http://www.cpa.si/pella.html

12.12.2007

Пелла гостуваше на мегународниот етно Carol festival vo Sedbergh, во
покраината Cambrija, во средниот дел на Англија.

Турнеата ја започнавме со целовечерен концерт на 29. 11. во Camridg, во
катедралата св. Лука, во која Љубен Димкароски одржа и семинар за
македонска и словенечка музика, кои беше одлично посетен. На семинарот
англичаните имаа можност, да се запознаат со дел од македонската историа и
се учеа македонски народни песни: Учи ме мајко, карај ме, 1762 лето, и
словенечката песна: Побелело поле овцама. Интересот беше на високо ниво и
во целост ги научија овие песни.

На целовечерниот концерт изведовме 20 музички композиции, а по бурните
аплавзи, додадовме уште неколку.



Во петок, 30.11. настапивме во градот Дент заедно со so Glsadly Solemen Sound
choir, со која одржавме целовечерен концерт во преполната дворана. По
концертот по нивниот обичај “Пелла” настапи со краток програм во Georg &
Dragon pubu.



Во Седберг на 1.12. Qубен Димкароски одржа уште еден семинар на македонска и
словенечка народна музика, во која и по обширно зборуваше за македонската
историја. Предаванјето траеше три часа. Мегу посетителите имаше и слушатели
од Шкотска. Со практични примери на групата “Пелла” успеавме, да ги научиме
неколку македонски ин неколку словенечки песни. Присутните на семинарот беа
хорски водители кои знаенјето што го стекна на семинарот ке го пренесат во
своите хорови. Истиот ден соработувавме на семинарот со West Gallery Carols,
на кои пеевме македонски и словенечки народни песни. Македонското оро
посетителите го учеа под водство на Весна Младенова – член на групата
“Пелла”.



На 2.12. традиционален настап покрај водопадот на Sedbergh.



Наредниот ден ни беше во голема чест да го посетивме училиштето во Sedbergh и
на децата му запеавме неколку македонски песни и ги научивме една словенечка
успаванка. За возврат повеке од двеста деца не обдариа со неколку песни.
Истиот ден во центарот за изучување на странски јазици имавме краток настап
за слушателите на италијанскиот јазик. Во црквата св. Јанез во Lancaster
одржавме целовечерен концерт на македонски и словенечки песни.



Квартетот “Пелла” заедно со градскиот хор на Sedbergh имаше настап во Lake district на 4.12. Дел од настапот го снимаше BBC. Краток настап по нивната
традициа одржавме и во Kendal pubu.



Со гостуванјето во Англија имавме можност публиката и слушателите да ги
запознаеме со нашите културни дострели. Задачата која си ја зададовме да ја
афирмираме Македонија и Словенија во Англија ја изполнивме во целост а со
тоа ги градиме мостовите на пријателства и културни соработки мегу народите.
Срдечните честитки од страна на публиката по завршените концерти беа потврда
за разлог на радост. Посебно се радувавме на крајот на семинарите кога од
устите на англичаните ја слушнавме македонската и словенечка песна. Новите
пријателства, отвориа нови патишта и веке имавме разговори за нови
гостуванја.



Членови на групата “Пелла”: Љубен Димкароски, Метода Постолски Кошир, Весна
Младенова и Мајда Кушар Пездирец.


ЗА МАКЕДОНИЈА........