КУЛТУРА

Театарот "Скрб и утеха" во турскиот град Измир

ПО ТРАГИТЕ НА СМИРНЕНИЕТО

Пишува: Тихомир СТОЈАНОВСКИ

  • Гостопримството на измирчани и македонските траги. Улици Искендер, Искендер ќебап, археологија, легенди, приказни. Беше тоа Петтиот филмски фестивал на "Бакни го сонцето".
  • На прес-конференцијата зборувавме на македонски. Помош при преводот ни беа Македонците од Мениса, Џевдет Џомерт и Музафер Ѓулсиу. Така на Фестивалот во Измир покрај на турски, англиски и арапски се зборуваше и на македонски јазик.

Децата на Посејдон го беа преплавиле белото, Белото Море. Илјадници медузи пливаа по површината на солената вода. Бродевме по Босфор и ја узнававме белината. На изгрејсонце морето побелува. Те тера да му се препуштиш во слатка прегратка.

"Ако Александар одел со Букле и со пешадерите можеме и ние!" - си рековме.

Тогаш не бакнуваше Аполоновото сонце, солената вода и брзиот ветер Бореј на крилјата на македонската верба. Преку Граник, денешен Еникој , преку првата река на македонската фаланга, првата азиска победа. Минуваме како да патуваме со историјата.

ИСТОРИСКИ ПАТ

Песната не зафати таму пред Едрене, блиску до бугарско-турската граница, сигурно сите ја знаете, оди вака: "Едрене мајко, Едрене, на моето либе?! И така едревме 25 часа со автобус од Скопје до Измир. Таму некаде каде Александар македонскиот цар ја започна својата светска победа. Удолу препушта Анадолија, убав збор останат јадар и силен. На долу - Анадолија. Пред Измир се истопорила Мениса, збратимениот град со Скопје со околу 1.800.000 жители. Потоа почнува смирението. Одиме на Измирскиот интернационален филмски фестивал, тричлена екипа од продукцијата "Дион" при "Скрб и утеха". Филмот "Бакни го сонцето" ете веќе на петти меѓународен фестивал. Доодуваше. Филмот одекна на 26.11. 2002 година. Ѕемнеше. Ми минаа трпки слично како на проекцијата во Солун. Д-р Семир Асланјурек од истамбулската филмска академија не опита дали религијата е доминантна во филмот? "Знаеме што & се случува на Македонија!" - рече. "Се исплашив од налетот на фалангата?!" - зборуваше.

Прв беседеше режисерот Владе Денчов. Објаснуваше како се сонува овој филм. Игор Стојановски, продуцентот, се искажа за тоа со какви пари се снимаше истиот. Во какви услови и состојби. Јас зборував за историјата која треба да не зближува, а не да не намразува.

"Најлошо е да не веруваш во ништо?!" - рече Јашар Далгис. Ни се заблагодари за македонскиот филм.

Сте ја раскажале сета историја на Македонија за 30-етина минути. Ни раскажува како морал да си замине од Бугарија во 1950 година кога ги гонеле Турците од таа земја.

ГОЛЕМА ДРУЖБА

На прес-конференцијата зборувавме на македонски. Помош при преводот ни беа Македонците од Мениса, Џевдет Џомерт и Музафер Ѓулсиу. Така на Фестивалот во Измир покрај на турски, англиски и арапски се зборуваше и на македонски јазик. Д-р Семир Асланјурек повторно не прашува за верата. Потоа дознаваме тој е Русин по потекло, христијанин и предава на истамбулската филмска академија. Рече дека сака да ја посети Македонија. Го спомна Андреј Рубљов на Тарковски. Се дружевме и муабетевме долго долго во паузите меѓу филмовите.

"Знаеме дека вие сте Македонци!" - ни рече. Потоа на вечера бевме кај градоначалникот на Измир. Цела вечер редевме зборови кои ги разбираме, останати од турско-македонската дружба низ вековите. Од македонско-персијанското до денес. Д-р Ѓувен Алтинај и Ауфакин Кан од Селџук академијата ни честитаат за филмот. И тие сакаат да ја посетат Македонија. На екипата на "Скрб и утеха" & беше дадена чест да сними четириминутен филм за љубовта во Измир. Тоа право го добија уште Германците и гостите од Иран.

ЈАНО МОРИ

Филм кој не трогна на измирскиот Фестивал е "Егзорсис" на Ахмет Улучај. Трае само четири минути, а содржи повеќе од еден човечки живот. Столица која сама се искривува, чевли кои се движат, клучеви кои паѓаат од чекмеџињата, оган кој ги гори алиштата и дервишот кој некому му ја прочистува душата. Филм кој ве поткрева од седиштето и ве тера да суштествувате на поинаков начин. Авторот е аматер, снима со мала камера, живее во село во осама и нема завршено филмска академија. Се работи за љубов и посвета. Највредно на Фестивалот е младата публика на проекциите на филмовите кои дискутираат по гледањето на филмовите. Како на пример по иранските филмови кога гостите објаснуваа колку е полезна метафората. На пример: телефонска говорница на сред езеро и ѕвони телефонот и вие додека допливате до неа ѕвонењето сопрува. Не е лесно да се живее со цензурата.

Бевме во Ефес каде што гореше Артемидиниот храм кога се роди Александар. Во автомобилот на Џевдет се вртат македонските песни. Девет ни зурли свиреа, десет тапани чукаа додека итавме накај Ефес, накај Артемидината посвета запеавме од песните сите петмина на глас. Погоре од Артемидината посвета во Ефес се наоѓа смирението, местото каде го најде мирот мајката Богородица. Ништо не е случајно. Јашар Далгис ни ја раскажува случката со сонот на Александар во Ефес. Ја построил војската. Дознал во сонот дека тоа место и по 2000 години ќе биде свето. И ете таму се наоѓа куќата на Богородица (гробот на Богородица). Најчитана книга во Турција е романизираната приказна за Александар Македонски. Искендер, така го викаат.

ГОСТОПРИМСТВО

"Легнале седум души и се разбудиле по многу години (1000 или 1500?!) на истото место во чуждо време!" - ни раскажува Музафер Ѓулсиу. Зборува убав македонски јазик. За време на другарот Тито Македонците муслимани и Турците беа гонети од Македонија. Таму блиску до Ефес. Имаат далдисано во историјата. Пиевме Артемидино вино кое ве носи блиску до македонските таинства и посвети. Во Селџук сретневме бегалец од Драма кој ни прозборе на македонски јазик. Таму пред џамијата која е градена врз темел од црква.

Со полно срце го напуштаме Измирскиот филмски празник. Им благодариме на домаќините. Ние се враќаме додека Александар и дел од Македонците засекогаш далдисаа потаму од Измир. Можеби еден ден ќе го пронајдат своето смирнение. Саркофагот на Александар мирно спие во Археолошкиот музеј. Само му недостасува тој, Македонецот. Беше Рамазан Бајрам додека со филмот "Бакни го сонцето" гостувавме во Турција. Муграта на Босфор меѓу Стамбол и Бурса ни ја дарува срната на Артемида. Смирнението на мајка Богородица. Бог е еден, зошто тогаш во негово име да водиме војни? Овојпат не ги видовме децата на Посејдон. Дел од нашата љубов остана на Фестивалот во Измир. Ние бевме во Измир, оти тој не може да дојде кај нас. Како брегот и Мухамед. Го оставаме саркофагот на Александар Македонски во археолошкиот музеј во Истамбул. Гостопримството на измирчани и македонските траги. Улици Искендер, Искендер ќебап, археологија, легенди, приказни. Беше тоа Петтиот филмски фестивал на "Бакни го сонцето". Можеби нема да чекаме да снимиме нов филм долго време пред или по македонските победи. Со Советот за радиодифузија и МРТВ. Со нашите културни собеседници... и децата на Посејдон во прегратката на Белото Море.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"