мигови на мир и спокојство.
Дојде Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички, господин
Агатангел, како стожер и син на оваа стара скопска населба Чаир во која е и
роден, да го изврши најсветиот ритуал - венчавката.
Целиот овој верски свадбарски ритуал блесна како невидена света убавина
во која целиот храм беше една голема претопла молитва, а младенците и сите
преостанати беа восхитени од сјајот и сите ритуали на свадбата со својот
незаборавен вознес. Свештенството со пресветлиот и црковен владика
чаирчанецот господин Агатангел се претворија во еден мал спектакл, а пеењето
и богослужбата - венчавањето се претворија во една свадбена боженственост.
Венчавката со целиот свој пиетет и помпезност ја понесе со себе светоста
и убавината, пренесувајќи не во еден прекрасен вознес на незаборав.
Би биле пресреќни кога овој сакан владика би бил тука во Скопје како
врвен светител и татко на своите верници.
Духовни искри
Нашиот Спасител Господ Исус Христос ги претрпел страшните
маки на крстот за да не избави од нашите гревови.
*
Боже, Ти се молиме, излекувај ги нашите души, кои се
ранети од нашите гревови.
*
Потешко е да живееме со нашата вера и за неа, отколку да
умреме за неа.
*
Доволно грижа треба да им посветуваме на значајните мигови
од нашиот живот.
*
За време на нашиот земен живот се подготвуваме за нашето
вечно живеење.
*
Умираме пред да престанала нашата желба и понатаму да
живееме.
*
Не е достатно само да веруваме; должни сме да имаме добри
дела. Само на овој начин ќе докажеме оти нашата вера е вистинска и жива.
Од Блаженоупокоениот Архиепископ
Охридски и Македонски, г.г. Михаил