БОЛНИ УМОВИ!
Читаме - во Виена на еден пациент му бил пресаден јазик. Арно ама, се
прашуваме дали на нашиве "притаени - припитомени вжештени глави" може да им
се пресади мозок? Зошто?! Саде ум им тече низ уши. Од нивните умствени
изреки боледуваме. Тие постојано, во континуитет, ни садат крајно
згрозувачки слики за новата шема на албанско-македонските односи во земјава.
Но, тоа не се нови сигнали, туку стари пораки кои одвреме навреме се
појавуваат, а потоа исчезнуваат. Нивната цел секогаш е иста, остварување на
сонот – "Голема Албанија".