е мислеше дека случајот "труење"
кај учениците - Албанцие подзаборавена работа, но еве истата како да се
повампири и најде нова локација - во Куманово. Пред само неколку дена во
Основното училиште "Бајрам Шабани" во Куманово симптоми на труење добија 66
ученици - Албанци. Но, "епидемијата" се рашири кон другите училишни центри
во кои настава изведуваат паралелките на средношколците од албанска
националност.
Со други зборови, вирусот "труење", според се, не ги "фаќа" и учениците -
Македонци. Досегашните неофицијални податоци укажуваат на "сомнително труење".
Многумина се прашуваат дали и во чија режија се изведува драмската претстава
"труење". Режисерот би требало да се засрами и да сноси одговорност во
случај да биде потврдена констатацијата за "монтирана претстава". Сепак,
ниски се ударите кога децата (без оглед дали се Албанци или Македонци) се
злоупотребуваат за нечии какви било цели.
СЛУЧАЈ
Според СВР Куманово, пријавени се нови 30 случаи на затруени ученици во
ОУ "Наим Фрашери" меѓу кои се споменува и една професорка. Од разговорите со
"затруените" трагите водат до кабинетот по хемија од каде учениците
почувствувале миризба од некоја непозната хемикалија. Интересно е да се
напомене дека скоро во сите кабинети се чувствува миризба на хемикалии, па
нели и затоа кабинетот го носи таквото име и има таква функција! Но, за
волја на вистината, СВР Куманово направила увид во посочената просторија при
што не открила никакви траги од каква било хемикалија, по што е исклучена
можноста од труење од кабинетот по хемија.
Случајот се префрла на расчистување во Заводот за здравствена заштита. На
новите "затруени" ученици (кои се припаднички на понежниот пол) и на
професорката им била укажана помош на Инфективното одделение, по што се
пуштени дома.
ШПЕКУЛАЦИИ
Во вкупниот број затруени засега има само шест машки, а сите други се
женски. Се шпекулира дека станува збор за некоја психосоматска или слична
појава кај младите Албанки. Во оптек е и шпекулацијата за конкурентска борба
помеѓу сендвичарите во близината на училиштата. Се говори и за
претпоставката за најава на претстојните масовни манифестации на
незадоволство на албански средношколци кои повеќе од една година бараат
етнички чист средношколски центар во Куманово, откако пред година и половина
ја напуштија гимназијата "Гоце Делчев", со образложение дека не се
чувствуваат безбедни во делот од градот каде живеат Македонци.
ВЕЌЕ ВИДЕНО!
За сето она што можеше да се види и да се слушне во Куманово, се има
чувство дека сето тоа е "веќе видено", но на друго место и во друго време.
Пред само неколку години во Тетово многу странски организации и експерти беа
видливо загрижени кој и зошто ги труе младите Албанчиња. Не беше потребна
натпросечна интелигенција за прстот тогаш да се впери во "рецептот за труење"
- дело на Џафери. Чие дело се "труењата" во Куманово се уште е предмет за
шпекулации, но сигурно е само тоа дека "авторот" е близок роднина или во
најмала рака добар ученик на Макијавели.