нтичко-македонското етничко
потекло, како свое етничко потекло, го прифаќале и водачите на славното
македонско Кресненско востание. Така на пример во Уставот на Македонскиот
востанички комитет од 1878 година, кој го организирал и подигнал ова
востание против турската окупација на Македонија, помеѓу другото, пишува:
"Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја
пролеавме по планините и горите македонски, ние служиме како Македонска
војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза: Смрт или
слобода!" (цит. според Блаже Ристовски).
ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ И ПРИВРЕМЕНАТА ВЛАДА
Големиот македонски писател и револуционер Ѓорѓија Пулевски исто така
пишувал дека Македонците имаат античко-македонско етничко потекло. Ќе
наведеме извадок од неговата поема "Самовила Македонска" од 1878
година:
"Дал сте чуле, Македонци, стари људи оти говорат:
Од Македонци појунаци над них не било -
Цар Александар Македонски триста лета пред Христа
со Македонци сву вселену повладал...
Ево днеска в македонској кралевини наши браќа тужат
зашто само назе под ропство оставјат
зато и мие хоштеме своју домовину...
Браќа наши Македонци од православна вера,
да се сви сложиме, јуначки бориме,
како наши стари под цар Александром,
повтор спомен своим имам по нас оставиме!
Историју стару да оживиме."
Ѓорѓија Пулевски, во 1878 година, во врска со Македонското востание
против турската окупација на Македонија, напишал:
"Со Бога напред, напролет ќе удриме на Турција сите ние синови
славомакедонски. Или сите ќе изгинеме, или повторно ќе го издигнеме
царството на Александар Македонски!" (цит. според Блаже Ристовски).
Ќе наведеме и извадок од Манифестот на илегалната Привремена влада на
Македонија, објавен во април 1881 година:
"Македонци,
Нашата мила татковина Македонија некогаш била една од најславните земји.
Македонскиот народ ги удри првите темели на воената вештина и со своите
победнички фаланги и со Аристотеловата вештина го цивилизира човештвото. Но
таа, некогаш толку славна наша татковина, денес е на прагот на својата
пропаст поради нашите грешки и поради заборавот за нашето потекло. Туѓи и
сомнителни народи сакаат да ја земат нашата земја и да ја уништат нашата
народност, која светејќи со таков сјај, не може и никогаш нема да пропадне!...
Вистински Македонци, верни деца на татковината! Зарем ќе трпите нашата
мила земја да пропадне? Погледнете ја како во ропството е покриена со рани
што и ги направиле околните народи. Погледнете ја и видете и ги нејзините
тешки синџири што
!...
Македонци, сетете се на Вашето потекло и немојте да се откажувате од него!'"
Членови на оваа илегална влада и потписници на овој повик биле
истакнатите македонски национални дејци од крајот на 19 век: Васил Симов,
Петро Јованов, Христо Ѓоргов, Никола Трајков и уште еден, по име Коста.
Блиски со оваа влада биле и македонските национални дејци: Л. Вулгарис (кој
дејствувал и во Атина и кој подоцна бил уапсен од Турците во Солун) и Васил
Дијамандиев (кој поради својата дејност бил уапсен во Пловдив од бугарската
полиција и спроведен на распит во Софија). Оваа влада одржала и Национално
собрание на кое присуствувале вкупно 32 делегати речиси од цела Македонија.
Во Протоколарното решение што притоа било донесено, меѓу другото, се барало:
"Од сите заинтересирани влади да биде побарана реставрација на античка
Македонија. Ќе се упати и повик до сите љубители на слободата и од сите
родољубиви мажи ќе се побараат благородни жртви".
Заради дејствата на Привремената влада и заради нелегалното уфрлување на
македонски чети во Турција, Грција и Бугарија ги затвориле своите граници
кон Турција.
ДРУГИ СВЕДОШТВА ЗА АНТИЧКО-МАКЕДОНСКОТО СОЗНАНИЕ
Во контекст на сето ова би можеле да ја цитираме и малку познатата изјава
на познатиот македонски поет и писател Глигор Прличев, кој е еден од многуте
наши преродбеници што грчките и бугарските пропагандисти сакаат да си ги
присвојат. Па, еве што изјавил лично Глигор Прличев во 1885 година во Солун,
по повод 1000-годишнината од смртта на свети Методиј:
"Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот
Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка
Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви
синови, во иднина ќе роди и други како нив... Ќе произведе уште многу
Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и
столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!" (цит.
според Блаже Ристовски).
И покрај влијанието на грчката и на бугарската пропаганда, под кои
попаднале македонските собирачи на народни умотворби браќата Миладиновци во
тие бурни времиња на национално себенаоѓање, малку е познато дека Димитар
Миладинов покажувал голем интерес кон историјата на античките Македонци. За
една негова полемика со еден Грк, сведочи лично писателот Рајко Жинзифов,
кој во врска со ова запишал:
"Пред доказите на Миладинов, Гркот замолча. Тој му зборуваше на Гркот
не само за денешните Македонци, туку и за древните Македонци на Филип и
Александар..." (цит. според Блаже Ристовски).
Во една статија објавена во весникот "Македонија", што тогаш
излегувал во Русе (Бугарија) во 1888 година, од автор кој се потпишал само
со иницијалите К.Г., пишува:
"Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде
што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување
под власта на тогаш моќната Турска империја... Денес, секој Македонец, кога
го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар
Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на
Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој
Македонец како национална гордост!" (цит. според Блаже Ристовски).
За големиот македонски преродбеник Исаија Мажовски античките Македонци и
Словените претставувале потполно ист народ. Еве што, помеѓу другото, изјавил
во неговиот говор одржан на бродот Рицар, за време на пловидбата по Дњепар,
Русија, во 1888 година:
"Многупочитувани господа, македонскиот народ е словенски народ од пред
2600 години, кој бил доведен во Македонија од царот Каран, кој, исто како
Филип и Александар, бил чист Словен..." (цит. според Блаже Ристовски).
Неколку години по говорот што го одржал Мажовски, Ѓорѓија Пулевски во
1892 година ја објавил својата "Славјаномакедонска општа историја",
во која за Македонците запишал:
"Македонците се староседелци на Полуостровот. Тие го пречекале
доселувањето и на Бугарите и на Грците и на Србите". (цит. според Блаже
Ристовски).
Славата на македонскиот цар Александар Македонски не ги заобиколила ниту
македонските национални дејци од крајот на 19 век, наречени лозари.
На еден нивен таен состанок, што се одржал на 19.06.1889 година во хотелот "Конкордија"
во Софија, на кој, помеѓу другите присуствувале и: Коста Шахов, Димитар
Македонски, Г. Георгиев, И. Шумков, Ножаров, браќа Иванови, Ќузлиев,
Мандушев и други, било дискутирано околу преземањето на натамошни
активности, па во таа смисла значаен простор и бил отстапен на дискусијата
за Александар Македонски.
Подоцна лозарите биле жестоко напаѓани од страна на бугарските весници, а
посебно од публицистот Левов, кој во својата статија, објавена во април 1892
година, ги обвинил лозарите дека биле сепаратисти, кои себеси се нарекувале
како Македонци и кои тврделе дека (цитат): "... Македонија била нивната
татковина и дека таа е одделна словенска држава, чие минато е покриено со
блесок, особено во времето на Филип и Александар Велики..." (цит. според
Блаже Ристовски).
Ако го спомнеме и фактот дека блиски до лозарите биле и: Гоце Делчев,
Даме Груев, Христо Матов, Иван Хаџиниколов, Петар Поп-Арсов и другите, ова
сведоштво има уште поголема тежина.
Во 1894 година, Петар Поп-Арсов објавил брошура, во која критикувајќи ја
бугарската пропаганда во Македонија и конкретно Бугарската егзархија, помеѓу
другото напишал:
"Порано златото на нашиот земјак Филип ја поткупи разединетата атинска
интелигенција и ја пороби Грција, а сега дојде друго време со сосема
спротивни услови - братот брата си го продава". (цит. според Блаже
Ристовски).
Античко-македонската традиција не го заобиколила ниту Марко Цепенков, кој
во една сопствена творба од 1899 година запишал:
"Помислете Вие, мили чеда:
за велика цара Александра
што се слави и до ден денеска!"
(цит. според Блаже Ристовски).
Рускиот славист и македонист (инаку роден Бугарин) Петар Драганов, во
1900 година во врска со античката македонска историја изјавил:
"Дали Русите треба да се радуваат или да жалат во врска со тоа што во
Македонија го издигнува својот глас тамошното староседелско население што си
се нарекува себеси со старинското име Македонци? Според нашето лично мислење
праведно би било барем морално да се поддржи ова многубројно племе што
зборува на посебно словенско наречје и си има своја стара историја, не
помалку интересна од историјата на Бугарите и на Србите..." (цит. според
Блаже Ристовски).
(Продолжува)