ворецот на небото и земјата,
Царот на се што е живо на земјата, нашиот Бог, Татко, Отецот, она што го
створил за живот на нашата планета, благосостојбата на човекот и неговиот
живот, не го дал само за еден, само за една група, држава, луѓе...
Неговата цел била создавање на потомство спрема неговиот лик и дело. Но,
како што кажува Светото Писмо, конците ги замрсил еден (но, по се изгледа
вреден) отпадник - сатаната, ѓаволот, кој се спротивставил на Божјата теза и
волја.
Последица на тоа е денешната светска состојба која вели: "Господ Бог
постои, ѓаволот владе" (но, не за долго). Случувањата во Светото писмо и тоа
го зборуваат...
Што се однесува до РМ и таа не е исклучок од разни ѓаволштини, далавери,
профитери и жонглери...
Десетгодишното владеење на нашите и туѓите демонски сили од Македонија
направија едно бедно, ништожно, ѓаволесто суштество, анемично, заразно на
мито, корупција и девијации.
Едноставно, суштество без душа и карактер. Кој го направи тоа? Кој го
тероризира овој народ? "ОНА", "АНА", "баба Јана" или пак "тетка Стана" (Бог
душа да & прости)???
... Овој народ го тероризираат разни и безобразни: фарисеи, судии и јуди,
патриоти (големи и мали), но сите луди. Овој народ го терориризираат
адвокати и дипломати, царинари и новинари, полицајци и милицајци, далавери и
профитери, саботери и жонглери... Овој народ го тероризираат и пиромани и
наркомани, добрани од сите страни, цинкароши и кодоши...
Овој народ го тероризира "душман - држава"!!!
Може ли од оваа "душман" да биде "душа" држава? Се разбира може и треба!!!
Треба и мора да & се вдахнови дух на мртвата душа, онака како што нашиот
Творец на небесите и земјата, нашиот Отец му вдахнал живот на првиот човечки
пар...
Треба и мора батко Бранко и неговите "апостоли" да тргнат по Божјите
принципи, да & дадат душа на нашата држава... Потребно е судството и
полицијата да го спроведуваат Кодексот на нивните функции, а не како досега
одбрана на близок или платен интерес. Кај овие башибозук-институции ќе биде
и најтешко да се пробие промената на статус квото и правото кое самите си го
дозволуваат.
Криминалот и корупцијата Македонија ја доведоа на работ на опстанокот...
Меѓународниот суд за човекови права од поодамна ги опомена нашите фарисеи,
судии и јуди дека државата го нема карактерот на европскиот дух.
Претходната власт баш напротив работеше на дезинтеграција и распарчување,
економско уништување на државата. Ако сето тоа остане неказнето, невратено
од кражби и арамилак (како што велат од собраниската говорница сегашните
министри), тогаш ќе се види иднината на сегашноста. Тероризмот е последица
на нефункционирање на правната држава. Сиромаштијата е нефунционирање на
правото. Економијата е последица на бездушност на правниот дел на државата.
Значи, основа за развојот на социјалниот, економскиот подем на државата е
функцијата на правото! Правна држава, па потоа економски, социјален и
безбедносен систем.
Доколку Македонија имаше "душа", ќе ја немаше ни "ОНА" ни "АНА", а можеби
ќе беше жива и тетка Стана, како и сите невини жртви на ѓаволштината.
Батко Бранко и батко Хари имаат и ќе имаат тешка работа, но тоа може да
биде и полесно доколку на "башук-буљачкото" судство и полиција им се каже:
стоп - батки. Отсега ќе биде како што треба да биде. Нема повеќе
полицаецу Дине да го браниш рекетерот Горан, зашто ти е братучед, а ти
полицаецу Дејан немаш право да го браниш соседот Гоце од кривична пријава,
зашто со другарите не еднаш напаѓале разни лица и граѓани без повод...
Судија Соња ќе судите по Божјото Слово, ќе ги закажувате и решавате
предметите (без чување во архива). Ти судија Микеланѓело (бре што убаво име
имаш), уште така добро да судиш. Во спротивно за сите вас, ви нема спас.
Да го потсетам батко Бранко на неговиот слоган, односно слоганот на
предизборниот настап на неговата елита: "Со разум Македонија мора да успее",
"Македонија во срцето".
Јас би додал: Со разум, ама без емоции се води државата, во срце
Македонија ќе биде на секој граѓанин, ако & се врати душата.
Македонија треба да живее!!!