| |
ИНТЕРВЈУ
Проф. Иван Бабановски, автор на книгата "ОНА - терористичка паравојска во
Македонија"
МОРА ДЕФИНИТИВНО ДА РАСЧИСТИМЕ СО СИТЕ БАНДИ
Разговарал: Мишко ТАЛЕСКИ
- "Државата без правда не е ништо друго, туку една голема организирана
разбојничка дружина".
Св. Августин
- "Силните ги победува срамот, а слабите стравот".
мадагаскарска народна поговорка
- Со крв и барут под знамето на марксизмот, ленинизмот или Алахот се
уриваат сите демократски институции со цел да се оствари фашистичка
идеологија.
- Албанската мафија како балканска криминална супер-сила не е само
опасност за Македонија, Балканот и Европа, туку и за светот во најшироки
рамки.
В о изминатите десет броеви
на неделников течеше фељтонот посветен на најновото дело на професор Иван
Бабановски насловено како "ОНА - терористичка паравојска во Македонија".
Вниманието на читателската публика беше очекувано големо пред се поради
материјата која овој истакнат македонски публицист и аналитичар ја
разработува на околу 400-те страници колку што содржи трудот.
Бабановски својата богата публицистичка дејност ја започнува уште во
далечната 1982 година издавајќи го делото "Југославија како објект на
специјална војна" во кое аргументирано ги презентира добиените сознанија за
атакот кој на разноразни начини е вршен врз тогашната југословенска
федерација од повеќе светски центри на моќта. Големо внимание привлекува и
книгата "Петта колона", но вистинскиот бестселер доаѓа во 1990 година
насловен накусо како " CIA".
Голем дел од неговите пишувања во ова дело по седум или осум години се
обвистинија и станаа реалност. Во 90-тата година, кога е издадена книгата,
се уште творевме и живеевме во братска Југославија со надуени национални
страсти, но тогаш Бабановски како завршница на делото ќе запише: "ЦИА работи
на Косово...". И оставил три точки. По цели 12 години инспириран од
последните балкански случувања и посебно во Македонија ја разработува и
паравоената ОНА. Но, и во оваа книга на крајот стави три точки, бидејќи
работите веројатно се уште не се завршени.
СТАРИ СЦЕНАРИЈА - НОВИ АКТЕРИ!?
МС: Професоре Бабановски, поминаа неколку месеци од промовирањето на
Вашето последно дело од кое нашите читатели во изминатите десет продолженија
можеа во куси црти да ја запознаат најзначајната содржина од него. Дали
книгата ги постигна очекуваните ефекти кај јавноста?
БАБАНОВСКИ: И покрај обидите книгата да се премолчи и да се навлече
темен превез врз неа, сепак таа го наоѓа својот пат до читателот во
Македонија, не само меѓу Македонците, туку и меѓу чесните Албанци кои во
крајни релации се и ќе бидат најголемата жртва на овие апсурдни терористички
акти вперени против една суверена држава, членка на ООН и партнер на сите
асоцијации на обединета Европа. Книгата се чита во различни социјални
структури со сочинување листа на чекање. Ги иницираше одделни странски
медиуми да & дадат публицитет со цел да го разоткријат болното ткиво на
демократската европска и светска јавност. Фељтонот кој беше многу успешно
презентиран преку страниците на "Македонско сонце" предизвика голем интерес
меѓу Македонците од дијаспората. Еминентни членови на невладини организации
присутни на просторот зафатен со воените дејствија и познати воено-политички
аналитичари побараа, остварија и најавуваат нови контакти за размена на
сознанијата во врска со наредните планови и активности на наркомафијашките и
терористичките групации кои се на Косово, Јужна Србија, Македонија, Бугарија,
Грција...
МС: Каде ја наоѓате генезата и корените на балканските трагедии кои се
уште не дошле до својата завршница? Кои се идеолозите и налогодавците?
БАБАНОВСКИ: Во организираната терористичко-криминална дејност на овие
простори сценариото се темели врз политичката и идејната платформа на Првата
призренска лига од 1878 година, што значи дека повеќе од 120 години се
менува само декорот и костимите на актерите, а суштината останува иста. Со
крв и барут под знамето на марксизмот, ленинизмот или Алахот се уриваат сите
демократски институции со цел да се оствари фашистичка идеологија. За жал,
носителите на овие злосторнички определби постојано ги менуваат спонзорите и
играат во разноразни претстави со трагични завршници кои ќе бидат најпогубни
токму за Албанците кои се уште живеат како во времето на Арнаутите и
Бајрактарите... И во периодот кога врвните интелектуалци во Европа
настојуваат да ја оживотворат големата желба на француските револуционери и
на Виктор Иго за создавање на обединета Европа под мотото "Европа на
Европејците", албанскиот фактор се користи како тројански коњ од страна на
албанско-вашингтонското лоби кое интензивно дејствува против интересите на
ЕУ. Во ваквата политика, свесно или несвесно, се втурнати и одделни
македонски државни и политички личности. За чии интереси работат тие? За
македонските и европските сигурно не.
МС: Мошне конкретно пишувате за актуелните случувања во државава и
пошироко. Оперирате со имиња, датуми, прецизни локации. Кои се вашите
најнови сознанија за наводните нови раздвижувања и сценарија за претстојната
2003 година?
БАБАНОВСКИ: Најголема активност пројавуваат структурите на тајните
служби од САД, Европа и регионот. Секако, приматот го има албанската
разузнувачка служба и нејзината агентура во Македонија, Југославија,
Романија, Бугарија, БиХ и Грција. Оперативците на
SHIKS делуваат во повеќе центри со
седишта во овие земји. Особена активност пројавува центарот сместен во
Амбасадата на Албанија во Скопје. Покрај организационото поставување на
мрежата и нејзино пенетрирање во сите ќелии на државата, оперативците на
SHIKS настојуваат
да остварат пријателски контакти со ЦИА, БНД (германска служба), ЦИЕ (романска
служба) DST (француска)
и SISMI (италијанска
разузнувачка служба), како и со репрезентите на тајните служби на Иран, Ирак,
Турција и Саудиска Арабија. Постои огромно раздвижување и меѓу албанската
емиграција на Запад и активирање на албанско-американското лоби на чело со
Џозеф Диогарди, Клојс Ширли, Роберт Фровик, Роберт Дол кој е основач на
албанско-американската лига AACL.
Меѓу сите овие се издвојува и Џејмс Трафикант кој во 1984 година е избран
во Конгресот. Во времето на потполна власт на Реган, Трафикант е
единствениот демократ во САД што победува против републиканец во таа година.
Претходно станува шериф на Махонинг, но со пари од мафијата. Во февруари
2000 година извршен е претрес во неговото биро во Конгресот, а во
FBI се зборува дека
Трафикант наскоро "ќе падне" исто како и Ал Капоне - поради затајување данок.
Но, зошто го споменувам овој човек? Трафикант е непомирлив борец за каузата
на ОВК во американскиот Конгрес. Тој постојано велеше: "Америка мора да ја
вооружи ОВК! Да се признае независноста на Косово!". Овој конгресмен
отворено се залага за самостојност на Косово. По приемот кај албанскиот
Премиер пред 3 години тој скандалозно изјавува дека Владата од Тирана е
премногу мека и не се залага отворено за независноста на Косово. Трафикант
најави дека наскоро пред Конгресот ќе поднесе Предлог-закон за поддршка на
независноста.
"УНИШТУВАЧИ НА СОЖИВОТОТ"!?
МС: Очите на светската јавност се свртени кон Блискиот Исток. Се очекува
американски напад врз Ирак. Во каква ситуација ќе се најде Балканот во тој
случај? Дали меѓународната заедница ќе го има истиот пристап кон нас? Што би
очекувале?
БАБАНОВСКИ: Како прво, ќе бидеме релаксирани во жестоката медиумска
кампања во смисла на спроведувањето на Рамковниот договор. Одделни
криминално-злосторнички групи кои активно учествуваа во терористичките акции
против Македонија (со или без благослов на албанските партии) повлекувањето
на американскиот состав од "Сојузничката хармонија" можат да го протолкуваат
како идеална можност за започнување на нови вооружени дејства со цел
остварување на максимилистичките аспирации, поточно речено создавање голема
држава на Албанците. За тоа впрочем говорат и информациите кои свесно се
пласираат од страна на позначајните тајни служби во Европа со цел да
предупредат на можноста од загрозување на опстанокот на Македонија и на
поширко нарушување на воената и безбедносната состојба во Европа. Ако веќе
се најавуваат некакви акции на АНА и која било друга вооружена формација,
тогаш сосема е нормално и оправдано државните структури во Македонија
благовремено да се подготват за дефинитивно и целосно разбивање на
носителите на овие криминално-злосторнички и терористички активности
насочени против интегритетот на земјава. За тоа имаме морален, политички и
воен потнцијал. Лично сметам дека на тој начин ќе & помогнеме на Европа да
ја зацврсти и сопствената безбедност.
МС: Имплементацијата на Рамковниот договор оди бавно. Радикалните
компоненти се закануваат со нови насилства. Очекувате ли Брисел и Вашингтон
да им дадат зелено светло на безбедносните ресори за елеминирање на условно
речено "уништувачите на соживотот"?
БАБАНОВСКИ: Лично сметам дека ќе биде поздравено секое легитимно
настапување на инструментите на една суверена држава против нелегитимните
паравоени формации. Сметам дека на тој начин ќе биде уништен и наводниот
политички кредибилитет на партнерот во власта - ДУИ. Според мене, но и
според голем број воено-политички аналитичари во светот, претставниците на
ДУИ, нешто слично на партијата на Хашим Тачи на Косово, го немаат
кредибилитетот меѓу албанското население којшто сакаат да го наметнат со
фалсификуваните изборни резултати. За тоа говореа и првенците на другите
албански партии. Тоа само на некои монитори на меѓународната заедница не им
беше видливо и им остана непознато. Како поткрепа на моите оценки го
наведувам ноторниот факт што актуелната македонска власт не функционира на
целата државна територија па оттука се случуваат насилнички акти кои го
нарушуваат оживотворувањето на Рамковниот договор. ДУИ како политичка сила
не може врз тоа да влијае. А што да кажеме за киднапираните и исчезнатите
македонски граѓани - Македонци и Албанци? Зошто првенецот на ДУИ не покаже
политичка мудрост и зошто не го оствари разрешувањето на овој проблем кој
жестоко го нарушува враќањето на нормалниот живот во завојуваните подрачја?
Дали поради тоа што смета оти на виделина ќе излезат тешките обвинувања за
неговата лична одговорност во сите овие злосторства?!
Дали сега на наивните македонски политичари, не полицајци, им е јасно кој
и зошто ја нападна и ја напаѓа Македонија, кој и зошто ги создаде ДУИ, НДП и
ДПА и идните инстант и портабл етноалбански мафијашки партии на просторите
на оваа земја и тоа само како филијали, експозитури, клонови и шалтери на
тајните служби на Албанија и протекторатот "Големо Косово" со
административен и политичко-криминоген центар во Бондстил? Со еден збор,
албанската мафија како балканска криминална супер-сила не е само опасност за
Македонија, Балканот и Европа, туку и за светот во најшироки рамки.
МС: Професоре Бабановски, важите за еден од најголемите професионални
познавачи во разузнувачката област. Впрочем, тоа го потврдуваат децениите
поминати во оваа по малку атрактивна, но и истовремено ризична работа.
Своевремено, нам добропознатиот Сем Вакнин ќе рече: "Бабановски е најдобриот
познавач на приликите околу ОНА и случувањата во земјата". Оттука, кои се
Вашите размисли околу чекорите кои треба да се преземат за конечно
стабилизирање на земјава?
БАБАНОВСКИ: За стабилна безбедност на нашата држава во овие хаотични
и зовриени состојби на мега-тероризмот треба постојано и квалификувано да ги
осознаваме и откриваме изворите и носителите на непријателската дејност и
успешно да ги оневозможиме во нивната дејност. Подеднакво мора да ги
разоткриваме оние сили кои дејствуваат како туѓа агентура, како петта колона
и работат на уривањето на државата во интерес на одделни туѓи политики и
платформи, но и да се сигнализира на некомпетентноста и непрофесионалноста
на политичките структури и неодлучноста на државниот врв. Република
Македонија стана единствен случај во историјата на човештвото во кој
мнозинството е негирано и под притисок на малцинството. Затоа мора народот
веднаш да се исправи, да смогне сили и храброст да ги елиминира сите
предавници, криминалци, кариеристи и злобници прво во редовите на
македонскиот народ, а потоа и оние злосторници што во спрега со
белосветските убијци и криминалци под знамето на Алахот и НАТО работеа во
името на профитот. Да се прочисти овој здивеен Балкан од сите зла што од Ное
до денес сме дозволиле да се котат како троскот врз неораните ниви. Мора
неодложно да изградиме долгорочна стратегија за одбрана на националниот и
државниот интегритет од два аспекта. Прво, одбрана на националната посебност
и самобитност, одбрана на јазикот и писмото, одбрана на националните симболи
и белези, заштитата и зачувувањето на духовниот капацитет на македонскиот
граѓанин од македонско потекло без разлика каде живее, во земјава или во
дијаспората и продолжувањето на културниот идентитет на македонските
цивилизациски вредности како основа на функицонирањето и опстојот на
македонската држава. И второ, зацврстување, чување и развивање на
територијалниот интегритет и државниот суверенитет на новата членка на
универзалната светска заедница ООН - Република Македонија.
|