обимак" минатата недела се
огласи со куп новини во услугите кои се достапни за секој корисник, па и за
оние со поплитки џебови.
Од 5 декември започна нова новогодишна кампања во пресрет на празниците
што следат, а ќе трае до седми јануари 2003 година. Со новата кампања на
идните корисници им се дава можност за купување При Пеид, Пост Пеид и Тандем
пакет по помали цени од досегашните.
ПОВОЛНОСТИ
Најпривлечен за новите потенцијални корисници е секако најевтиниот При
Пеид пакет во кој е вклучен апарат "сименс А35", СИМ-картичка и ваучер од
500 денари, а чини само 3.500 денари. Пакетот со истиот тип апарат, но во
Пост Пеид варијанта (со претплата) изнесува 2.995 денари, додека оние кои се
веќе претплатници можат да ја одберат варијантата Тандем при што ќе склучат
договор со новиот претплатник за кого телефонот и СИМ-картичката за овој вид
апарат чинат 995 денари. Се разбира понудата на мобилни апарати е многу
поголема со многу поволни пониски цени кои можат да задоволат сечие барање и
вкус.
Како посебна поволност за сите оние кои во овој период ќе станат При Пеид
претплатници е тоа што, покрај моби карта (ново име за ваучерот) од 500
денари, кој е вклучен во пакетот, ќе добијат и бонус во вредност од 500
денари. Тој ќе биде активиран по истекот на 30 дена од вклучување на новиот
број, при што во наредните пет месеци, секој месец ќе се додаваат на
сметката по 100 денари и тоа без разлика дали во меѓувреме, поради
потрошените импулси, ќе биде додадена нова моби карта.
Како поволен новитет е и продолжувањето на временската важност на моби
картичката. Од 500 денари сега ќе важи три месеци, картичката од 1.500
денари ќе може да се користи 360 дена (една година), при што со нејзино
активирање се добива и бонус од 120 денари, додека доколку се купи картичка
од 2.500 денари, која исто така ќе трае година дена, бонусот е 250 денари.
Како и досега, со секоја од овие картички, по истекот на нивното важење, тие
ќе можат да се надополнат во рок од 90 дена, а последна можност за
задржување на бројот е тоа да се направи за уште дополнителни 30 дена (за
кои мора да се изврши доплата да се зачува бројот). Покрај стандардните моби
карти се воведува и нова моби картичка со вредност од 750 денари (плус ДДВ,
како и кај другите моби картички), која ќе трае пет месеци и со неа се
добива бонус од 45 денари.
ИМПУЛСИ
Воведувањето на наплата за проверка на сметка (пет денари за секоја
проверка) предизвика бројни негативни реакции кај корисниците на При Пеид
пакетите, но и создаде бројни проблеми на мобилната мрежа. За да се надминат
овие проблеми "Мобимак" почнувајќи од 5 декември повторно се врати на
бесплатни информации за моменталната состојба на сметката на тој начин што
корисниците по секој повик ќе добиваат текстуално известување за состојбата
на својата сметка. Доколку сака корисникот може со доставување на барање во
продажните места на компанијата да се откаже од оваа услуга.