ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Како ќе го пречекаме новото лето Господово

НОВОГОДИШНИ СВЕТЛИНИ ЗА МИРОТ

Пишува: Драган ЗАФИРОВ

  • Новата година е еуфорија. Но, за жал токму ова Нова година наместо да се слави во еден полн мир, над неа се новите мрачни сенки и облаци на војната.
  • Целиот наш главен град, Скопје во овие светли денови, сите населени места во земјава ќе бидат во божествена и новогодишна радост. Прекрасно уредени декорирани и осветлени, со многу луѓе, со програми, концерти, весела музика.

Пред нас е почетокот на календарската Нова 2003 година. Тоа е новото лето Господово по новиот календар, иако ние православците ја славиме Василица, православната Нова година,14 јануари, по стариот календар. Сепак, календарската Нова година е фактор за новото лето, бидејќи целиот свет, па и нашиот православен во целата вселена ја слави оваа нова календарска година. Тоа е превез на едно време кое со целиот свој духовен и материјален механизам го одбрала овој чин на славење од многу објективни причини кои им ги наложија условите на овие нови времиња. Тие го поврзаа целиот живот во една компонента и таа се претвори во сета своја динамичност поради животниот процес, кој го одбрал овој начин како комуникација за сите народи.

Оваа календарска Нова година со животен чин кој се собрал со една бурна плима обременета со сите свои обоени финеси, како еден глобален проект, дека само така ќе можеме да го претвориме ова ново лето како заедничко мерило, заеднички живот, оти тоа го налагаат времињата, дека новиот календар најдобро одговара на овој нов свет. Оти почетокот на оваа Нова година и поради карактерот и новото темпо на овој наш голем свет е со повеќе верски размисли, а во тоа спаѓаат и сите вероисповести од сите страни на оваа планета. Само така се смета за единствен начин да се постигне тој вистински колективен премин кон потребите кои ги налага ова ново време. Сите ние денес се подготвуваме блескаво и со големото славје го пречекуваме новото 2003 лето Господово.

ВОЛШЕПСТВО

Да ја погледнеме целата оваа наша планета без разлика на верските конфесии. Сите народи се определиле оваа Нова година да помине со обединето славање и радост. Токму затоа целиот свет е во една трескава магија и со полно волшебства, со богати бои на украсувањето. Новата година е еуфорија. Но, за жал токму ова Нова година наместо да се слави во еден полн мир, над неа се новите мрачни сенки и облаци на војната. И овојпат човекот е склон кон тероризмот и парадоксалната гнилост на едно безумие оти токму тој овде не си ја покажал својата блескавост на разум, ниту го положил испитот како народ и човек. Го заборавиле Господа и неговите пораки и благодетите. Само мирот е најголемата светлина и сонцето за љубов и разбирање. Така ќе биде оваа Нова година.

СЛАВЈЕ

Радоста на светот - Божиќ, католоците и сите христијани од разни верски конфесии кои се раководат по овој календар, во вторникот на 24 декември вечерта во своите храмови го прославија раѓањето на Спасителот. Така и во црквата "Срце Исусово", катедрален храм на католиците во Скопје, се одржа голема Божиќна литургија со која раководеше бискупот скопско-призренски Јакоб Хербут со свештенство и придружни ученици кои заедно со прекрасниот хор ги пееја убавите божиќни песни. Храмот беше преполн со верници и многу гости. Божиќната порака беше упатена од бискупот господин Хербут на повеќе јазици. Целиот овој амбиент - биењето на камбаните го красеше волшебно адаптираната пештера и сите придружни реквизити кои ја обележуваа пештерата, малиот Исус, мајката Марија и стариот Јосиф. Во храмот соборен и катедрален "Срце Исусово" во оваа светла вечер по новиот календар витлеемската звезда блесна. И така нашите браќа и сестри од католичката вероисповед го славеа Божиќ - празник за сите нивни верници во кој беа и многу други гости од христијанскиот свет и од тие кои го слават православниот Божиќ од православната источна црква. Честитки им беа испратени од претседателот на Собранието од други претставници и амбасадорите и дипломатскиот кор.

Целиот наш главен град, Скопје, во овие светли денови, сите населени места во земјава се во стил на божествена и новогодишна радост. Прекрасно уредени, декорирани и осветлени, со полно луѓе, со програми, концерти, весела музика, се во исчекување на пречекот на Дедо Мраз за децата. Ќе има и новогодишна трпеза каде граѓаните ќе можат да купат и да се нагостат со разни продукти. Ќе има лотарија, среќници, сите овие волшебни часови ќе треперат со целиот свој сјај. Тоа ќе биде прославата за Новата 2003 година. Радост и славје во ова време среќно, време тешко, сиромашно и тажно и богато.

Нека ни е среќна и бериќетна новата 2003 година. За многу лета.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"