ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Репрезентативна македонска свеченост

СВЕТИ КЛИМЕНТ ПРОСЛАВЕН КАКО НЕБЕСНА СВЕТЛИНА

Пишува: Драган ЗАФИРОВ

  • Во Храмот на Свети Климент Охридски во Скопје се одржа главната свеченост во земјата на која раководеше Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан со свештеници од Скопската епархија.
  • Новото Средно верско училиште - македонска богословија "Свети Климент Охридски" со целиот свој сјај ќе ги подготвува новите кадри на свештеници.

Осми декември 2002 година лето Господово. Во катедралниот Соборен архиепископски храм "Свети Климент Охридски" во Скопје камбаната - епитет на еден голем небесен цвет - како сончев блесок го украси овој креативен и боженствен храм. Се претвори во оаза на света православна христијанска македонштина.

Се почна со осветувањето на новата македонска богославија која го носи неговото име и ја замени старата зграда. Сега стана вознесен духовен центар со сите делови на еден модерен и современ училишен дел.

ТЕОЛОШКА АКАДЕМИЈА

Новото Средно верско училиште - македонска богословија "Свети Климент Охридски" со целиот свој сјај ќе ги подготвува новите кадри на свештеници. Тука ќе биде часовникот кој ќе ги одвезе овие млади верски следбеници во нивното понатамошно усовршување на македонската Теолошка академија - Факултетот. Со една свеченост и беседа на деканот, владиката г. Агатангел го покани Поглаварот на МПЦ, Неговото Блаженство г.г. Стефан кој го предаде училиштето во употреба за учениците. Ова беше една убава и пријатна верска прослава во присуство на гости, ученици, свештеници и архијереи. Пред свечениот чин се одржа богослужба во храмот "Свети Спас" во Драчево.

БОГОСЛУЖБА

Веќе наредниот ден, во вечерните часови во Соборниот храм "Свети Климент Охридски" се одржа богослужба во чест на празникот и свечената академија која не го доби својот епилог поради неоправданата грешка за две венчавки кои можеа да бидат одложени. Оваа постапка е неодговорна и не смееше да се одржи токму на оваа важна свеченост на академијата.

Феноменално пееше црковниот хор со неколку песни од светата литургија. Беседата што ја одржа Митрополитот г. Кирил беше мошне силна и остави место за големото Светиклиментово дело и беседникот не пренесе во тајните на зборот, не пренесе во различната наша богата црковна македонска историја.

Старешината на Соборниот храм, протојереј отец Ѓорѓи Кацарски, даде се од себе да биде денот и празникот најсвечено прославен и така ќе се памети оваа година, овој свечен чин во кој нашата МПЦ беше главниот домаќин и овој голем македонски празник да си го заземе највисокото духовно-црковно место во земјава.

Климентова прослава се одржа и во древниот Охрид во кој Климент со своите ученици ја изврши целата своја света мисија со Свети Наум. Место каде што се соѕида охридската автокефална архиепископија. Токму во Охрид каде е светилиштето и моштите погребани во светиот Плаошник. Во Храмот на Свети Климент богослужбата ја водеше Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј со свештеници од охридските цркви. На оваа богослужба се одржа и беседа за Климентовото дело и во полниот храм најсвечено беше презентирана одредената програма и богослужбата посветена на овој голем ден си го зазеде и своето видно место.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"