ФОРУМ

ЗРЕЛ ПЛОД НА ЕДЕН ДОБАР ПРОБЛЕМ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ

Слободан Јанковски, Скопје

За да дојдат на власт, да ја задржат власта, оние кои владееле до сега, секогаш ја користеле лагата. Во едно опасно време кога единството е најнеопходно за опстанок на овој народ, кога постои голема национална задача за тоа, СДСМ не ја исполни историската нужност, дури иако тоа го декларираше во една изборна плаката: "Единствена Македонија". Таа ја подели Македонија со 16 отсто шиптарски електорат, т. е. "ОНА", а на поголемиот дел од народот, електоратот, му го сврти грбот и го потисна настрана од власта.

Не оди во битот на работите национална стратегија да се гради на темел на "морален труп", на темелот на амнестирани качаци, разбојници, а и СДСМ во изборите не го оправдуваше тоа. Ние не можеме да градиме стратегија на некое чудо, на некоја нереалност, што стварноста секојдневно ја демантира. Избраните Шиптари јасно покажаа дека не можат да се чувствуваат како дел од оваа заедница, држава. Влегувањето во Владата и други органи го разбираат како натпревар за секојдневно вршење на непријателства кон Македонија, играње со светите чувства на македонскиот народ.

Во врска со горното сега да прашам. Имаат ли Македонците некои права во Албанија или кај другите соседи? Постои ли во нивните пописи можност да се прикажат Македонци или по кејф на Албанија се прикажуваат смешни бројки, непотврдени со никакви факти. Тоа е бегање од реалноста. Во меѓународното право, неизвесна и несигурна основа не е основа според која може да се бараат невозможни права во друга држава за своето малцинство, по реципроцитет. Кога би се изброиле Македонците во Албанија со демократски и нормален попис, кој може да тврди дека Македонците во Албанија се помалку од Шиптарите тука. Тогаш би се видела ужасната неправда извршена кон Македонија. Повторно да прашам. Имаат ли Македонците некои права во Албанија, па да имаат овие право да поставуваат невозможни барања кај нас?

Дојде време кога оние што не владееле ненормалното го претворија во нормално. Предавниците, лоповите, арамиите, лажовите, недокваканите, изродите, оние кои не оставија без минато и историја, продавачите на нашиот народ, на неговото име, знаме, честа, достоинството и неговото богатство, оние кои го избркаа народот на улица, го оставија гладен, без перспектива, оставен непризнат, како надвор така и тука, оние кои овозможија народот да биде избркан од своите вековни огништа, се ставија на чело да не водат и одозгора да ни ја полнат главата со будалаштини дека работат за наше добро. Македонскиот човек се убедува против самиот себе, а во корист на непријателските интереси. Несвесно се тежи да се смали неговиот нагон за сопственото одржување со едно национално, етичко и морално труење. Со смрдливи лаги се трујат наивните и невините души. Изопаченоста на вистината стана толку зла и јака што стана болест за разумот и очите.

Поради заразата на нацијата со морален фалш, донесена од тие што владееле, поради тоа што предавството, одродувањето, непријателството против својот народ стана нормална појава и зборот патриотизам изгуби секакво значење, изродите, селските интриганти, ситните национални измети, опиени од неказнетото, лесно стекнување на богатство и слава, почнаа да тргуваат со нашиот опстанок, правејќи српски и грчки испостави во црквата, ограноци на ДУИ во Источна Македонија итн.

НАТО, ОБСЕ, ЕУ, МКГ, организации на внуците на оние кои ја распарчија Македонија, кои не ни допуштија одбрана на татковината, слободата, независноста, одбрана на нашето достоинство и чест не го сакаат нашиот опстанок и тероризмот го покрија со лесниот збор демократија, човекови права. Вавилонската блудница ја зеде улогата на некогашна Турција во односот наш кон Шиптарите. Во време кога сите африкански народи се ослободија од империјалистите, ние во Европа потпаднавме во неоколонијализам. Онаа држава која не може да се заповеда самата, ја заповедаат другите. Отсуството на почитување на самиот себе предизвикува поплава на туѓи интереси. НАТО сака нашата национална одбрана да ја види, да ја доведе до симболика, со минимум оружје. Нам не ни треба ни НАТО, нити ние да влезиме во НАТО, нити тие да се играат со нас и да не прават ментално заостанати и да не тапкаат по рамо изигрувајќи пријателство. Гоце рекол: "Ние не бараме покровители, а уште помалку господари".

Разни белосветски будали, внуци на оние кои не расчеречиле, агенти и платеници на Грција, МКГ и на нашите непријатели ни подготвуваат стапица за да не обезличат, да не остават без минато и да ни докажат дека немаме никаква врска со антиката, со Александар, дека ние сме билка без свој корен.

Историското, досегашното минато не убедува дека демократијата за Шиптарите претставува слабост, а секогаш ние сме биле фатални губитници. Тие претпочитаат сила. Родовско-племенската сила била фактор за окупација, глодање на македонската територија во минатото кога Македонците не биле цврсто организирани и биле без заштита и прогонувани од Турците. Сила која може да ја запре таа чума е сила на организирана држава, силно МВР и силна АРМ. Заради тоа на Македонија & треба национална влада, како во сите соседни држави. Досегашните влади, кои среќно би умреле за своите лични интереси, отколку за својот народ, такво нешто не ги интересирало. Заради балансирање и одржување на власта донесени се ужасни проблеми од инородците со новите, неконтролирани и сомнителни државјанства. Проблемите на инородците станаа најважна преокупација на оваа држава, а за нашите егзистентни прашања нема место. За нас шиптарските неосновани барања станаа неподнослив баласт и тортура. Неприродно и залудно е да се држи една ваква болна ситуација за државата во сила, кога самата природа на тоа се противи. Легализиран е катализатор, стимулатор за распаѓање на државата. Од Рамковниот договор произлегоа разни невољи, несреќи, секојдневен криминал, убиства и разни збрки кои веќе никако не можат да се контролираат. Секоја половичност е видлив знак на внатрешно распаѓање. За опстанокот на нашиот народ, за нашето целосно обединување, треба да се искова нова заедница, надвор од сегашните големи партии. Во народот мора да се роди нова душевна преродба, воскреснување на македонската душа од гробовите. Слободата во ропство и тоа од едно малцинство е потешко од пекол. Еден народ кој не е предодреден да се бори за својот опстанок, тој порано или подоцна ќе изуимре. Владеењето на македонскиот народ треба да биде сурово и да уништи се што е против неговиот опстанок. Македонија има силно, неотуѓиво, елементарно, морално, меѓународно право на борба за свој опстанок. Оној што тоа не го разбира, не сака да го сфати и не сака во тоа да верува, тој никогаш на овој свет не може да биде национално корисен и да помогне за интересите на Македонија.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"